Драго ми е да слушнам некој да ми каже дека ме сака, само во случаи кога и кога не го кажува тоа, преку делата го покажува, едноставно се гледа дека сум му драга. Односно, во случаи кога добивам 'те сакам' а преку делата сум добила впечаток дека на тој му е апсолутно сеедно во однос на мене, или дури и на моменти покажува одбивност, ме нервира. Ми се има случено, како што порано врсниците си имаа обичај на крај на секој муабет или смс поракаили на задната страна на слика за спомен да пишат те сакам, а не ми се баш нешто блиски, ужасно се нервирам, дури и некогаш до тој степен ми дошло глупаво што ми дошло да им кажам отворено колку ме нервира тоа. Секако, и јас практикувам да го кажам тоа 'те сакам' исклучиво во соодветни моменти, и исклучиво на личности према кои сварно го чувствувам тоа.