Последен гледан филм со кратка рецензија

^^GoRiLLaZ^^

Happiness...?
Член од
25 јануари 2007
Мислења
5.735
Поени од реакции
7.983
Последниве денови поради тоа што станува досадно и премногу римејкови и слично, решив да сосема случајно да пребарам на IMDb малце подлабоко по рејтинзите без разлика од која држава и која продукција се.

PK (2014)


Значи дечки, ова се вика MASTERPIECE!!! Јас сум просто изненаден, не очекував индиски филм / продукција вакво нешто да извади. "Странец" само што пристигнува во Индија, веднаш му го крадат уредот со кој комуницира со неговиот вселенски брод. Па така, бидејќи е принуден да остане во земјата... започнува да го учи светот во кои живеат луѓето, но истовремено бара начин да го пронајде својот уред. Па тука филмот едноставно се претвара во сосема уникатно истражувања за тоа колку само комплексни философии имаме, колку религијата е безврска и дека се прави само за бизнис...

Луѓе гледајте го филмот, нема да зажалите. Дајте им шанса на "странските" филмови, не ги осудувајте пред време.

Оценка: 10/10

PS, Холивуд гомна да јаде!
 

macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.717
Поени од реакции
1.469
Alibi.com
Заглавив со француски комедии деновиве посебно со оваа екипа смеење до солзи.
Скоро на сите им треба добар изговор за да прескокнат семејна вечера, да избегнат училиште или да го остават својот сопружник за еден ден да поминат извесно време со пријателите. Ова е она што го прави агенцијата на Грег: тој и неговите пријатели смислуваат убедливи алиби за своите клиенти. Иронично, како најдобар лажливец во светот, Грег се вљубува во девојка која не може да издржи лаги. Што треба да се направи во таква ситуација?
10/10
 

^^GoRiLLaZ^^

Happiness...?
Член од
25 јануари 2007
Мислења
5.735
Поени од реакции
7.983
Like Stars on Earth (2007)


Продолжуваме со индискиот маратон :D

Ishaan Awasthi е 8 годишно дете кој го интересира боите, рибите, кучињата итн... а школото му е слаба страна. Тешко му оди со пишувањето и читењето, но неговите родители никако да се справат со нег за да му помогнат. Па затоа, родителите на Ishaan одлучуваат да го испратат во интернат (со приватно школо), па така Ishaan се справува со додатна траума, разделбата од семејството и ново училиште. Иако и таму станува уште полошо, после некое време доаѓа нов професор Ram Shankar (Aamir Khan) кој приметува дека нешто не е во ред со Ishaan. Па така решава да ги прекрши сите правила... и понатаму подобро да запрам.

Прекрасен филм, со доста емотивни чувства. Еден од најубавите филмови што постои воопшто на планетава :oleee:

Оценка: 10/10
 

^^GoRiLLaZ^^

Happiness...?
Член од
25 јануари 2007
Мислења
5.735
Поени од реакции
7.983
Fanaa (2006)


После индискиот маратон од 3 Idiots ; PK ; Like Stars on Earth ; Доаѓа на ред Fanaa. Искрено не очекував ваков расплет на филмот, поточно од романса да премине во тероризам. Rehan е локален туристички водич во Delhi и шмекерче. Zooni е слепа девојка која го запознава Rehan, иако нејзините пријателки ја сугерираа да се тргне од Rehan, сепак таа решава да ги игнорира. Rehan е фасциниран од Zooni и затоа и ветува дека животот поминато со него ќе и биде најскапоценото нешто. Zooni се заљубува во Rehan и целосно му се предава... Rehan и враќа со добро дело, ја носи во болница за операција за видот. Zooni прогледнува, но Rehan го нема. Која е другата страна на животот на Rehan?

Aamir Khan е глумиште, секоја чест.

Не е лошо филмче, претходните 3 подобри. Затоа нема да му дадам 10ка, туку 8.5.
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.507
Поени од реакции
21.280
ljetouzl.jpg


Ljeto u Zlatnoj Dolini (2003)

Поствоено сараево.
Фикрет е маалско дете кое заедно со својот најдобар другар обожаваат да слушаат рап, и успут фрлаат фристајлови. А и да дувнат малку УФО и по некоја дубара да направат.
На самиот старт дознава дека неговиот татко умира и на неговиот погреб, еден анонимус одбива да го халали (незнам македонски збор за ова)
Младиот Фикрет, за да го обели образот на својот татко се впушта во криминал за да стигне до пари.
Интеререснаа крими-драма со доза на тинејџерска романтика.

Босанскиот јазик ми е особено смешен.
Музиката мислам дека е правена од Едо Маајка а многу актери има од Луд, Збунет, Нормален.

Филмот е достапен на Youtube

9/10
 
Член од
3 април 2020
Мислења
905
Поени од реакции
508
Приказната е за млад човек вработен во мала компанија.Кога бебистерката на неговиот шеф,во последен момент ќе му откаже,таа задача му ја доверува на него, да го чува неговиот непослушен син за една ноќ и тоа,токму на неговиот роденден.Оваа навидум едноставна задача ќе се претвори во забава со невидени размери.
Се изнасмеав!!!
 

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.176
Поени од реакции
8.803
1917

Искрено, за филмов имав преголеми очекувања, затоа не сакав само да седнам да го гледам, сакав посебно да најдам време за него. Единствено, ме воодушевија неколку кадри за кои си помислив, браво како успеале да го изведат ова. И толку.

Едноставно сценарио, трета година од првата светска војна, се случува на територија на Франција. Двајца британски војници добиваат задача да го прекинат нападот на нивните кои се неколку километри од нивната единица, батаљон што и да е, во спротивно ќе влезат во планирана замка од страна на германците и животот ќе го загубат 1600 војници.

Она што мене ми фалеше во филмот беше прво неизвесност. Се одеше по ред, како да имале некоја скрипта "како да снимиш воен филм" и оделе по неа. Се беше очекувано и видено, цело време ги гледаш ужасите на војната, а не осеќаш ништо.

Под второ тоа. Не успева да ти разбуди никакво чувство а игра на таа карта. Само гледав онака интересен филм без ништо да осеќам. Под воен филм јас подразбирам филм кој ќе ме запрепасти, ќе ме остави без збор, ќе ме издепресира и со денови ќе мислам на него, затоа и барав посебно време за да го гледам, пошто многу очекував и очекував така да се осеќам. Ко што се осеќав за Come and See пример, ме уништи филмот неколку дена. И трауми ми остави.

Трето, британските војници ко за војници беа премногу фини, љубезни, добронамерни и хумани спрема непријателите што исто така не ми се допадна воопшто и ако финтата била повеќе да ги сожалувам пошто се добри луѓе, обратно делуваше, како лајк кога си става некој на свој пост на фб.

Имаше и некои апла безсмислености и нелогичности.

Не дека беше лош, ама не беше ремек дело или десетка. Или воена поезија на екран ко што кажа некој или прочитав некаде. Или она што очекував јас. Можеби да не очекував толку многу ќе беше друго, ама сепак мислам во секој случај кога и да го гледам филмов ќе кажам дека е просек и далеку зад најдобар воен филм на сите времиња.
 

Riken

the power of imagination makes us infinite
Член од
9 декември 2008
Мислења
12.035
Поени од реакции
28.672
The way back

Конечно најдов време да изгледам некој филм, го пуштив од прва без трејлери и спојлери тотално влегување у матно.
Главна улога е Џек (Бен Афлек) и се се врти околу него. Пропаднат кошаркар кој добива шанса да стане тренер на лузерска екипа.
Тука очекував да биде како останатите филмови од таа тематика па да направи шампиони преку ноќ ама не е така, режисерот навлегува подлабоко во ликот на Џек, кој се справува со свои духови од минатото во текот на целиот филм. Супер глума на Афлек ме задржа да го изгледам во еден здив.
Од мене 7.5/10
 

Riken

the power of imagination makes us infinite
Член од
9 декември 2008
Мислења
12.035
Поени од реакции
28.672
Dark Waters

Dark-Waters-poster.jpg

Прекрасен филм според вистинска приказна.
Во кратки црти...како еден човек Роб Билот (Марк Рафало) се бори против големите корпорации кои со години свесно ја загадуваат околината притоа загрозувајќи го здравјето на се што живее таму без око да им трепне само за профит.

9/10
 
Член од
29 јуни 2020
Мислења
50
Поени од реакции
73
MV5BMDdmNzJiY2ItMWRiMS00NmQzLTk5NTItZWYyYTkwZWI3ZDY0XkEyXkFqcGdeQXVyMDU5MDEyMA@@._V1_.jpg
ABGESCHNITTEN или на англиски CUT OFF
Го гледав пред некоја недела на cinemania го даваа. Случајно го начекав. Непланирано. Германски филм ај викам малку да смена доста американски холивудски. Се изненадви башка вакви и сакам мистерични и тензични со обрти неочекувани настани и во текот на филмот и на крај потполно лудило.

Форензичен патолог наоѓа во една од жртвите мал лист на кого е напишан бројот и името на неговата керка која е киднапирана. Тој понатаму со помош на една девојка мора да ги следи трагите кои киднаперот ги оставил во секоја наредна жртва за да дојде до неговата ќерка. Тој цело време патувајќи преку телефон и кажува на девојката Линда која на почеток се гади неможе да го погледно што се вика мртвото тело ама мора да му помогне на докторот и мора да врши ресекции за да го пронајде секој нареден знак кој буквално се наоѓа внатре во телото дали тоа ќе биде грлото дали внатре во мозокот итн... Секој од тие знаци му се од помош за Paul да ја пронајде неговата ќерка. Ова е само гребнување по површината што се вика или само дел ама прекомплициран е филмот и за една ваква кратка рецензија да мора да се напише а да се долови поентата. Ова е главното со уште бројни факти и изненадувања комплицирани така да мора да се погледне.


Во секој случај љубителите на мистерии со примеси на хорор и целосна напната атмосфера со одлична глума, сцени итн... ќе бидат изненадени а и задоволни. Погледнете го обавезно. Нема да ви е трошење на времето во никој случај. И малку конечно поразлично од се што имаме видено добра приказна добра сторија добро обработено со шокантен крај.
 

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
13.198
Поени од реакции
27.503
Impromptu (1991)
1597514882229.png

Uzas od film. Ne go gledajte.
Od filmov ocekuvav nesto okolu muzikata na Chopin i Liszt, dobiv uzasni likovi, uzasna romansa, uzasni filler nepotrebni sceni za popolnuvanje prostor koi ne zavrshija nigde.
Avoid at all costs.
4/10.
 

Riken

the power of imagination makes us infinite
Член од
9 декември 2008
Мислења
12.035
Поени од реакции
28.672
MV5BZWUyY2M2M2UtMGI1NC00ZjBmLWI5NDItYjQ1MThjNzgwMjhmXkEyXkFqcGdeQXVyMDA4NzMyOA@@._V1_.jpg

Rogue.
Филм за воени платеници кои имаат задача да спасат ќерка на гувернер заробена од криминалци.
Не навлегувам подлабоко затоа што не заслужува, мислам дека волку лош филм немам гледано долго време.
Лоша глума, глупа смисла за хумор, ефекти за никаде.
Ако имате време за губење слободно погледнете го.

2/10
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.487
Поени од реакции
5.963
I'm Thinking of Ending Things (2020)

I’m-Thinking-Of-Ending-Things.jpg

Верувам дека ова беше еден од најочекуваните филмови во сиромашната 2020 година. А меѓудругото може да му се наредат уште куп суперлативи како најпопуларен, најтолкуван, ама и најчуден.

Филмот е снимен според приказната од романот „Се мислам да ставам крај“ од Ијан Рид (кај нас го има во издание на Или-Или, превод на Румена Бужаровска). Не ми се чекаше можноста да ја прочитам прво книгата и нетрпението го направи своето, прво го изгледав филмот.

Навидум, приказната е сосема едноставна. Еден пар којшто неодамна е во љубовна врска тргнува на патување со автомобил. Девојката треба да ги запознае родителите на дечкото кои живеат во рурална средина, на фарма. Но, хронолошката нарација од почетокот понатаму ќе ви го мати умот со една creepy атмосфера и ќе изгради една тензија и мистика од која навистина не знаете што да очекувате. Ова е еден од ретките филмови што ме оставиле да размислувам долго по гледањето и кој ми пробудил желба да го гледам по втор пат за да ги фатам сите детали што сигурно сум ги пропуштила од првото гледање.

Чарли Кауфман ви ја прави оваа симпатична збрка во главата и со Eternal Sunshine of the Spotless Mind (2004) и Synecdoche, New York (2008), но овојпат ми е чини се надмина себеси. Актерската екипа на повеќето ни е позната од серијата Fargo. Особено Toni Collette и David Thewlis се како создадени загадочно да ги играат родителите на Jesse Plemons. А Jessie Buckley, со cute младешкиот лик и vintage облеката целосно се вклопува во руралноста и уметничкиот сензибилитет на филмот.

Уметничкиот сензибилитет пак, референците на познати уметнички слики, мјузикли, писатели и поети се ставени во функција на приказната, но и како хинтови и симболи кои треба да го откријат длабокото значење. Филмот ги скокотка сите сетила и играјќи си со кревката психа на ликовите, а силното „детективско око“ на гледачот, заокружува едно човечко патешествие и разбранува мисли за кои не сте ни биле свесни.

But hey, "You can say anything, you can do anything, but you can't fake a thought."
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.811
Поени од реакции
83.989
1602378301958.png

tl;dr Добар блокбастер филм, осмица

Интересно филмче е Тенет. Идејата за time going backwards and forwards е солидна. Целиот филм е сепак блокбастер што се вади на gimmick-от, и за мене лично не е на ниво на другите филмови на Нолан. Акција, режија, sounds, едитирање и се по ред е за секоја пофалба. Приказната е таа, блокбастерска, одење од точка А до точка Б + gimmickot со времето и малку James Bond vibes sprinkled in.

Патинсон дефинитивно ќе стане новата голема ѕвезда во Холивуд, му се насобраа успешни филмови и улоги во critically acclaimed филмови, па сега Тенет и Бетмен, дефинитивно може да го гледаме почесто и на Оскарите а и во блокбастер филмови. Вашингтон беше супер протагонист, Дебики беше сосема солидна главна женска улога, Кенет Брана е добар актер, ама шо знам, му фали некоја екцентричност да биде негативец. Нолан професионално си ја има завршено задачата, сепак тешко е да се фатиш со ваков специфичен концепт и да го преставиш на добар начин. Имаше неколку предобри сцени (што можеби некој ќе го потсети на Инсепшн? Шо знам...), а филмот започнува with a bang од самиот старт. Времето е секогаш зезнато за претставување во филмови пошто постојат мал милион парадокси, ама кога ќе сфатиш дека секогаш постојат парадокси и не можеш да добиеш 100% одговор на секое "а чек бе...шо ако.....и ако ова?????" тогаш ќе имаш good time со филмов. На пример, Мементо е стварно револуционарен начин на раскажување на приказна и е филм што е исклучиво воден од приказната и тоа ти да дознаеш што е финтата со целиот филм. Тука, приказната не е битна т.е. го гледаш филмот за да гледаш кул акција, интересен саундтрак, јаки ефекти и забавен концепт што е to my knowledge never before seen во филмската индустрија. Не можам да му најдам многу маани освен тоа дека...е добар филм...и тоа е тоа. Никогаш не влегува во OMG THIS IS THE BEST THING EVEEEER. Туку цело време си "Yeah..ова е кул..ама...what?" и потоа кога дознаваш одговор на тоа "what?' си као "Ааа..да...кул". Мило ми е што филмов постои, мило ми е што излезе и проба да ги спаси кино салите во светот, мило ми е што Нолан си го исполни сонот за филмов (што како концепт го имал уште од почетоците на кариерата т.е. кога го снимал Мементо). У кратки црти if James Bond and The Doctor had a child што како мало паднало во казан со дроги. Ај лајк ит, вреди да се погледне (y)

Се на се, кога на идејата со движењето на времето ќе додадеш класична приказна со одење од точка Б до точка А, малку елементи од 007 филмовите добиваш одлична акција, режија, звук, монтажа и се друго што е за секоја пофалба иако за мене лично не е на ниво на другите Ноланови филмски дела. Како за блокбастер, мора да се пофали оригиналноста на плотот со одење напред-назад со времето, и се на се мислам секој ќе смета дека Тенет е интересно филмче. Осмица од мене.

TENET
 
Член од
14 ноември 2013
Мислења
6.188
Поени од реакции
19.266
Eden Lake




Си викам ај не сум гледал филм Бог знае од кога, може денес да си пуштам ко за промена. На брзинка барам на Гугл horror mystery и ми искача овој. Глеам океј, просечен рејтинг значи може да се гледа. Аииии каква грешка.

Филмот се работи за дечко и девојка (од Х-Мен Магнито актерот и една црвенокоса) кои одат некаде во провинција во шума покрај езеро арно ама има тинејџери кои им го реметат мирот. Си седат на плажа, се сончаат, се распакуваат и нешо копиљациве им се занесуваат, им го с'скаат кучето, ја зјапаат црвенава, и го вадат ку**от, ечи гласна музика итн итн и веќе почнувам на глас да се жалам аман бе Магнито види се колкав вол си разбацан со 8 pack, мавни им по некоја заушка. Да беа копиљациве во Источна Европа ќе лежеа со месеци во гипс, али ај Енглеска е ова, западен свет, испрани мозоци башка оваа женска му на Магнито е учителка па не сака да гледа деца како јадат ќотек.

Наредното утро тргаат накај локалното село али копуциве гумата му ја дупнале. Појадуваат и си одат накај езерото, по пат има глупа сцена каде што Магнито им влегува во куќа... немаше логика сценава воопшто али финтата беше демек експозитура, децата се псајко а таткото (на тој воџада што им е) е пијандура што го тепа семејството.

Идеме понатаму, се враќаат на плажата кај кампот и влегуваат се бањаат, се гушкаат ова она и се враќаат на плажа кога да видат им ја нема ташната со клучеви, телефони и паричници во неа. Какви дебили аииии, ебате слепите и глувите. Копиљациве им ја украле колата и си се возат низ шумата. Паѓа ноќ и ги наоѓаат собрани сите 5-6 деца околу огин како мачат некое животно, оди Магнито да си ги бара работите назад а црвенва му вика остај ги, ајде да си одиме..... КАКО ЌЕ СИ ОДИШ БЕ ДО ЛОНДОН БЕЗ КОЛА АИИИИ КАКВА РЕТАРДА!!!! Немаат скршен денар, немаат телефони (ни мрежа офц), немаат кола а глупачава вика остај ги. What.The.Fuck. Магнито цело време се понаша ко пичка : ај дечки ќе ве молам, дајте ни го клучот ќе си одиме дома. Еден копиљ му вади нож и се дешава гужва пред гол за да на крај Магнито го зграби ножот конечно од детето и случајно им го збрцува кучето кое умира потоа. Децава почнуваат да се закануваат, да ги пцујат, почнуваат да зимаат стапови да ги бркаат а овие идиотиве го зимаат клучот од колата и бегаат. Зошто бегаат?????? Удри им 2 шамари, пукни им ги вилиците, скрши им ги нозете ДЕЦА СЕ ДО ПОЈАС ВИ СЕ ЕДВАЈ ЕБАТЕ РЕТАРДИТЕ!!!!!!!

Бегаат со колата низ шумата и се разбира кога си во шума и во удолница стискаш гас до крај. Се укопуваат нешто и децава доаѓаат и ја опколуваат колата и ја тресат... додека Магнито, разбацан адолесцент, и женска му, исто возрасна жена, се во кола и врескаат.................... Искочете од кола и здрвете ги од ќотек аман деца се, нема ни да осетиш дека те удрил, попрво дланката ќе си ја скрши од тебе.

Се дешаваат понатаму уште многу глупи работи, не ни го догледав до крај, копуциве се направени апла псајко, сериски убијци ин тхе мејкинг. Црвенава ја бркаат со точак низ шума и си трча по патека право наместо да бега цик-цак, да ги мава со камења, целиот терен е во незина корист итн итн.

Ужас, катастрофа од филм, протагонистите се имбецили и прават глупи работи кои единствено ги прават за да има некаква "кохезија" филмот бидејќи во спротивно ќе завршеше по 20 минути. Не знам како има 6.8 на IMDb, од мене има 1/10.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom