Да, Трамп вчера потпиша закон, донесен со бипартиска подршка (и Републиканци гласаа за него, дефинитивно крајот на светот е блиску), со кој се одобрува програма за фискален стимул од повеќе од 2 трилиони долари, составена од бескаматни кредити за бизнисите, даночни ослободувања и дури и форма на basic universal income за секој американец, од околу 1.200 долари по човек. Чисто за споредба, ова е двојно повеќе од износот на целиот пакет на фискални мерки од светската рецесија од 2008 година, кој се протегаше три години, од 2008-2011 година. Претходно,Фед најави нова програма на QE во износ од 1.5 трилиони долари, претежно купување на корпоративни обврзници и многу евтини кредити за банките. Неколку дена после оваа објава, Фед најави дека се подготвени за „неограничен“ QE. Во моментов Фед држи финансиски средства во вредност од околу 5.3 трилиони долари, некои предвидуваат дека до крајот на годината тоа ќе порасне до 10 трилиони долари, поради предвидните континуирани мерки за обезбедување ликвидност на финансиските пазари кои ќе бидат потребни, со оглед на тоа што ситуацијата веројатно нема да се подобри преку ноќ. Пресметајте сами колку плус пари се тоа. Брзината со која се носат овие пакети, кажува многу за сериозниот cliff edge пред кој се наоѓа светската економија. Веќе не се збори за глобална рецесија, туку за потенцијална опасност од депресија во следните години, доколку не се преземе ништо. Мерки, кои беа предмет на контроверзни дебати со години, па и децении наназад, одеднаш добија широка политичка подршка, до степен кој е неверојатен. Изгледа desperate times call for desperate measures, важи во секој историски период.
Проблемот е што државите немаат ни многу избор при водењето на економската политика, за разлика од 2008 година. Ваква, потенцијално, синхронизирана контракција и на понудата и на побарувачката, која не е последица на некоја војна, е без преседан во модерната историја. Ако не преземат ништо, ризикот е дека масовното губење на работни места и падот на побарувачката во развиените економиите кои се базираат на терцијарен сектор, предизвикана од намалено приватно трошење, засилено од падот на доход по семејство ради растечка невработеност, во комбинација со падот на агрегатниот аутпут и падот на продуктивноста, ќе доведат до голем број на банкроти и трајно губење на производствен капацитет, граден со децении.
Од друга страна, продолжување со уште повеќе монетарна експанзија, и после цела деценија со ваква политика, внесува уште повеќе ризик во финансискот систем, зошто финансиските пазари стануваат зависни од “инекции на ликвидност“ кои централните банки треба редовно да ги обезбедуваат и доведува до погрешен pricing на многу финансиски инструменти. Ова особено важи за банкарскиот сектор, ради т.н. морал хазард, односно финансиските институции немаат incentive да ги пласираат свежите пари во продуктивни инвестиции, туку во високо ризични, спекулативни средства, кои создаваат финансиски меури. На крај, резултатот е што мерките на централните банки ја губат својата потентност, па пазарите не реагираат на нив, како што е случајот со берзите во моментов. Очигледната последица е, тоа што го гледаме и во моментов, мерки за зголемувањето на ликвидноста не влијае многу врз побарувачката.
На неа повеќе може да влијае фискалната политика, јавното трошење. Ама, ова е ограничено од високите нивоа на јавен долг на развиените држави, иако каматните стапки на долгорочни државни должнички инструменти се исклучително ниски во моментов, ради тоа што има многу капитал наоколу кој бара сигурен пласман. Овие пари некој ќе треба да ги врати, најверојатно децата на оние кои сега ги носат одлуките и кои ги избраа популистите и шарлатаните (или технократите) што се на власт и што го посраа одговорот на овие држави на ширењето на епидемијата на коронавирус. Но, имаме реални примери за дупката во која паѓаат некои држави, кога еднаш ќе тргнат по тој пат, како што е Италија и Јаполнија со јавен долг од неверојатни 200% од БДП. Со оглед на демографските трендови, идните обврски кон системот на социјално осигурување и веќе високиот БДП по глава на жител, ќе треба да бидеме сведоци на некој неверојатен раст на продуктивноста во развиените држави, па економскиот раст да биде доволен за намалување на овој јавен долг.
Дополнително, светската економија е влезена во многу лоша спирала, што не беше случај пред една деценија, во 2008 година. Тогаш рецесијата беше предизвикана од крах на финансискиот систем, кој беше концентриран во развиениот свет, односно во државите на Запад. Земјите во развој не беа премногу погодени и беа способни брзо да ја извлечат глобалната економија од рецесија. Сега приказната е поинаква, приватниот долг е на многу високо ниво и во овие држави, особено корпоративниот долг, ради години на евтини пари кои им беа достапни на меѓународните финансиски пазари. Кина, која минатиот пат го влечеше светот напред скоро до 2014 година, сега и самата забавува. Високите нивоа на приватен долг и трошењето преку ОБОР проектот, добар дел во непродуктивни инвестиции во инфраструктура, значи дека имаат на располагање само ограничени мерки за подршка, во координација со најголемите пазари за својот извоз. Дистимулирање на приватното штедење со децении, и големиот удар врз стапката на невработеност, ќе значи немање на доход за милиони луѓе. Некои во САД предвидуваат дека невработеност ќе стигне од 20% до крајот на годината. Чисто за споредба во текот на големата депресија од 1929, највиското ниво на невработеност во САД било 24%.
Колкава и да биде, невработеноста ќе повлече спирала од пад на побарувачката, уште повеќе загуби за бизнисите обременети со високи нивоа на долг, уште повеќе отпуштања, дополнителен пад на побарувачката, банкроти... Има некои економисти кои повикуваат на уште порадикални мерки на државите. Реално, овие фискални пакети не ги таргетираат доволно секторите кои имаат најголеми проблеми со солвентност во моментов и работниците кои се под најголем ризик да останат без работа. Затоа, овие ликови, предлагаат наместо позајмувач во крајна инстанца, државата да биде купувач во крајна инстанца. Односно, државите да ја надополнат изгубената побарувачка со јавно трошоење кое ќе ја замени приватната потрошувачка, под услов фирмите кои ќе бидат реципиенти, да не отпуштаат вработени. Меѓутоа, ова е изводливо само ако трае неколку месеци.
Гледано во ретроспектива, се случува неверојатна промена во економска доктрина преку ноќ.
Трамп вчера се закануваше на индустриските гиганти во САД, како ГМ и Форд дека врз основа на некој Defence Production Act законски ќе ги обврза овие корпорации да произведуваат повеќе медицинска опрема, како респиратори и останато, под услови кои ќе ги диктира државата. Интересно е како го јачаат републиканци, кои имаат природна фобија од “социјализам“. На толку јадење кафеави за авторитарни лидери, Трамп ќе стане помоќен од Xi.
Оваа статија малку личи на wishful thinking. Никој не може да предвиди што ќе се случува, повеќе од следниот месец. Пандемијата влијае врз премногу комплексни системи, без да ни биде јасно во колкава магнитуда и на кој начин.
Многу се чести овие предвидувања во последно време, дека коронавирусот трајно ќе го измени процесот на работа, дека сите ќе работиме со флексибилно работно време од дома и целиот свет ќе се префрли онлајн. Прогресивните техно-ентузијасти ќе ја искористат секоја прилика за да си ја протуркаат визијата за новиот идеален свет. Да иде астероид кон земјата, они ќе тврдат дека тоа е одлична прилика сите да се префрлиме на plant based диета, времето дома да го искористиме за онлајн учење на јазик и часови по калиграфија.
Реалноста е дека, освен ИТ индустријата, ретко кој сектор може да си дозволи таков работен процес, без да има значително намалување на продуктивноста. А, по податоците што јас можам да ги најдам ИТ е 5% од глобалниот БДП. Не сме стигнати како човештво до тој степен на автоматизација, ни работната сила ги има потребните вештини, за да се направи таква трансформација на целата структура на економијата, за само 1-2 години. Смешно е да се надеваме на тоа.
Економијата ќе мора прво да се врати по старо и да се мисли што ќе се прави со таа маса на потенцијално невработени луѓе, па после да видиме како ќе се трансформира понатаму.