Кон Албанците треба секогаш човек да настапува со недоверба.
Премногу работи заебале и нема што да се вадиме на вакви и онакви албанци кога нивната политика е јасна.
Еден убав текст од Мечето Ушко..
....
Имено минатата недела во посета на Македонија беше косовскиот министер за внатрешни работи. На новинарите и на сите нам ни порача дека на Косово не треба да гледаме како на извор на нестабилност и тероризам, туку на фактор во регионот кој ги уважува и прокламира демократијата и демократските принципи.
Во државава не се најде никој нормален да го праша или напише контра неговата констатација или јас лично ја сфаќам како наредба, со која ми се наредува како да гледам на Косоварите.
Но да одиме кроце … лека полека.
Уште како дете се сеќавам кога комшијата Спиро, полицаец по професија, одеше редовно на одкоманда во Косово во акција на здружените федеративни полициски сили. Уште тогаш кога имав само 6-7 години, во осумдесетите години на минатиот век Косово беше предмет на извор на нестабилност. Тогаш имавме социјалистичко самоуправно уредување, комунизмот сеуште не беше паднат, Милошевич не беше на власт, а косовските политичари и институции беа инкорпорирани во федеративните институции и политики согласно со последниот самоуправен устав донесен 1974 година. Но косоварите тогаш како и ден денес не се задоволни од ништо, па им пречеше самоуправниот устав, им пречеше полицијата, војската, се им пречеше. Имаа своја озаконета покраинска област со свои институции во кои во голема мера самите оние беа застапени и одлучуваа. Нивните права не беа ништо помалку отклоку еве на пример нашите или на пример на Црногорците кои пак имавме федеративни републики. Ние ги почитувавме институциите законите редот и бевме лојални граѓани на тогашната федеративна држава. Но тоа истото не можеше да се каже и за косоварите, кои правеа се за да бидат колку може повеќе понелојални и деструктивни. Се сеќавам на младиот војник косовар кој во Нишката касарна застрела неколку војници од тогашната федеративна армија. За нив федеративната држава не беше буквално ништо битно, не беше држава во која тие би функционирале и би си ги остварувале своите права и слободи. Осумдесетите беа такви, лоши, никакви, со економска криза, со редици за млеко, зејтин и шеќер. Но ткави беа за сите а не само за косоварите. Сигурно се сеќавате на Азем Власи, кој тогаш имаше висока функција и во косовската покраина и во федеративната заедница, денеска истиот тој е истакнат косовски адвокат кој не ретко знае во јавноста да се појави во разни политички дебати и емисии во кои нема да заборави да ја истакне дискриминацијата на косоварите по секоја линија која за него постои до ден денешен. Имено денеска на Косоварите со ист интензитет им сметаат Србите како и во осумдесетите, а им смета и тоа што сега не ги признаваат нови држави, им смета КФОР, ЕУЛЕКС УНДП, сите им сметаат.
Но тоа беа осумдесетите, тогаш ги немаше сите овие, па косоварите правеа се за да не биде државата стабилна, а мојот коммшија Спиро да мора да оди некојпат и со недели на одкоманда во Косово, оставајќи ги жената и неговите деца инаку мои другарчиња во тензично исчекување до неговото повтроно враќање.
Во Варна минатото лето се запознав сосема случајно со еден германец од Берлин. Меѓу повеќето муабети разговарав за Турците и се повеќебројното турско присуство во Германија. Вели ќе го парафразирам, страшно е, се повеќе квартови се населени со турци, градат џамии, мириса на зачини, гласни се и бучни, жените се забрадени и се повеќе германци или немуслимани се иселуваат од квартовите каде доминираа турската популација, а според него во Германија има околу 3 милиони легално евидентирани турци и уште толку илегалци.
Се враќам на Косово, како им било на немуслиманите или Србите од надоаѓачката наезда на косоварите при демографското освојување на териториите. Ништо поинаку од онаа ситуација на берлинецот, ништо поразлично, ништо ново.
Дојдода деведеситете. Западната демократија влезе во нашите животи. Сега сум веќе средношколец. Дневнополитичката реторика од братство единство, самоуправен социјализам, и слични на ним се преиначи во демократија, пазарно општество, слобода на капиталот. Социјализмот и комунизмот со право не беа издржливи, беа во спротивност на природата и природата на човекот и мораа да паднат, па на врата затропа ново општествено уредување. Но косоварите не ги интересираше новата европска геополитика, новите општествени текови тие впрочем од тоа ништо и не се интересираат. Со сите можни сили се обидуваа да бидат прикажани во очите на јавноста како масакрирани луќе, дискриминирани, обесправени, угнетувани, обесчестени.
Продолжија во новонастанатата ситуација, да не соработуваат со институциите, да плукаат и пукаат по војската и полицијата на тогашната Југославија во мало. Му помогнаа индирекно на Милошевич да дојде на власт, за потоа истиот тој да им ги ускрати навистина правата, а тие да имаат уште еден аргумент плус во својата стратегија на кукумјавчење. Садистички во раните деведесети беа поврзани со Милошевич. Си требаа еден на друг како лебец. Тие му требаа за да ги избие своите хегемонистички фрустрации на преден план, а тој пак им помагаше во креирањето на сликата за Албанците како за угнетен народ, несреќен, загрозен, народ на кого треба да му се помага сесрдно. Чудна беше таа взаемна потреба на едни со други. Веројатно они го посакуваат денес да воскресне Милошевич повеќе од било кој друг.
Почнаа да се редат корумпирани американски конгресмени и сенатори, кои држеа говори по калливите албански села за потребата од ослободување од канџите на Милошевич. Но од Милошевич, не беа заробени самите албанци туку и самите Срби. Тоа е политички режим, а во еден политички режим на повеќето им е лошо.
Овдека пак албанците во Македонија, исто така не беа задоволни. Не им се свиѓаше уставот на новата самостојна република и не гласаа за него иако од интерес притискаа и прифаќаа политичко институционални позиции кои им носеа бенефит и профит. Кога се работи за општ интерес државата не чини но кога се работи за личен интерес и не е така лоша.
Деведесетите години во Македонија со Албанците беа години кога се сакаше да се прикаже дека тие се во иста ако не и полоша ситуација од нивните браќа на Косово. Сакаа да бидат тепани, малтретирани од полицијата и да му покажат на светот дека тие се еден угнетен, несреќен и дискриминарн народ.
Но како и на Косово така и тука, за целиот тој период на дискриминирање, маргинализирање и угнетување, тие не престанаа да ги градат своите џамии и минариња, кои лека полека почнаа да личат на арапските, една џамија со повеќе минариња, не заборавија да градат огромни куќи со ѕидини по селата, да се бават со трговија, што легална што не легална, за нив тоа и нема никакво значење, не заборавија да возат бесни коли, увезени од запад и не заборавија да бидат присутни секаде и во секое време каде треба нешто да се забибери или посоли, сеедно.
Дефинитивно за себе го изградија имиџот, за дискриминиран и угнетен народ, кој не може во ниту една држава да биде малцинство, туку само мнозинство.
Со радост ги прифатија НАТО бомбите, кои за нив беа ослободувачки и демократични, а жртвите на нивната страна, колатерална штета која мора да се надмине во интерес на мирот и стабилноста. Крајот на деведесетите, после полициски акции, препукувања со официјалната полиција и војска на една држава, финишираше со седумдесетдневното НАТО бомбардирање на цела тогашна Сојузна Република Југославија и бранови на лажни бегалци во Македонија.
Никаде во светот не е забележан таков феномен дека некој сака да биде преставен како измачен, жртва, угнетуван многу повеќе од тоа што е. Курдите во Турција се дискриминирани до најголем степен на човечки поднослива дискриминација, па никојпат во светот за себе не градат имиџ за таков народ. Затоа што тоа е толку болно што едноставно човек нема сили да истото постојано и постојано го говори и прикажува за себе. Во Македонија веднаш почнаа да градат имиџ за себе дека се дискриминирани. Македонските албанци почнаа да фрлаат стапови и камења по Македонската полиција и војска дека во камповите кои ги изградивме најмногу со наши пари, дека нивните браќа Косовари се тепани и измачувани. Резултат…им беше дозволено слободно да влегуваат и излегуваат од избегличките кампови, кои полека но сигурно заличија на автокампови затоа што кога се вратија на Косово се враќаа воглавном со автомобили. Дел останаа тука, дел се вратија, на кого како му одговараше.
Ова е погодна балканска почва каде може лесно да бидеш дискриминиран ако сакаш.
Но тезата и приказната за несреќната пепелашка е многу емотивно емпатична и сечие срце се крши уште на првото раскажување, па затоа штета би било да не се продолжи со раскажување. Ако косовските браќа може да бидат така угнетувани и со војна ослободени, зошто тоа да не биде случај и со нивните македонски браќа.
Така приказната продолжува во новиот милениум, на технолошка експанзија, на слободен свет, на Европа без војни, на слободна Европа, на Европа без граници. Но тука во срцето на Балканот некој се чувствува многу поубаво кога е сосема поинаку. Кога има граници за да се кршат, кога се сака да се има неправда за да се тера своја правда.
2001 дојде и сите знаеме како пројде, но повторно мора да признаеме дека нашите сограѓани албанци и понатаму се несреќни, угнетени и дискриминирани. Имаат свои функционери, свои градоначалници, свои општини, свои институции, а во заедничките функционираат по клучот на позитивна дискриминација.
Кога бев во Америка последниот пат разговарајќи со еден колега по професија инаку црнец, самиот за себе велеше во шега дека никојпат не требало во Америка да ги бараат своите црнечки права. Јас бев вчудоневиден, но тој беше болно вистинит и во право. Сега вели сме еднакви со белците, плаќаме исто данок, исти услови важат за живот како и за белците, што значи ги имаме истите проблеми како и секој обичен белец. Тешко наоѓаме убава работа, тешко наоѓаме пари за лекување и образование, впрочем ништо не ни е поарна ситуацијата од таа што некојпат била. Имено секое добивање на права значи и превземање на обврски. Никаде на светот не е возможно да добиеш право а да ги заобиколиш оврските кои ти произлегуваат од даденото право.
Ако албанците ја прифатат тезата дека не се дискриминирани и дека се рамноправни, никојпат нема да може понатаму да профитираат со еве на пример на големи врати воведената позотивна дискриминација(ако си албанец во моментов може полесно да дојдеш до државна работа) или своите вонинституционални шверцерско-криминални активности.
Кога би направил паралела со Америка, Албанците сакаат да бидат и Американци но и Индијанци во исто време, се во едно стопено, фузирано. Имено да бидат моќни и главни како Американците, а заштитени како Индијанците. Индијанците во Америка се заштитени како никој на планетава, имаат свои слободни територии, резервати, во кои живеат по свој избор и државата тука не може да им поставува правила и услови, а во исто време здравствено се згрижени и загарантирано им е бесплатно образобвание ако решат да се едуцираат и вклопат во општествените текови. Но мора да признаеме дека таков народ со таква привилегија на светов не постои. Но веројатно за се има првпат, па можно е и тоа некаде и во некоја земја да се случи. Нели?
Оваа година завршува и првата декада од новиот милениум. Со тоа направив повеќе од триесет години од мојот живот и за цело време од моето постоење, за цело време за мојата општествена самосвест, јас сум сведетел на постојаната извор на нестабилност од страна на моите албански сограѓани и албанци комшии. Повеќе од три декади на светот му продаваат приказна за борба на своите права и сопствена слобода.
Додека газат по други луѓе и туѓи територии тие себеси се преставуваат како жртви. Но природата има своја закономерност и се што не е во склад со нејзините правила таа еден ден возвраќа. И општествата се градат во согласност со природните закономерности. Нормално човекот секојпат сака да измрда во своја полза, но таа секојпат победува.
Многу долго и многу болно трае лажната дискриминација и обесправеност на албанците за да може тоа природата на нештата и понатаму да го толерира.
Еден ден ќе дојде по наплата на своето, но тогаш природата секојпат ја покажува својата немилост немилосрдност и жестина. Тогаш навистина знае да биде неправедна, нееднаква, сурова, безмилосна или искажана во НАТО жаргон, да не употребува сразмерна сила.
И уште нешто што е во природата на нештата. Природата не разликува почеток и крај. За нејзе секојпат почетокот е еднаков на крајот. Тоа е всушност едно исто, а човекот го измислува почетокот и крајот за да може да раскажува полесно приказни.
...
Јохан....