Последен гледан филм со кратка рецензија

Маршалот

Bianconeri
Член од
29 декември 2009
Мислења
2.091
Поени од реакции
2.398
Nothing to Lose (1997)

NothingtoLoseMovie.jpg

Интересна комедија во главните улоги со Мартин Лоренс и Тим Робинс.
Ник Бин мисли дека неговиот живот се движи во одлична насока се додека враќајки се порано од работа не ја затекне својата жена во креветот со неговиот шеф.Така дејствието се заплетува и почнуваат пресвртите во неговиот живот каде што ќе го запознае Ти-Пол и заедно ќе се впуштат во авантури....Филм кој што ќе ве насмее и расположи.

Оценка: 8/10.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.624
Поени од реакции
59.476
Конечно една кратка рецензија и од мене, после подолго време седнав да изгледам еден филм. За опуштање, романтична комедија, лесно филмче, го одбрав Leap Year (2010), или на наши, Престапна година. Нормално, очекуваш и добиваш едноставна веќе видена клише приказна која однапред знаеш како ќе заврши. Девојка треба да се мажи за успешен доктор, но налетува на некој Dude и потоа... потоа знаете а за тие што не знаат не кажувам.



Во секој случај, она што го прави филмчево подобро од повеќето вакви, е одличната актерска двојка, добриот (не идиотски) хумор, апсолутно прекрасните пејсажи од Ирска кои во филмов навистина се нешто посебно, и едно раскантано Рено 4. И Сандра Булок и остали 40-50 годишни стари моми од Холивуд кои глумат девојчиња, НЕ СЕ во филмот. Голем плус. Не сте ни свесни...

Енивеј, фино филмче за опуштање, кога сакате нешто лесно, ова нема да ве разочара.

7/10.
 

Anne.

~
Член од
4 декември 2009
Мислења
4.629
Поени од реакции
10.284
MEMORY (2006)


Прв пат пишувам рецензија. Се одлучив за филмот Memory од 2006 со еден од моите омилени глумци Били Зејн. Тој го глуми Др. Тејлор Бригз кој после допирот со правта која ја наоѓа на полумртов човек почнува да добива чудни визии, почнуваат да му се навраќаат сеќавања кои не се негови... филмот е феноменален, ке ве натера во текот на гледањето да размислувате, а да си кажам ме остави будна неколку ноќи...:kesa::kesa::kesa:

ИМБД 5/10
Јас 8/10
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.624
Поени од реакции
59.476
Valentine's Day (2010)

Како да ви кажам... ако ви се допаднал Love Actually, тогаш наместо да го гледате овој, гледајте го Love Actually пак. Затоа што ова е обид за холивудски плагијат на популарниот британски филм, ама не му е ни приближно блиску на оригиналот по квалитет. Love Actually се случуваше на Божиќ, овој како што кажува насловот, на Св.Валентин. Посебна разлика нема, се работи за неколку романтични приказни претставни паралелно една со друга. Сепак, во британскиот филм тие се вклопуваат во една целина, дијалозите се перфект, музиката, глумата... Навистина прекрасно. Овој филм има лоши дијалози, приказни кои се неоригинални и неинтересни, Аштон Кучер и понатаму не знае да глуми (ништо ново...)... дури имаат и плагијат од сџената со вљубеното дете (И двете деца плави, и двете во црно девојче...)

Единствена шанса да ви се допадне овој фолм е да го немате гледано Love Actually. Инаку е добар за безвезно поминати час и половина, може да се изгледа и брзо да се заборави.
5/10.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.804
Поени од реакции
12.295
The Wolfman

Да не ги повторувам зборовите на Rocknrolaa, филмот и мене ми се допадна па би му дал 8/10. Во секој случај за мене скоро 2 часа забавна (авантури, фантазии, мои омилени жанрови за одморање мозок:) ) нова адаптација на старата приказна за врколаци...без многу мислење и филозофирање. Единствено као тема за размислување/мерење на човечките постапки би била сосема последната реченица од филмот
кажано е дека не е грев да се убие животно, грев е да се убие човек. Но каде едното започнува, а другото завршува?
...не дека е некоја филозофија, само потсетување.

Unthinkable


Филмот ниту како забава, ниту како филозофија, ниту како акција...додуша акција немаше освен брзо вадење пиштол...не ми се допадна. Секоја чест за С. Џексон и Кери-Ен Мос, но филмот немаше никаква поента освен мачење и наводна борба на добрите/Мос против лошите/Џексон. Прво што воочив беше -мора да си муслиман за да си терорист (ако си католик, треба да смениш вера за да бидеш терорист). Второ беше мерилото за човечност и жртви, трето би било нема спас од муслиманите терористи, четврто во пола филм текстот
беше where's the bomb, give just one location
...се на се џабе режев цд. Ваше е дали ќе го гледате, но ја вторпат не би, премногу проста приказна без крајна идеја или заклучок....ниту тројка од 10.
 

zee German

mpkfa
Член од
12 август 2009
Мислења
6.441
Поени од реакции
6.096
Shaun of the Dead (2004)

Во време кога најдобрите комедии се веќе направени (и гледани :)) експериментирањето помеѓу хорор и комедија жанрот како новост (сеа не е некоја новост 2004 али ипак во 21 век) мене ми се допадна ,и тоа e добредојдено од моја страна:).Британциве стварно се цареви за комедии иако филмов не е некоја комедија како легендаринте Only for fools and horses(во смисла да те скине од смеење) туку има и смешни и акциони и на моменти "грозни" сцени.И фала богу што нема филмски клишеја како ....ако кажам ке биде спојлер затоа што ги нема :).Него сториајва ке ја ископирам од имдб затоа што нема смисла да преведувам и да го пишам истото кога се надевам сите разбираме англиски(бар се надевам :))
-A man decides to turn his moribund life around by winning back his ex-girlfriend, reconciling his relationship with his mother, and dealing with an entire community that has returned from the dead to eat the living.

8.5/10
 

Vejzz14

-Genin of Konohagakure-
Член од
15 мај 2010
Мислења
21
Поени од реакции
0
Prince of Persia the Sand of Time - Базиран Филм на Играта Prince of Persia The Sands of Time и нешто и од Warrior Within и The Two Thrones
Shrek Forever After - Крајниот дел од серијата на филмовите Shrek
 
Член од
28 јануари 2007
Мислења
9.850
Поени од реакции
1.559


Chloe (2009)

Забегано филмче , јак трилер :) не е нешто нај нај , невидено или незнам шо , ама онака ми се бендиса оти не е многу предвлидлива приказната, интересно се измешани случките и настаните , и уствари со тоа ќе те направи да го гледаш филмот до крај. Вреди да се изгледа онака за ќеф , без премногу очекувања дека ќе биди нешто спектакуларно.
 

Maryah.C

Be a bee
Член од
9 јуни 2006
Мислења
4.001
Поени од реакции
710

Испреплетеност до в крај. Интриги, љубов, предавство,ривалства и целосен пресврт во животот на сестрите Болејн ( Скарлет Јохансон и Натали Портман :vozbud: )
Приказна за кралот Хенри VIII за чија љубов се борат сестрите а од друга страна луѓе болни за слава.Доаѓа до распад на католичка црква и целосно се менува ликот на Англија. Вреди да се погледне, 2 саати нема да бидат потрошени залудно.
10/10
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Unthinkable.


Семјуел Л. Џексон толкува улога на истражител од најлош вид, под тоа се подразбира при испитувањето осомничениот нема никакви права и се е дозволено. Најдобра реплика ми е кога ќе му речи агентката од ФБИ дека мачењето е непрактични и неефиксано, а неговиот одговор ќе биде: Затоа го употребуваат од почетокот на времето. Многу добар нов трилер сега малку има болни работи мачење ова она ама дава многу добра порака.
 
Член од
22 септември 2008
Мислења
412
Поени од реакции
32
Hachiko: A dog's story (2009)

hachiko_a_dogs_story.jpg

Драма базирана на вистинска приказна за еден професор кој наоѓа напуштено куче на железничката станица и го вдомува со намера да го врати на сопствениците, но семејството одлучува да го задржи. Станува збор за куче од расата Акита, интелегентни и верни на своите газди.

Секое утро, Хачи (кучето) го испраќа професорот до железничката станица, од каде професорот оди на работа и потоа се враќа дома. П
опладнето, 2 минути пред да пристигне професорот, Хачи тргнува на железничката станица за да го пречека. Но за жал, еден ден, професорот умира и не се враќа на железничката станица, каде Хачи го чека. Од тој ден, секое попладне во наредните 9 години, Хачи застанува на истото место чекајќи го професорот да излезе од железничката станица.
 

Fallen`Angel

Im Gotham's Reckoning
Член од
26 мај 2007
Мислења
5.658
Поени од реакции
75


Antichrist

Ова е меѓу најболните филмови некад напраени, не е за сечии очи и на моменти е стварно тежок за гледање, целиот филм иде од лошо на полошо!

Ич не ме бива за рецензии али у кратки црти филмот е за маж и жена што го губат детето, и последиците што ги доживуваат .. да видите за што све се способни лугето да направат .. ако мислите дека холивудски срања ко Saw или Hostel се тешки за глеање онда ништо не знаете !
Ова е веројатно едини тотално оригинален хорор некад напраен!

Моја оценка : 1000/10 ..
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.804
Поени од реакции
12.295
La Horde 2009
Кратко и јасно, да знаев каков филме-не би го гледал. Ме потсеќа на (исто така лошо направен) филмот Plane Dead само што дејствието се одвива во зграда во Париз (и француски е) -банда и полицајци во борба против зомби. Побрзи од Нео во Матрикс, поснажни од Супермен...Ради потрошеното цд и времето за кое можев да одмарам (иако на имдб има оценка шеска) ај нека е отприлика 2/10.
 

vXa

Член од
1 март 2009
Мислења
126
Поени од реакции
35
9 DEAD (2010) - Иако дејството на филмот 98% се случува во иста просторија, барем мене ми беше интересно. Се работи за тип кој затвара во една просторија 9 души кои меѓусебе се некако поврзани и на секој 10 мин ако не откријат на кој начин се поврзани убива по еден па после мора да сватат и за него како е поврзан. Сега да не го раскажувам цел, јас би ви препорачал да го погледнете.
 

Qwerty!

Knowledge is power:O
Член од
28 јуни 2008
Мислења
803
Поени од реакции
11
undisputed3.jpg

Акција,која се сними во 2 затвори,Бојка главната улога го моли неговиот менаџер да го носат во затворот во Грузија да се тепа со најдобрите тепачи на светот,има 1 ,2 дел но овој најмногу ми се допадна
 

Kajgana Shop

На врв Bottom