Тајкуните, олигарсите, магнатите што се збогатија на наш грб во периодот од 1990-2020 година ќе одделат некој залак од уста за да помогнат во кризава?
Ќе ги „донираат“ ли нашите пари од Белизе, Будимпешта, Прага, и оној од Битола ќе ги донира парите од штедилницата од 1997 година „ОД НАРОДОТ ЗА НАРОДОТ“???
Згора на сето тоа здружението на угостителите во Македонија бараат државна помош. Нормално нашиве власти сето тоа ќе го одобрат. А секој угостител на годишно ниво прави најмалку 250.000 евра чиста пара...
Исто како што беше Охрид пред една година. Советот на Општина Охрид лани усвои одлука за отштета на 10 угостителски објекти од поплавите во вредност од околу 350.000 евра... Тоа ти е во просек секој објект да добие по 35.000 евра... Но и тие си добија отштета многу повеќе од реалната цена...Пример во некој објект реалната штета е 4.000 - 5.000 евра, ама ќе добие 30.000 - 35.000 евра!!! А како тие ќе му одобрат 35.000 евра „(не)“ „реална штета“??? Ќе даде угостителот мито/корупција и тоа не некоја голема сума на проценителот, судскиот вештак, градоначалникот, плус во неговиот ресторан/кафана ќе им даде гага јадење, пиење неколку пати со 3-4 врста месо, риба (пастрмка) пијачки од најскапи жестоки пијалоци и готово завршена е работата...
Владината помош на угостителите ќе ја плати обичниот народ со поскапени сметки, казни на немање основа, скинување на социјална помош и туѓа нега на личности што навистина имаат потреба од таква работа, дури и враќање на социјалната помош и туѓата нега што со години ја земале, зголемување на месечната кирија и дуљјето на тезгаџиите, и измислување на нови сметки (оџачарина, воздушарина, сончарина, светларина, пенџеларина)...