Каспер Шмајхел, цел живот во сенка на татко му, според мене неоправдано, иако ја нема кариерата на сениорот и ги нема титулите, ама има една и таа за сите пари вредна. Шампион на Англија со Лестер.
Дете на Манчестер Сити, никад не доби шанса таму, се моткаше со второлигашки екипи додека не потпиша со Лестер и се врати во Премиер лигата.
Од тогаш наваму одлични партии на голот, фантастичен голман, рефлекси како мачка, со сигурност меѓу најдобрите премиер лигашки голмани од кога е број 1 у Лестер. Топ голман.