Последен гледан филм со кратка рецензија

Песимист

Добро информиран оптимист
Член од
11 ноември 2008
Мислења
1.676
Поени од реакции
181
Matchstick Men

Ех интересен филм мајката на крајо ногу интересен испадна ногу добри звуци имаше у филмо собено(за тие шо ке го глеат) моментите кога Кејњ го тресе цигарето хаха инаку Кејњ иако на моменти се познаваше колку само се напнува околу улогата одма со другата сцена го поправеше тоа мене искрено ми се допадна филмо ке му даам 8/10 Ради приказната шо и не е толку лоша и Кејџ а не му даам повеке ради Sam Rockwell оти после зелената миља ногу ми е антипатичен типо...Инаку да допунам со една реченица за филмо они двајцата се партнери и живеат од превари со бари лажат мотат ама се тоа на интелигентен начин и се оде совршено додека Кејњ не си ја запознае" керка му" за прв пат кога она веке има 14 години ....натаму гледајте..
 

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.894
Поени од реакции
6.966
Во недостаток на добри филмови брцнав малку во колекцијата и извадов една класика: Back to the future 1. Што да се каже за филмот повеќе од она што го кажува оценката на ИМДБ (8.4/10)? Одлична приказна, иако на моменти неиздржана, ама целата реализација со Мајкл Џ. Фокс и Кристофер Лојд е едноставно неповторлива. По којзнае кој пат го гледам и не ми е здосаден. Нема што многу да пишувам за содржината бидејќи верувам дека сите го имате гледано.

 

Песимист

Добро информиран оптимист
Член од
11 ноември 2008
Мислења
1.676
Поени од реакции
181
Во недостаток на добри филмови брцнав малку во колекцијата и извадов една класика: Back to the future 1. Што да се каже за филмот повеќе од она што го кажува оценката на ИМДБ (8.4/10)? Одлична приказна, иако на моменти неиздржана, ама целата реализација со Мајкл Џ. Фокс и Кристофер Лојд е едноставно неповторлива. По којзнае кој пат го гледам и не ми е здосаден. Нема што многу да пишувам за содржината бидејќи верувам дека сите го имате гледано.

Еден мал офф топик -јас не го иам гледано и не ми значи ништо оценката на имдб оти ногу често дават акцент на $ заработката и на некој споредни работи отколку на вистински квалитет -не викам дека и овој е таков ама у последно време ретки се исклучоците.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Gamer.



Баш сега го догледав инаку многу добар филм. Вака сега, ова е филм за игрите во иднина каде што едно човечко суштество можи да управува со друго, одлична акција со намерно пресликување на елементи од денешниве компјутерски игри. Добра приказна со добри дигитални визуелни ефекти, на моменти да го фати човек смеа како тоа забегано сценаристите ги имаат прикажано некои сцени ......
 

Песимист

Добро информиран оптимист
Член од
11 ноември 2008
Мислења
1.676
Поени од реакции
181
WRONG TURN AT TAHOE
Мрзе ме да пишам па затоа еве ви трејлер не е лош филмот ама ме нервира кога у пуцаљка филм пробуват да доловат некоја длабочина да те натера да размислуваш и кога не успеат .....у секој случај 6.5/10
 
I

Intex

Гостин
The boondock saints



По стоти пат го глеам филмот и не ми е досаден. Одлична приказна, со одлична актерска екипа, прекрасна музика, феноменална филозофија. (се во суперлатив е**го)
Приказна за двајца браќа кои „добиваат„ порака од Господ. Пораката ја сфаќаат како демек они се избрани од Господ да го исчистат Бостон од мафијата. Те тера да размислуваш дали тоа што го прават е добро или не, а целта на секој филм треба да биде да те стави во размислување, а овој целосно те задлобочува во приказната. :)
 

Песимист

Добро информиран оптимист
Член од
11 ноември 2008
Мислења
1.676
Поени од реакции
181
World Greatest Dad
http://www.youtube.com/watch?v=5PkGTjZccNE
Дали јас беше со премали очекувања за филмо или е стварно добар ко ке го гледате трејлеро ке помислете исто шо и јас уште една глупа комедија и без веза филм мене уопште не ми беше комедија филмо баш ок филм Верувајте трејлеро е само онака инаку нема врска со филмо....Ко ке имате прилика гледајте го верувам дека на сите би се допаднал.
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Gamer.



Баш сега го догледав инаку многу добар филм. Вака сега, ова е филм за игрите во иднина каде што едно човечко суштество можи да управува со друго, одлична акција со намерно пресликување на елементи од денешниве компјутерски игри. Добра приказна со добри дигитални визуелни ефекти, на моменти да го фати човек смеа како тоа забегано сценаристите ги имаат прикажано некои сцени ......
И јас сакав да пишам рецензија за филмов, ама еве можам да се надоврзам на твојата, бидејќи подобро ќе биде така.
Како прво, филмов е навреда за сите гејмери, премногу е стереотипен. Мислам алоооо, дебел мрсен човек кој контролира топ женска во онлајн игра?
Тоа е клише број еден ебате, можеле нешто друго да смислат.
Клише број 2, гејмер кој контролира човек во вистински Counter-Strike, па уште се пали на убиствата кои што се случуваат таму, на разлетаните парчиња раце, глави итн... Јас можам да си замислам дека еве ти, на пример, мислиш дека и такви се децава денес - али верувај, не се. Навреда е кога некој ќе ги портретира такви во филм, ебате, не се сите психопати како оние што идат и стрелаат 20 души во нивното средно школо.

Од технички аспект, Michael C. Hall ја одигра улогата до перфекција, поготово сцената каде што се покажа и неговиот феноменален Бродвеј талент (разбрав дека бил на Бродвеј дечкото пред ова). Другиве, кога ќе ви кажам дека Лудакрис глуми супер-интелигентен хакер во сериозна улога, знаете дека нешто погрешиле тука режисериве со изборот на глумци.
И иако целата идеја тргнала добро, сепак реализацијата го прави овој филм од Б-продукција.

Да не ни го спомнувам крајот, после кој само ќе бидете со фаца "What the fuck just happened", и тоа не на оној добар, изненаден, The Usual Suspects kinda way.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Тоа е клише број еден ебате, можеле нешто друго да смислат.
Клише број 2, гејмер кој контролира човек во вистински Counter-Strike, па уште се пали на убиствата кои што се случуваат таму, на разлетаните парчиња раце, глави итн... Јас можам да си замислам дека еве ти, на пример, мислиш дека и такви се децава денес - али верувај, не се. Навреда е кога некој ќе ги портретира такви во филм, ебате, не се сите психопати како оние што идат и стрелаат 20 души во нивното средно школо.
Супер е филмот критички настроен до немајкаде, еве те погодил тебе конкретно. Се смеев доста на него а за клишеата мислам треба да ги погодиш во сржтта и да биде оригинално.
Јас немам видено ваков филм кој што сери толку многу врз компјутерските игри и гејмерите, сери ама позитивно. Посебно за сцените што буквално се преснимани од GTA толку шминкерско-шарена сценографија немам видено......
Се смеев доста на него посебно крајот и балетот таму што беше.....

За болдираното можеш да замислиш дека јас можам да замислам, знам какви се играчите на компјутерски игри, знам доста со голема генерациска разлика, ама самата преверзност на предебелиот играч ме насмеа ништо повеќе, тоа е оригинално болна перверзна сцена, и сценаристот или сценаристите си ги имаат заработено своите пари.

Друго ако забележа онлајн секс состаноци тоа ти е не знам мора да се гледа филмот а јас и ти веќе премногу раскажавме од него.
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245


Денеска изгледав уште едно анимирано филмче кое се бори за номинација на Оскарите. Искрено има доста јака конкуренција годинава, да не ги набројувам и филмовите кои се‘ уште не сум ги гледал а се во трката. Значи според мене дефинитивно сега за сега UP ќе ја добие наградата, но сепак со текот на времето ќе ги изгледам и другите филмови т.е оние од кои мислам дека ќе добијам повеќе се „The Princess and the Frog“/„A Christmas Carol“ и „Fantastic Mr. Fox“ (поради тоа што ја обожавам stop-motion анимацијата).

На овој филм приказната многу ме воодушеви, интересна замисла за едно филмче за еден научник кој отсекогаш бил одбиван од луѓето и непосакуван од сите, па доаѓа до една идеја низ неговиот мал град да направи дожд од бургери (најпрвен). По првиот обид, населението се заљубува во идејата и барањата за храната се огромни, па така ќе има дожд од три дневни мениа, како и во зимскиот период, дожд од сладолед направен како снег во разни бои.

Предобра анимација, навистина преубав филм. :wub:

8/10 моја оценка

*Засега топ листа на анимирани филмови од годинава:

1. Up
2. Coraline
3. Cloudy with a Chance of Meatballs
4. Monsters vs. Aliens
5. Bolt
 

zee German

mpkfa
Член од
12 август 2009
Мислења
6.437
Поени од реакции
6.085
The boondock saints



По стоти пат го глеам филмот и не ми е досаден. Одлична приказна, со одлична актерска екипа, прекрасна музика, феноменална филозофија. (се во суперлатив е**го)
Приказна за двајца браќа кои „добиваат„ порака од Господ. Пораката ја сфаќаат како демек они се избрани од Господ да го исчистат Бостон од мафијата. Те тера да размислуваш дали тоа што го прават е добро или не, а целта на секој филм треба да биде да те стави во размислување, а овој целосно те задлобочува во приказната. :)
Го спуштам во blu-ray :tv: моментално
 
Член од
6 јуни 2009
Мислења
3.094
Поени од реакции
445
На овој филм приказната многу ме воодушеви, интересна замисла за едно филмче за еден научник кој отсекогаш бил одбиван од луѓето и непосакуван од сите, па доаѓа до една идеја низ неговиот мал град да направи дожд од бургери (најпрвен). По првиот обид, населението се заљубува во идејата и барањата за храната се огромни, па така ќе има дожд од три дневни мениа, како и во зимскиот период, дожд од сладолед направен како снег во разни бои.

Предобра анимација, навистина преубав филм. :wub:

8/10 моја оценка

*Засега топ листа на анимирани филмови од годинава:

1. Up
2. Coraline
3. Cloudy with a Chance of Meatballs
4. Monsters vs. Aliens
5. Bolt
Bolt е од лани. Имаше дури и номинација за оскар. Помина.

Знам негде поназад спомна номинации за оскар во рецензијава на цртаниве. Веројатно и листава ја поврзуваш со номинациите за Оскари. Тие номинациите за анимиран филм зе зафрканти.
Најдобар избор имаа во 2003 (избираа филмови од 2002) кога имаше дури 5 номинирани цртани, од кои еден јапонски, од Мијазаки. И анимето го зеде оскарот. Од тогаш, се по 3 номинации, и сите американски цртани. И досега од 8 избори за анимиран долгометражен, Пиксар добива 4 пати. Нешто не како што треба.

Од оваа година, Up и Coralaine се подобри. Овај Meatballs мислам дека гледав едно трејлерче, не ми се допадна многу, ама ај ќе го изгледам некој ден.
А Monsters vs. Aliens (и овај не сум го гледал) e Dreamworks продукција. А тие, освен Shrek 1 немаат ништо поасално направено. Ќе го изгледаш филмот еднаш два пати, ќе се насмееш троа и толку.

А за Bolt, веќе имам кажано, влегува по серијата Chicken Little, Meet the Robinsons и Bolt (последни цртани на Дизни) кои и не се толку добри споредено со постари цртани од Дизни.
Дизни има повеќе филмови со кучиња (моментално се сеќавам на 3 - 101 Dalmatins, Lady and the Tramp, Oliver), нормално секој со своја соржина. Во Болт некако не ми иди мисла дека е оригинален. Како да мешале, или рециклирале од сите 3 и уште од некој друг, па ставиле нешто ново и ете го. И стигнаа до номинација.

Оти не беше номиниран Ponyo на Мијазаки. Оти англиската верзија излезе дури 2009та.
А не се само цртаните на Мијазаки толку добри, има секакви чуда (а има и глупости).

Не сум некој голем гледач на овој жанр, малку имам гледано ама од тоа што имам, имам видено нешто што заслужува и еврпски и американски награди.
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Супер е филмот критички настроен до немајкаде, еве те погодил тебе конкретно. Се смеев доста на него а за клишеата мислам треба да ги погодиш во сржтта и да биде оригинално.
Јас немам видено ваков филм кој што сери толку многу врз компјутерските игри и гејмерите, сери ама позитивно. Посебно за сцените што буквално се преснимани од GTA толку шминкерско-шарена сценографија немам видено......
Очигледно е дека не знаеш што збориш, кога го гледав филмов, баш си ја замислив целната публика и се прашував како ли ќе им објаснам на другиве која е таа.
Али еве ја, луѓе кои немаат појма од гејминг, кои мислат дека секој што игра GTA е садиста кој сака да коле и тепа луѓе со палки.
Чисто колку за твое инфо, сцената од Society беше фузија од игри како Sims и World of Warcraft сличните, а не од GTA серијалот.
И за твое понатамошно инфо, GTA се исмејува на криминалот и сите тие ликови кои ги решаваат работите со насилство, а не го поддржува тоа.
Е сега што кај нас дечиња од 8 години ја играат и се палат на тоа, не се криви гејмерите ебате, си пишува на играта дека е 15+.

И тука завршува дискусијата, немам намера да се натегам со тебе, бидејќи очигледно мерак ти направиле стереотипиве во филмов. :)
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
И тука завршува дискусијата, немам намера да се натегам со тебе, бидејќи очигледно мерак ти направиле стереотипиве во филмов. :)
Како прво за да биде стереотипно мислењето треба да има повеќе вакви филмови каде што стереотипно се прикажуваат некои работи, ама филмов е единствен до сега и јас претходно вака претставен немам гледано, за GTA слабо ја имаш играно и не можеш да ги препознаеш розовите скутерчиња хавајските кошули итн.
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Како прво за да биде стереотипно мислењето треба да има повеќе вакви филмови каде што стереотипно се прикажуваат некои работи, ама филмов е единствен до сега и јас претходно вака претставен немам гледано, за GTA слабо ја имаш играно и не можеш да ги препознаеш розовите скутерчиња хавајските кошули итн.
Аехахах слабо ја имам играно :devil3:

Каков начин на гледање имаш човече, погледни од страна, значи имало розев скутер и хавајки, значи ја копирале GTA Vice City?
GTA Vice City имаше сетинг во 80ти години, тогаш имало хавајки и розеви скутери, истото го има и во NOLF 1 и 2, и сеа и тие игри ги копирале?

И последната сцена во филмот е на кошаркарско игралиште така, значи мора одлично да ја доловиле и NBA Live 2010. :pos2: <== не го користам ова смајли, али сега не можам, а да не го ставам.

Се збори за КОНЦЕПТОТ, Society беше игра во која ти ИГРАШ некој друг, како што е Sims, и исто така беше онлајн со повеќе луѓе и интеракции, како WoW, The Matrix Online итн итн.
Не ја копирале GTA зашто несакајќи некој ставил розев скутер, а ете истиот го имало и во GTA Vice City, каков начин на размислување ти е тоа?!
Фората со облеките, хавајките и сите тие работи беше да се долови екстравагандноста, која ако на некого му биде дадено да глуми некој друг, како би го облекол, како би се понашал и слично. Што си сфатил ти од филмов бе човече? :helou:

И се користи зборот "репетитивно" за нешто ако веќе било правено во други филмови, додека зборот "стереотипно" е поврзан со поимот "перцепција", односно "стереотипно" значи да ги категоризираш работите врз база на општи атрибути.
Што значи, сите оние вицеви дека позади некој женски ник на мирц, или женски карактер во WoW - се крие дебел попален и перверзен маж. Е, тоа ти е стереотип, кој е овде искористен, прилично глупо и неуспешно.

Сега ваљда ти се разјаснија поимиве, иако не ми беше тоа намерата, бидејќи џабе ако ти ги разјаснам тебе, кога има уште милион како тебе полни со предрасуди и површни мислења и кои ќе го буткаат филмов напред. Затоа и во претходниот пост пишав, тука завршува дискусијата.

Али еве, да ти разјаснам, штетно за тебе ќе биде ако мислиш дека си во право.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom