Последен гледан филм со кратка рецензија

Coca Cola

Пашламарка
Член од
4 јануари 2009
Мислења
974
Поени од реакции
1.602

Му влегов на филмов без да знам НИШТО.

Па нема нешто појако од тоа да трефнеш филмче, скриено овака и да ја изуживаш секоја секунда од него.

Гледам не е спомнат тука на форумов така да топла препорака за сите филмомани, уникатен ПРОДУКТ :)

10/10 од мене.
 

macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.835
Поени од реакции
1.591
Бизнис на задоволството.


Одличен конечно нешто поразлично од она што сме навикнати за македонски филм.
Елени е во потрага по главните трговци со бело робје во Македонија , а како мотив и е нејзината другарка Дрита. Во целата мислија ќе и помогнат браќата на Дрита . Одличен напнат држи внимание и еден од ретките македонски филмови без голотија.

 
Член од
28 ноември 2022
Мислења
436
Поени од реакции
794
Gladiator II //2024//

Svezo mislenje ,,po izgledana premiera,, vo Cineplexx.
Mozam da kazam ,,totalen neuspeh,, od film. Sekoj koj go gledal prviot del, vtoriot ke mu e ,,limunada,,. Toj sto ne go gledal ,,kecot,, , ,,dvojkava,, moze ke mu e ,,interesna,,.
Nalikuva na Netflix film, bez precizen koncept, skokanje niz temata, itd. Nema ,,mokjnost,, nema ,,sila,, vo ovoj film. Kako edna ,,light,, evtina prikazna.

Snimen ,,na stara slava,, chisto za biznis.
Se razocaravme : (
Ocenka od mene: 6.2/10 //zaradi trudot//
 

macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.835
Поени од реакции
1.591
Soul man
Не бе нема повеќе вакви филмови и комедии крај.....
Мајк тинејџер кој е примен на Хардвар и еден проблем како да ги покрие студиите за кој татко му одбива да плати. Соочен од желбата за студирање ќе аплицира за стипендија која е наменета за црнци па тој ќе ја лажире бојата на кожата за да ја добие истата и започнува вистинска мешаница.
Од мене 8 одамна не сум се смеел така
 
Член од
12 март 2024
Мислења
238
Поени од реакции
412
The Assassination of Jesse James by the Coward Robert Ford (2007)

Понов Вестерн во кој Бред Пит го глуми Џеси Џејмс, и како и секој бандит, кога-тогаш го фаќа параноја и почнува да ги ликвидира и тие кои до вчера пљачкаа со него за да не го продадат на властите за пари.

Роберт Форд и брат му се од неговата банда, и сите тројца знаат дека некој од нив ќе загине од другиот иако живеат заедно во илегала, јадат и пијат на маса. Ако нешто значи, приказната е на основа на вистински настани.

Напнато и меланхолично филмче, би препорачал да се изгледа барем еднаш.

7/10
 
Член од
12 март 2024
Мислења
238
Поени од реакции
412
Spartacus (1960)

Режија на Кјубрик и Трамбо (од прво Трамбо не е кредитиран заради политичкиот прогон врз него).

Се работи за бунтот на Спартак против Рим во прв век п.н.е., кога група робови заедно со Спартак се ослободуваат и неочекувано стануваат голема закана по Римјаните.

Кирк Даглас го глуми Спартак, и ок е, но Спартак како карактер скоро и да нема маани, со што и самиот Кјубрик има проблем, прикажан е скоро со некој модерен морален компас што е неверојатно за тоа доба. Кјубрик имено не го ни сметал овој филм баш како "негов", во смисол на тоа дека и Даглас и Трамбо имаат голем удел.

Лоренс Оливие е феноменален во улога на Crassus, по мене, најдобра глума во филмот, и го доловил ликот (колку што е тоа можно) како е опишан во постоечка литература - тврдокорен, суров карактер. Питер Устинов е исто феноменален, има добиено и оскар за неговата улога. Филмот има добиено четири оскари.

Супер филмче, малце долго, но вреди. I'm Spartacus моментот мене ми е кринџ но за кого како.

8/10
 

macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.835
Поени од реакции
1.591
Dear santa (2024)

Доста интересен и релаксирачки филм. Смешен но исто толку и тажен и да те замисли.
Едно дете со дислексија адресира писмо до дедо мраз ама ќе го напише порешно па писмото стасува до ѓаволот кој ќе му исполни 3 желби во замена за неговата душа.
Ми се допадна 8/10.
 

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.287
Поени од реакции
30.613
Wolf of Wall Street
1736406632367.png
Без конкуренција најлошиот Скорсезе филм.
Филм за банда дегенерични евреи што се богатат на туѓа несреќа.
3/10
 
Член од
29 септември 2013
Мислења
869
Поени од реакции
1.866
Emilia Pérez (2024)

1736410452966.png

Чисто сакав да видам што е фамата со филмов, пошо извикан ептен, а и номинации има(ше) бајаги ( не дека номинациите и наградите се некој репер последниве 15 години).

Како за човек кој не сака мјузикли, ама La La Land ми е еден од омилените филмови, за Emilia Pérez би рекла дека е чуден филм. Woke во секој случај, иако е правен според мотиви на романот од 2018 на Boris Razon - Écoute, и да излезел пред 20 години можеби ќе бидел врв, ама сега е woke shit.

Кратко, мексички нарко бос (Манитас дел Монте) сака да стане транс (Емилија Перез) *(актерката што ги игра и двете улоги е транс - Карла Софиа Гаксон) иако пред 2 години започнал со мали промени. Ја најмува адвокатката Рита Мора (Зое Салдања) да му ги избрка сите работи за да ја направи транзицијата/сите операции во тајност и да ги реалоцира неговото семејство во Швајцарија и за да се прогласи офицјално Манитас како убиен од противниците. Улогата на сопругата на Манитас (Џеси) ја игра Селена Гомез и е ужасна. Најужасен шпански што сум слушнала од амерички актер,која патем е и полу макесиканка.


Откако ќе ја направи транзицијата следува искупување на Емилија, за се' што направила како Манитас, па основа NGO за да пронаоѓање на жртви ликвидирани од сикариос и си живее со полни гради како жена.



3,5/10
 
Член од
21 јануари 2022
Мислења
419
Поени од реакции
2.216
Abigail



Филм со заложник, девојче-балерина која ќе испадне дека не е тоа што мислеле грабнувачите. Забавен хорор-комедија за тепање време. Многу крв и гадни сцени.

6/10

The last stop in Yuma county



Тарантино од Али Експрес :) Уште една заложничка драма во која никој не е главен лик. Малце ми е празен филмов, но да не откривам премногу детали, исто така забавен за тепање време.

6/10
 

Kajgana Shop

На врв Bottom