Бев во Т-Мобиле да го продолжам договоров и да го земам LG OPTIMUS L7 P700, и овие пошто сум долгогодишен корисник ми дадоја скоро 50% попуст, на сите телефони, и зато не го зедов и решив да размислам..
Се двоумам околу овие телефони и барам ваше мислење кога би биле на мое место кој би го зеле од овие 4..
LG OPTIMUS L7 P700 5990 ден.
LG OPTIMUS BLACK P970 2990 ден.
HTC DESIRE S 8450 ден.
HTC RADAR 7990 ден.
Според мене мислам дека најдобро би било да го земам LG OPTIMUS L7 P700. HTC DESIRE S e можеби по квалитетен, ама ем е поскап ем е по застарен модел.
Радаров, појма немам Microsoft Windows Phone 7 никогаш не сум користел, па дај напраете ми една споредба со Андроид да видам шо е како е.
И LG OPTIMUS BLACK P970 има можност за Андроид 4.0?
Јас исто мислење имам како тебе би си го зел LG OPTIMUS L7 P700 - имаш поголем екран од другиве кои ги имаш набројано... Едино само нема ХД снимка што и не знам дали ти е многу потребна... Снимкава 720р ја имаат HTC Radar-от и LG OPTIMUS BLACK P970... Во ХТЦ радарот имаш и поголема меморија од 8 гб која и не знам дали ќе ти биде доволна (на мене ни 32 гб не ми стасува џД), а немаш слот за мемориска картичка... Иначе Windows Phone не е лоша платформа ама имаш неколку ограничености што искрено мене не ми се допаѓаат... Пример за да префрлиш податоци мора да имаш инсталирано Zune и од таму да ги префрлаш (Исто ко Iphone со Itunes), немаш теми - само бои да си ја смениш позадината што на мене искрено не ми смета... Иксрено ако сакаш нон стоп да менуваш и да кастомизираш нешто земи си Андроид телефоне... Од Андроид телефонот пак ќе кажам дека би го зел LG OPTIMUS L7 P700
--- надополнето: 21 јуни 2012 во 09:25 ---
Фала за брзиот одговор.
Уште едно прашање ако може. За телефон настаро, кај е подобро да се зема, по мобилари или да глеам по огласи, по форуми?
Подобро според мене да си земеш од мобилара каде што даваат гаранција на стар телефон 3-6 месеци... Јас земав така еве го тера више година и пол без проблем...
--- надополнето: 21 јуни 2012 во 09:38 ---
Моментално немам дигитална камера. Не сликам многу ионака па не било проблем.
Дали има смисла да се земе телефон со добра камера или подобро да се има специјализиран уред?
Кој телефон би го предложиле со добра камера?
Ако ти е за предобри слики, земи си апарат (мада има телефони кои имаат добри камери) .Ако ти е за обични слики (фб) тогаш телефон си е доволен.Еве јас имам и апарат и телефон со 5мп и хд резолуција, и телефонот ми е попрактичен од апаратот кој има 8мп...Телефонот е помал, полесно ќе можиш да ги префрлаш сликите, на телефонот + има апликации за ефекти ова она да додаваш... Башка апаратотите претежно се со обични 2х батерии, па мораш да имаш полнач за батерии, за да можиш да ги наполниш....Братучед има апарат сони 12.000 го зеде пред 1 месец со 14мп и добар е се, ама гледам кога снимаш не може да паузираш (секој телефон може), од кога ќе сликаш треба 10 секунди да се чека за да се сними сликата (а на мојот телефон не треба ич да чекаш (само си сликаш) можеш по 5/6 во секунда да сликаш_...Мое мислење подобро ти е телефон со добра камера (барем 5мп)
--- надополнето: 18 јуни 2012 во 00:12 ---
Ако на апаратот чекаш да се сними сликата 10 секудни значи нешто не е ок очигледно... Јас имам апарат Sony 14 mpx можам по 10 слики во секунда (burst mode мислам дека се викаше) да праам ама меморија ти треба 1 тб... Иначе не се ретки апаратите со нивна rechargeable батерија. Каде сакаш можеш да најдеш... Сепак и јас користам телефон повеќе него ли апарат. И ако сакаш добар телефон со камера земи си Nokia N8 па видиш рај џД... И прочитав малце подоле дека не ти е за професионално сликање но сепак ако сакаш квалитетна слика земи си телефон со xenon flash, пример: Sony Ericsson Satio, Nokia N8 - 12 mpx, Sony Ericsson C905 - 8mpx, HTC Mozart - 8mpx + Windows Phone xD, Nokia N82 - 5mpx, Sony Ericsson K810, K800 - 3.2 mpx, (можда имаше уше некој ама не ми текнува сега...)
--- надополнето: 21 јуни 2012 во 10:12 ---
Ај некој нека ми препорача некој добар телефон пошо се мислам да купам Iphone 4s ама сепак добро би ми дошло некој совет пред да го купам. Исто така гледав и samsung galaxy s2 ама овај некако многу голем ми гледа и не ми се допаѓа. Па сега ако има некој поискусен со мобилниве можи да ми предложи и друга марка како HTC, Nokia..
Од Nokia само да си земеш Nokia Lumia 900 - Windows Phone телефон 8 mpx камера, јак процесор - има еден мој пријател искрено многу ми се допаѓа телефонот (ако ти сметаат негативностите што ги набројав горе земи си Андроид) , За Андроид телефон можеш да си земеш HTC ONE X - телефон едноставно без мани освен тоа што нема dual led flash... Исто и Sony Xperia S e прекрасен телефон со 12 mpx камера - Овие 3 се со 4.3 инчи екран, со 3.5 можеш да си земеш Sony Xperia U - андроид, со 3.7 инчи можеш да си земеш Nokia Lumia 800 - windows phone... Дизајн само Sony и HTC ми се допаѓаат...