Најпрво мислев дека Јове_Бт и другите кои го изругаа филмот,го направија тоа зашто го гледале на пиратска снимка,и не добиле дел од акцијата..
Но,по вчерашното гледање,сфатив дека нешто не е во ред со овој Бонд филм.
Како прво,сите знаци кои Бонд го прават Бонд,ги нема.
Нема веќе Астон Мартин (бидејќи Форд платил 60 милиони за да возат Ка),нема мартини,нема one-liners,нема My names Bond...James Bond,дури нема апсолутно ниеден гаџет,освен Сони телефоните,кои пак одат со договор...
Акцијата пак,е приказна сама за себе.
Земете го едиторот,вториот камерман и сценаристот за акциони секвенци од Bourne Identity,и што добивате?
Нормално,акциони секвенци снимани со 25 камери,и сето тоа едитирано во 70 агли во минута,во кое ни еден агол од брканицата не трае повеќе од секунда.
На некој ова му се свиѓа,сепак е тоа вкус,но ако споредиме дури и со претходниот филм,ова не е ни од блиску интересно...
Самиот кастинг на глумци,Џема Атертон и Џефри Рајт,они немаат никаква улога во филмот.Зар треба да бидеме импресионирани што ги гледаме повеќето глумци од првиот дел,како тоа да е битно.
И самиот негативец,мислам дека и да бараме,нема да најдеме
понеинтересен негативец од Метју Алмарик.
Пробав да ви склопам топ 4 причини,за барем парите да не ги даете за кино проекција.
А ако пак не ме послушате,барем не седнувајте во први пет реда.
Буквално ќе ви се слоши од 5 агли во секунда кога има акција :helou: