Последен гледан филм со кратка рецензија

Член од
30 март 2009
Мислења
251
Поени од реакции
20


Конечно го најдов да го гледам филмов, кој е сниман според бестселерон на Дона Крос, Папата Јована - Pope Joan
Книгата ја прочитав пред многу години, и колку што се сеќавам од книгата, речиси се е пренесено на филмот.
Вреди да се погледне, че ги интересира сите што ја имаат прочитано книгата
 
I

Intex

Гостин
K-Pax (2001)



Прот е пациент во психијатриска установа кој тврди дека е вонземјанин од планетата K-Pax. Опишува што како се живее на неговата планета, успева дури и во НАСА да им покаже каде се наоѓа неговата планета, и сите остануваат запрепастени. Се до моментот кога кажува дека си иде дома .....
Кевин Спејси е во улогата на вонземјанинот Прот, и улогата ја глуми совршено. Џеф Бриџис е неговиот психијатар, и некако премногу вештачки глумеше он.
Да не ја должам многу.
Оценка: 9,5/10

The prestige (2006) vs. The illusionist (2006)



Ги гледав двата еден по друг, и и двата се драма/мистерија на ниво. Сепак мене повеќе ми се допадна The prestige, може оти нејќам филмови со романтични елементи, а во Илузионистот има доста романса.

Престижот е за борбата меѓу двајца екс пријатели, сега најголеми противници, кој ќе има подобар трик. Но, борбата излегува од сцената и се замешуваат прсти и во приватните животи. Главни улоги се на Кристијан Бејл и Хју Џекмен. Бејл има улога на роден талент магионичар, а Џекмен е копирач.
Вреди да се погледне.
Оценка: 9,5/10

Вториот беше исто добар, но не по мој вкус, погоре кажав зошто. Романтичните елементи во филмови никогаш не ми биле по вкус, па ....
Едвард Нортон и Џесика Бил во главните улоги. Ѕвер и „ѕвер“. :D
Како дете Нортон е сиромашен магионичар, а девојката е од грофско семејсто. Ќе си се заимаат, ама семејството на девојката не им дозволува да се заедно. Колку секојдневно, и веќе видено. Се до моментот кога ќе .....

Оценка: 9/10
 

Vlatko_Gjorce

Ѓубре
Член од
17 април 2009
Мислења
2.560
Поени од реакции
2.524
caddyshack.jpg

Caddyshack (1980)
Безвезе комедија од 80тите на тема голф, со Chevy Chase , Rodney Dangerfield , Bill Murray кој прави будала од себе у филмов, глуми деген кој е опседнат со една кртица. Штета што не се подобро искористени глумциве...Глуп хумор, 2-3 пати дали се насмеав...На ИМДБ е преценет има 7.3
4.5/10 од мене
 

zee German

mpkfa
Член од
12 август 2009
Мислења
6.437
Поени од реакции
6.085
Requiem for a Dream (2000)

Не ми се верува дека цел 1 час и 40 минути буквално не трепнав додека го гледав....Ова досега не ми се има случено со ниеден друг филм....На моменти бев наежен и згрозен до степен што Saw не му равен во таа смисла....Kоја психа значи ја има Аронофски штом го екранизирал ова,ретко кој може да му парира воопшто. Сеуште не сум свесен што филм гледав....Абе какви кампањи против зависности од тешки дроги и слични срања ,филмов да се воведе задолжително да се гледа во школо....Заеби тоа сеа,скринплејот феноменален ,ваква сторија дефинитивно неможе подобро да се прикаже за соништата на 4ри амбициозни луѓе,кои ке почнат да се уништуваат поради нивната зависност од дрога....
тоа апчињата за слабеење,одвикнувањето од нив,ампутацијата на раката...проституцијата за нова доза.... едноставно ме остави без зборови,не дека незнаев за тоа туку како сето тоа беше прикажано

Саундтраков за крај-:icon_neut
феноменален од сите погледи филмов,музика,глума скринплеј...
10/10
 
С

Спенсер

Гостин


Кога ја видов "најавната" слика,си помислив уште еден амерички филм,во кој нивните маринци,се воздугнуваат до небо... но потоа,малце подобро разгледав и го пуштив филмот...

добар филм,можеби некој ке рече досаден,но важна е фората во филмот... почит,чест,верност... на моменти се наежував,на некој сцени...
 

Maryah.C

Be a bee
Член од
9 јуни 2006
Мислења
4.001
Поени од реакции
710


Двојката ми направи повеќе мерак од првиот дел .( можда зашто првиот го гледав набрзина ). Всушност започнува 2 години подоцна од каде што завршува првиот дел со свадбата на Стенфорд и Ентони и тука се појавува и Лајза Минели која ќе ја испее Single Ladies:pos:.Освен неа на кратко се појавуваат и Пенелопе Круз и Мајли Сајрус колку што забележав. Во текот има некои сплетки особено кога одат во Абу Даби и мора да се придржуваат до тамошниот закон што нормално е проблем за Саманта.
Кој е за опуштање може да го погледне.
 

Круме

Life, Get One!
Член од
28 март 2010
Мислења
449
Поени од реакции
32
Поплава напраив дома од плачење... А обично не плачам на филмови. Ама шо да праам кога сум кучкар... Многу тажен филм... кучето... ПРИКАЗНАТА... :place::place::cry:
Има у еден мал град еден професор шо секој ден оди на работа со воз... И ќе си најде куче, и многу ќе си се сакаат. И кучето научи дека секој ден професорот(газдата) се враќа во исто време со воз. И секој ден кучево ќе го чека... Арно ама
еден ден, професорот нема да дојде...
:place::place::cry:





 

Красулка

Replay & Undo
Член од
3 јануари 2009
Мислења
1.508
Поени од реакции
1.157
Прегледај го приврзокот 30027


The Legion

Интересно филмче за апокалипсата и причините поради кои настанува апокалипсата.Целиот настан се случува во едно местенце(пуста пустелија) и луѓето кои случајно се затекнати таму.
На ним им преостанува да се борат за својот живот, а за еден живот посебно.
Мислам дека вреди да се погледне

9/10
 

Anne.

~
Член од
4 декември 2009
Мислења
4.629
Поени од реакции
10.284
Wanted 2008

Го изгледав филмчево пред негде помалку од еден саат. Немам зборови. Само колку добро направено. Уште ако се земе во предвид и изборот на глумците.......
Базирано е според истоимен стрип. Постои братство кое што верува дека судбината преку платното што го ткајат им дава насоки за тоа кого треба да убијат за да бидат спасени стотици животи. Братството го зема Весли Гибсон да го обучи за убиец кој треба да убие поранешен член на Братството што застранил.
 

Vespertine

The Ugly Duckling
Член од
22 септември 2009
Мислења
2.932
Поени од реакции
3.387
Requiem for a Dream (2000)

Не ми се верува дека цел 1 час и 40 минути буквално не трепнав додека го гледав....Ова досега не ми се има случено со ниеден друг филм....На моменти бев наежен и згрозен до степен што Saw не му равен во таа смисла....Kоја психа значи ја има Аронофски штом го екранизирал ова,ретко кој може да му парира воопшто. Сеуште не сум свесен што филм гледав....Абе какви кампањи против зависности од тешки дроги и слични срања ,филмов да се воведе задолжително да се гледа во школо....Заеби тоа сеа,скринплејот феноменален ,ваква сторија дефинитивно неможе подобро да се прикаже за соништата на 4ри амбициозни луѓе,кои ке почнат да се уништуваат поради нивната зависност од дрога....
тоа апчињата за слабеење,одвикнувањето од нив,ампутацијата на раката...проституцијата за нова доза.... едноставно ме остави без зборови,не дека незнаев за тоа туку како сето тоа беше прикажано

Саундтраков за крај-:icon_neut
феноменален од сите погледи филмов,музика,глума скринплеј...
10/10
Сите паѓаат на овој филм. Мене ми е најобичен. Еднаш го гледав после инсистирање од пријатели што као гледаат добри филмови, и не видов ништо посебно. Сценариото е просто, сите се дрогираа и накрај сите се заебаа, нормално. Вакви случки има и у живо да гледаш секој ден. Ако сакате добар џанки филм гледај Trainspotting (1996).
 

Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
Low abiding citizen



До некаде сличен на Se7en, меѓутоа не толку добар како тој. Сличен во смисла дека публиката е на страната на the bad guy, во дел од филмот. Оној кој е на страната на Gerard Butler у целиот филм, треба сериозно да си ги преиспита своите психопатски мотиви. Едноставно мораме да му се дивиме на неговата генијалност и да плукаме по неговата бруталност. Ако се гледа пошироката слика, дефинитивно со пропаѓање на правниот систем, ќе добиеме цела армија од вакви луѓе.
 
С

Спенсер

Гостин


Чикалито... не трепнав!!! многу добар филм,работен според вистински настан... генерал,полковник,форензичар,упорност,воља,верба,верност.... тоа е добитната формула :)
 

D-r-ot

од поликлиника
Член од
8 јануари 2009
Мислења
3.360
Поени од реакции
941


Invictus (2009)

Можда некој претходно го споделил, но филмов вреди да се изгледа... Одлична сторија за Мандела, и за состојбата која владееше кога стана претседател на ЈАР. Зошто луѓето велат дека спортот ги обединува нациите? :)
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.643
Поени од реакции
34.057
K-PAX (2001)

:cuc: :cuc: :cuc:

Oбично Jeff Bridges ми е некако одбивен но деновиве изгледав 2 со него и ме задоволи. Во овој со комбинација со Kevin Spacey ѕверот, филмиште! Која глума човече, секоја чест. Во секој филм како првпат да го гледам и ме изненадува all over again. Секоја чест. Рецензија нема да напишам за овој, дека скоро на секој му е гледан, а на кој не му е, не планирам ни мал процент од забавата да му уништам. A MUST SEE! На момент некаде ме потсети на А men from earth.

100/10. По мој вкус филм. Messed up. Браво.

Arlington Road (1999)

Вториот филм со Jeff Bridges деновиве. Ми се допадна и овде глумата, знае да побуди емоции, да се поврзе со приказната, да се соживее. Но немаше некако многу хемија помеѓу него и Tim Robbins, неговиот комшија за кој мисли дека е терорист. Класичен трилер за кој вреди 2 часа потрошени. А под класичен трилер мислам на оние со елементи на акција. Расплетот иако ѕверски, имаше премногу трчкање и коли обраќање за мене. Не сум многу голем фан на жанрот акција. Но сепак крајот е задоволителен како што и заслужува еден добар трилер. Невозможно е да не допре до вас, да ве потресе.

8/10.

Аngel Heart (1987)

Mickey Rourke и Robert DeNiro сосема на место. Солидна приказна која создава феноменална тензија и мистерија која ве држи во неизвесност до самиот крај. Приказната започнува каде ДеНиро го најмнува Рурк како приватен детектив да го пронајде Johnny Favourite поради "неплатени сметки". Како што повеќе се одвиткува приказната така станува се поинтересна. Го има хорор стилот својствено за годините кога е правен филмот. Филм кој вреди да се погледне.

9/10.

Hachiko, a Dog's Story (2009)

Ако сакате нешто во ваков стил, подобро одете со Marley and Me. Содржи иста доза на драма, исто ниво на емотивно моменти, само повеќе забава е до самиот крај. Повеќе допадливи и симпатични глумци и побрзо лета времето. Во овој Richard Gere даде се од себе, и стварно немам замерка за глумата. Приказната доста допира. Стварно ја дефинира врската помеѓу луѓето и кучињата и ја оправдува "a men's best friend" етикетата. Прикажува лојалност и everlasting љубов. Ќе бидете допрени. Фино филмче all in all.

7/10.
 
Член од
9 јуни 2010
Мислења
2
Поени од реакции
0
DEFIANCE



Ако сакате филмови со содржина од втората светска војна мислам дека ќе ви се допадне овој филм. Филмот е базиран на вистинска приказна, нема многу акција, повеќе е драма и според мене содржи доста емотивни моменти. Уживајте :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom