Имам еден малку покомплексен „проблем“, но се надевам дека некој ќе може да ми помогне.
Вака сега. Претплатник сум (баба ми, не јас
) на T-Home и T-Mobile. Сакам да се префрлам на One и со фиксниот и со мобилниот. Прво да објаснам зошто и дали тоа што сакам да го направаме возможно (мислам дека е, но од повеќе мислења глава не боли). Целата финта е што баба ми е инвалид и би добила огромни попусти во Оне. За 385 денари би имале фиксна телефонија (со 200 бесплатни минути кон сите мрежи и регуларно тарифирање над прагот) и мобилна телефонија (со 345 денари кон оне (или 225 кон сите мрежи) и 300 смс кон оне и 5 ден/мин над прагот(скапа тарифа) и 2 ден/мин (ефтина тарифа)).
http://www.one.mk/default.aspx?pArtID=2087&pos=-1
http://www.one.mk/default.aspx?pArtID=2086&pos=1
1. Е сега, дали може да се префрли и да ги задржи старите броеви?
2. Колку се плаќа? На страната од T-Mobile најдов дека се плаќа 200 ден, а за Телеком нема цена.
3. Дали треба да чекам до крај да заврши договорот, или може и порано да се префрлам?
4. Ако прават проблеми со интернетот од Телеком, дали може да го задржам само него, а линијата да ми е на оне (ако не, ќе треба да чекам до октомври).
5. Колку време треба да чекам за да се завршат сите процедури?
Фала многу! :smir: