Марио Гомез - класичен напаѓач, нешто слично на големиот Лука Тони. Освои Бундеслига со факинг Штутгарт, фудбалер на годината. Нормално после прави трансфер во Баерн каде освојува уште два пати Бундес, плус ЛШ, најдобар стрелец во 2011 и уште неколку сезони со над 20 голови. Исто има освоено титула за најдобар стрелец и во Турција што не е за потценување. На крај ги врати Штутгарт назад во Бундеслига со гол пред пензија. Како фан на националниот тим на Германија можам да кажам дека секогаш бил одличен, 31 гол на 78 натпревари, прв стрелец на ЕУРО 2012. Класа финишер, добар во игра и со нога и со глава и да не се заборави препознатливата прослава на головите.
Леитон Беинс - овој можеше да игра во подобар тим, одличен лев бек, своевремено топ 3 во ПЛ. Солиден изведувач на прекини, памтам дека има дадено два гола од слободен удар на ист натпревар против Вест Хем, многу поголеми играчи не можат да се пофалат со вакво нешто. Можеби не е потценет за фанови на ПЛ, ама во светски рамки секако. Легенда на Евертон во секој случај.