Ми треба проценка за телефон да се прерачунам дали ми се исплаќа или не.
Имам iPhone SE2020, купен лани во Телеком, 64ГБ, црн. Сеуште е со гаранција, уште не ми е исплатен, го земав на 24 месеци по 1000 денари на месец. Цело време е во маска и заштита за екран, како нов е буквално. Генерално сум презадоволен од телефонот али не ми брка работа само ради батеријата, 1821mAh е батеријата и морам да го полнам секоја вечер за да истерам цел ден со него.
Ми треба телефон за работа кој што ќе тера подолго од 8часа активно користење без да се испразни, конкретно за Google Maps. До 30к.