Пријатели- да, во однос на едно здраво на улица, или слушање по телефон повремено, или излегување на кафе од време на време колку да видите кој до кај е со животот. Не повеќе од пријатели-познаници, и тоа само под услов врската да завршила мирни, без некои скандали и караници. Ама блиски другари, во права смисла на зборот, со нормален другарски однос (што подразбира советување, ислушување, интерни шеги, доверување тајни, тешење, оговарање на величината на пенисот на новиот партнер
и сите останати нешта што прават две личности блиски пријатели), во никој случај. Не дека не сакам, и да сакам не може да функционира. Некако повеќе ми личи на вештачки и „ради реда“ таквиот однос, отколку на искрено пријателски. Не може едноставно до вчера да се гушкате, љубите и мазите, а денеска да му раскажуваш колку добар г`з има типот со кој си излегла. Не е природно.
Од друга страна, ни целосно исклучување од животот и кратење на секакви контакти не ми се свиѓа исто така. Човек со кој си поминал извесен период од животот, човек што некогаш си го сакал, што некогаш те правел среќен, заслужува барем да го прашаш како е од време на време откако патиштата ќе ви се раздвојат. :wink: