Ако сме другари за време на врската, ќе бидеме и потоа (откако ќе помине периодот на физичко одвикнување еден од друг).
Јас сеуште многу го сакам бившиот дечко, и најверојатно никогаш нема да престанам, иако поминаа години и двајцата сега сме во врска со други луѓе. Во периодот по раскинувањето се гледавме интезивно, дури поинтензивно отколку кога бевме заедно, и тогаш вистински ми стана јасно колку сме погрешни еден за друг (и дека никогаш веќе не се плеткам со уметници). Секогаш ми е мило кога го гледам и знам дека ќе си помагаме еден на друг, затоа што многу добро се познаваме, и си значиме многу.
* Единствено кога со дечко ми ќе искочат у град без мене, е тука ме чешаат можните муабети