Последен гледан филм со кратка рецензија

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.620
Поени од реакции
59.444


Nuovo cinema paradiso имдб вели дека филмов е 87 на сите времиња, јас викам дека местото му е во топ 10. Еве зошто: Shawshank redemption и овој се единствените филмови кои ги имав гледано пред многу години, а ми се врежале во сеќавањето како нешто совршено. Се сеќавам дека филмов го имав гледано на Сител многу одамна и конечно вчера го гледав по втор пат. Не знам некој филм да ме погоди толку многу. Има филмови во кои на една или две сцени од филмот ви доаѓаат солзи на очите, филмов е малку поразличен, досега немам сретнато филм на кој ми доаѓале солзи едно 40-45 минути. Тоа се последните 40 минути од филмот. Во овие минути секоја сцена е посилна од претходната просто невозможно е да не пуштите солзи. Нема да ви го расипам филмов со тоа што ќе прераскажувам делови од филмот, погледнете го сами, нема да зажалите. Ќе пишам дека филмов во себе носи еден луп пораки почнувајќи од љубовта, пријателството, искреноста, животот и сите негови предизвици, упорноста, тврдоглавоста, и пак ке завршам со љубовта. Филмов МОРА да го изгледате.
Само да ти се приклучам на препораката. Филмов може не е во ТОП 10 на ИМДБ, ама е во моите ТОП 10, еден од тие што засекогаш ќе останат таму. Вистинско ремек дело.
 
C

Cool Hand Luke

Гостин
Рашомон


Тек сега прв пат го гледав ова. Ноу комент. Ремек дело од филм. Се случува злостор и потоа на суд секој од учесниците си кажува различна приказна. Такви лаги - прав хорор, навистина ужас ме фати од приказните.
На крај сепак вистината излезе на виделина иако не пред судот, и колку толку среќно се заврши. Дури и попот т.е. свештеникот си замина задоволен. :)
Ремек дело на Акира Куросава. Сега може и уште некој од него да погледам.
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.394
Поени од реакции
25.213
Terminator Salvation (2009)

Го чекав на убава снимка, и баш вчера имав прилика да го изгледам. Нема да ја должам многу рецензијата и да раскажам нешто.
Само ќе кажам дека очекував малку од филмот, пред се поради тоа што сум навикнат да го гледам Арнолд Шварценегер, а не некој друг. И Кристијан Бејл е добар глумец да биде главна улога, ама се знае кој е Терминаторот.
И наспрема овој факт, во филмот има многу дупки. Еве, на пример, нема некоја приказна која е подлабоко обработена. Се' ми изгледаше некако површински прикажано, и приказна, и ликовите, и глумата.

Најдобрата страна од филмот е акцијата и ефектите кои се во филмот. Едноставно такви ефекти ретко кога сум видел кај некој филм. Со сараунд фрчат куршуми, бомби, многу добра работа е да се гледа филмов во сараунд. Може колку толку подобро да се долови момент.

Наспрема приказната, филмов ми беше некако предвидлив.
Моја препорака е да го гледате филмов а да не очекувате некоја длабочина во него. Можеби видов само 3-4 сцени кои ме погодија за да дадам поголема оцена на филмот.
Ама филмот е интересен ако сакате да гледате убава акција, да имате убава забава за едно 1 и 46 минути.

Јас би го оценил со 6.5/10, затоа што е далеку полош од другите Терминатори, ама далеку подобар во ефекти. А ако сакате многу забава без притоа да пронаоѓате дупки во приказната, неубаво доловена приказна, гледајте го.
Јас после гледањето се осеќав обично, не бев ни нешто изненаден ради некој пресврт, ама многу добро изненаден од ефектите. Да не беа тие, ни филмот немаше да просперира на некој начин. Незнам и сега колку просперира во заработка, ама којзнае колку е потрошено за да се направи. И тоа е за пофалба, сепак, технологијата оди напред, после ваков филм направен со врвна технологија, оди одма пушти гледај комедија со Роб Шнајдер. Епа немат.
 

G@rfielD

Модератор
Член од
10 февруари 2007
Мислења
10.751
Поени од реакции
9.786
My Fake Fiance



Интересна романтична комедија. Џенифер и Винс се главните ликови во фимлчево, се запознаваат на една свадба. Одбивни се еден со друг, немаат ништо заедничко (на прв поглед)... Но подоцна, сепак, наоѓаат заедничка работа. На двајцата им требаат пари (на Џенифер за да купи ентериер за станот, а на Винс за да подмири стар долг од кој му зависи животот). Но, на Џенифер и доаѓа една луда идеа која би им помогнала да ги решат проблемите: да се верат и да се венчаат, па после да се разведат, а со поклоните и парите што ќе ги добијат од свадбата, да си ги решат своите проблеми. Но играта што почнуваат да ја играат, почнува да излегува од контрола... :)

Да не навлагам уште, сами ќе си видите. Супер филмче кое вредеше да се погледне.

Оценка: 8,5/10
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.394
Поени од реакции
25.213
Сега изгледав уште еден филм - Watchmen.

И сум доволно изнервиран да не кажам ништо за филмов освен тоа што е нула!!!!!

Леле ко ќе ми текнит колку минути поминаја од ко го пуштив. 2 сати и 42 минути.


Се убивам искрено, не научив уште од Fantastic Four дека вакви филмови не сакам. Можда е до мене, ама овај е поглуп и од Фантастик Фор, поглуп и од Бенџамин Батон, поглуп и од Телетабиси и Забранета љубов на А1.

Eдит - за малку ќе ја спуштев таа Director's Cut верзија. Пубо шо не ја спуштив.
 

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Nice chocie!

Прегледај го приврзокот 12166
Филм со многу интересна приказна. Ребека е млада девојка, новинарка, која ужива во купување облека. Меѓутоа проблемите се појавуваат кога сметката од нејзините кредитни картички ќе изнесува 900$, а токму во тој момент таа ќе остане без работа. Откако ќе тргне накај дома ќе се најде во интересна ситуација во која еден млад дечко ќе и помогне таа да го купи последниот зелен шал од еден бутик.
Барајќи работа во моден магазин, таа случајно ќе заврши како новинарка на економско списание, позната како девојката со зелениот шал. Интересно е што менаџерот на списанието е токму дечкото кој и помогна да го купи шалот.
Но, да не го распиваум филмот, останува сами да погледнете како таа ќе се извади од лагите во кои влегува и дали на крајот ќе успее да го отплати својот долг.
Инаку, да типот и типкава на крај ќе завршат заедно
На филмов му давам 9/10 затоа што од време на време има апла невозможни работи.
Прегледај го приврзокот 12167
Инкхарт е филм кој има единствена приказна. Мо има способност кога чита приказни да ги прави реалност. Еден ден, додека и чита приказна на неговата ќерка, тој не знаејќи за својата способност, ќе направи ликовите од книгата Инкхарт да излезат, со што неговата жена ќе влезе во книгата.
Токму тогаш целиот негов живот се менува. Ќе патува 9 години за да најде примерок од книгата со цел да ја врати неговата жена назад. Но со сплетот на околностите, тоа ќе биде невозможно затоа што лошите ликови од книгата ќе го заробат него и неговата ќерка, која ја има наследено неговата дарба.
Сепак, филмов има среќен крај и останува на вас само да го погледнете.
Жена му се враќа назад, и се е како порано
Фимов од мене добива 10/10 затоа што иако е чиста фантазија, успешно се доловени вистинските вредности на љубовта и разбирањето. А највеќе ми се допадна што се покажува дека пријателството може да ја победи дури и себичноста.
 
R

Razorblade Kiss

Гостин
Џимеј хани...I know how you feel :) :)

Во ред,јас моментално сум малку во шок,што збунета што не сфатив некои работи...изгледа ќе треба повторно да го погледнам...



Можеби филмот е инспириран од книгата на Агата Кристи- 10 little indians.

Оцена 7.1 од imdb,јас би му дала 9,и единствената (глупава) причина зошто не му давам 10 е само поради тоа што почнав да мрдам од почеток кога почна филмот. А тоа значи дека не ме приковал до каучот со ширум отворени очи,или пак концентрацијата ми падна од претходното гледање на Тропска горештина :pos2::pos2:(stupid).Чекав чекав и ми здодеа.
И тогаш го видов изразот на мајката на Тими пред да ја удрат со колата. Creepy.
После се приковав.Но...но...нека не ве залаже литиот концепт на писателот на сценариото. Актерите си го прават своето.

Ако сакате ОДЛИЧЕН психолошки трилер,хорор и параноја од калибар-He was,he was!!!!! кажано на таков creepy начин на едно место,ова е вашиот филм.Заплетот и кулминацијата се попаметни одошто концептот на филмчето дозволува,но треба да бидеш целосно внесен во филмот за да го разбереш изопачениот ум.

Е вака...11 странци,
кои подоцна откриваат дека сите се родени на 10ти од месеците
се приморани да преноќат во мотел поради силните монсуни. Еден по еден почнуваат да умираат,по редослед како што само психопат ќе си зацрта :)
Оставајќи ги клучевите од собите зад себе
Мотелските соби според мене се можеби ќелиите во човечкиот ум,на некој начин.
Збунета сум,и возбудена,утре повторно ќе го погледнам,тоа и го посакував,одамна ми требаше некој ваков филм,и ќе го разберев ако негде при крај не изгубев колосек поради глупото одење во вц :)
Последните 10 минути ќе ве остават без здив.
Особено Тими и неговиот рецитал среде пустината на крај. Ебате филмот ебате.
Во ред,можеби ќе беше подобро да не натрупаа толку многу сцени на крајот,и да те остави во бунило,можеби тоа и им била поентата.
Како што вели една рецензија-Identity keeps you guessing until the end.


Морам да го пофалам Реј Лиота,одличен е овде,на него типував уште од самиот почеток и си реков- аха! ти филмчиште,мислиш ќе ме надитриш,знам од првите 20 мин.кој е кој. Всушност....типував на сите,clever,clever folks.

Контра на The Sixth Sense.Наместо-Гледам мртви луѓе,овде е- Не гледам мртви луѓе :)


Во никој случај да не го гледа дете помладо од 13 год.
 
Z

zmej gorjanin

Гостин

Јас сум многу задоволен од филмов, може да се каже дека не е типична комедија која што ќе ве насмее до солзи, ама дур го гледате сигурно нема да ви здосади поради разните ситуации во кои запаѓаат главните ликови за време на нивното патување во Лас Вегас, каде еден од четворицата другари ја прави својата ергенска забава во хотел.

Terminator Salvation (2009)

Го чекав на убава снимка, и баш вчера имав прилика да го изгледам. Нема да ја должам многу рецензијата и да раскажам нешто.
Само ќе кажам дека очекував малку од филмот, пред се поради тоа што сум навикнат да го гледам Арнолд Шварценегер, а не некој друг. И Кристијан Бејл е добар глумец да биде главна улога, ама се знае кој е Терминаторот.
И наспрема овој факт, во филмот има многу дупки. Еве, на пример, нема некоја приказна која е подлабоко обработена. Се' ми изгледаше некако површински прикажано, и приказна, и ликовите, и глумата.

Најдобрата страна од филмот е акцијата и ефектите кои се во филмот. Едноставно такви ефекти ретко кога сум видел кај некој филм. Со сараунд фрчат куршуми, бомби, многу добра работа е да се гледа филмов во сараунд. Може колку толку подобро да се долови момент.

Наспрема приказната, филмов ми беше некако предвидлив.
Моја препорака е да го гледате филмов а да не очекувате некоја длабочина во него. Можеби видов само 3-4 сцени кои ме погодија за да дадам поголема оцена на филмот.
Ама филмот е интересен ако сакате да гледате убава акција, да имате убава забава за едно 1 и 46 минути.

Јас би го оценил со 6.5/10, затоа што е далеку полош од другите Терминатори, ама далеку подобар во ефекти. А ако сакате многу забава без притоа да пронаоѓате дупки во приказната, неубаво доловена приказна, гледајте го.
Јас после гледањето се осеќав обично, не бев ни нешто изненаден ради некој пресврт, ама многу добро изненаден од ефектите. Да не беа тие, ни филмот немаше да просперира на некој начин. Незнам и сега колку просперира во заработка, ама којзнае колку е потрошено за да се направи. И тоа е за пофалба, сепак, технологијата оди напред, после ваков филм направен со врвна технологија, оди одма пушти гледај комедија со Роб Шнајдер. Епа немат.
Не би рекол дека е полош од другите т.е не е полош од тројката, каде целиот филм се сведе на борбата на Шварценегер со една плавуша. Инаку двојката е легендарен и се после вториот дел нема да може да ги задоволи стандардите и очекувањата.
 

SANCTIMONIOUS

Мејд Ин Мацедониа
Член од
21 март 2006
Мислења
1.302
Поени од реакции
9
Van Wilder 3: FreshMan


Филмот е комедија,во кој главниот лик Ван Вилдер оди во училиште т.е колеџ за војници каде што е забранет сексот,мувањето и дрогата. Но тој уште првиот ден почнува со фрки т.е да организира забава и ги навлечува командандот на тој колеџ и неговите соработници против него. Оценка од мене: 10/10.
I agree, добар филм, ама не за 10ка, туку 9, затоа што многу потсеќа на Американска Пита Бета Хаус :toe:
 
Член од
27 ноември 2008
Мислења
1.433
Поени од реакции
341
Џимеј хани...I know how you feel :) :)

Во ред,јас моментално сум малку во шок,што збунета што не сфатив некои работи...изгледа ќе треба повторно да го погледнам...



Можеби филмот е инспириран од книгата на Агата Кристи- 10 little indians.

Оцена 7.1 од imdb,јас би му дала 9,и единствената (глупава) причина зошто не му давам 10 е само поради тоа што почнав да мрдам од почеток кога почна филмот. А тоа значи дека не ме приковал до каучот со ширум отворени очи,или пак концентрацијата ми падна од претходното гледање на Тропска горештина :pos2::pos2:(stupid).Чекав чекав и ми здодеа.
И тогаш го видов изразот на мајката на Тими пред да ја удрат со колата. Creepy.
После се приковав.Но...но...нека не ве залаже литиот концепт на писателот на сценариото. Актерите си го прават своето.

Ако сакате ОДЛИЧЕН психолошки трилер,хорор и параноја од калибар-He was,he was!!!!! кажано на таков creepy начин на едно место,ова е вашиот филм.Заплетот и кулминацијата се попаметни одошто концептот на филмчето дозволува,но треба да бидеш целосно внесен во филмот за да го разбереш изопачениот ум.

Е вака...11 странци,
кои подоцна откриваат дека сите се родени на 10ти од месеците
се приморани да преноќат во мотел поради силните монсуни. Еден по еден почнуваат да умираат,по редослед како што само психопат ќе си зацрта :)
Оставајќи ги клучевите од собите зад себе
Мотелските соби според мене се можеби ќелиите во човечкиот ум,на некој начин.
Збунета сум,и возбудена,утре повторно ќе го погледнам,тоа и го посакував,одамна ми требаше некој ваков филм,и ќе го разберев ако негде при крај не изгубев колосек поради глупото одење во вц :)
Последните 10 минути ќе ве остават без здив.
Особено Тими и неговиот рецитал среде пустината на крај. Ебате филмот ебате.
Во ред,можеби ќе беше подобро да не натрупаа толку многу сцени на крајот,и да те остави во бунило,можеби тоа и им била поентата.
Како што вели една рецензија-Identity keeps you guessing until the end.


Морам да го пофалам Реј Лиота,одличен е овде,на него типував уште од самиот почеток и си реков- аха! ти филмчиште,мислиш ќе ме надитриш,знам од првите 20 мин.кој е кој. Всушност....типував на сите,clever,clever folks.

Контра на The Sixth Sense.Наместо-Гледам мртви луѓе,овде е- Не гледам мртви луѓе :)


Во никој случај да не го гледа дете помладо од 13 год.
Ја прочитав рецензијава и си реков морам да го гледам филмов.
Сега го изгледав и уште сум збунет како што рече и рејзорблејд.
Филмот и немора да се смести во некоја си хорор тематика. Повеке накај трилер е. Затоа не очекувајте да ве потреси многу.
Но приказната е толку добра што ке ве остави дефинитвно speechless.
Hmmm .... Ray Liotta. Who would not blame him. :) :pos:
Anyway, филмот е must-see. 8/10
 

аце_шваба

ГОРД ВУЈКО
Член од
10 септември 2008
Мислења
1.512
Поени од реакции
45
IP MAN


животна приказна за учителот и идолот на кунг фу ѕвездата Брус Ли
дејството е во 2 светска војна во покорена Кина од страна на Јапонија
се раскажува за суровоста на јапонските окупатори, се споредува јапонската вештина карате со кинеската кунг фу, се раскажува за различните стилови на кунг фу то(најмногу за винг чун, матичната вештина на Ип Ман и Брус Ли)
интересно е тоа што нема многу ефекти (вкупно 4 потези, од кои 2 се компјутерски)
оцена 9/10

П.С. пред да пресудите, да ви кажам дека не е од типот „оди сам отепај ги сите и врати се“
 
C

Cool Hand Luke

Гостин
Лет над кукавичјото гнездо


Ух, тек сега прв пат добро го изгледав. МекМарфи може и на Кул Хенд Лук да му биде учител :) Извонреден филм за друштвото и поединците. Авторитетите не сакаат слободни и нормални луѓе, туку робови и исплашени луѓе. Некои се премногу исплашени како кутрите пациенти во болницата, МекМарфи им е месија. Ние сите слободни (слободни нели?) надвор сме се привикнале на стравот како нормалност. Не ни помага МекМарфи ни како претседател.

Кој го гледал филмот, на крај му извршија лоботомија ли?
Тоа сакаат авторитетите, човечки мртовци.
 

SANCTIMONIOUS

Мејд Ин Мацедониа
Член од
21 март 2006
Мислења
1.302
Поени од реакции
9
The Pianist

вистинска жална приказна за евреите од 2рата светска војна
им го препорачувам на сите
оценка 10, на imdb има доста солидни 8,5:tv:
 

Болиглава

A cold fact
Член од
16 јуни 2007
Мислења
4.701
Поени од реакции
2.353
Gran Torino(2008)
Ау каков филм на Иствуд еј!:) Ептен ми се допадна Хаусовата иронија и сарказам во ликот на Walt, реално прикажаниот амерички живот и општо поучната приказна. Не би да раскажувам понатаму, гледајте го филмов ако сте љубител на драми. Деветка од мене.

Terminator Salvation(2009)
Го гледав онака без некои големи очекувања од филмов и нит сум разочаран, ниту ептен импресиониран. Како што кажа Џими погоре, специјалните ефекти се на завидно ниво, приказната просечна, типична за сај-фај акција. Нема да пишам кој момент посебно ме нарана, бидејќи ќе ви зафркнам и доживљај и све. 6/10.
 

Македон91

Благородник
Член од
21 јануари 2009
Мислења
2.134
Поени од реакции
120


Хитлер: Подемот на злото (на Сител преѓе, мини серија од 4 епизоди).
Oдлична серија во која се раскажува животот на најголемиот воен злосторник во историјата на човештвото, а воедно и еден од најдобрите оратори, од неговото детство до подемот како водач на Национал-социјалистичката партија, годините во затворот и "Moјата борба", неговата крвна омраза кон еврејскиот народ и освојувањето на власта во германскиот Рајхстаг.
Особено ми се допаѓа профилирањето на ликот на Хитлер, кој е претставен како човек кој не прифаќа компромиси, кој е над сите, тврдоглав, непокорлив, со смртна омраза кон Евреите уште од најрани нозе, одличен оратор кој знае како да ја крене масата и да ја поведе кон својата замисла, и човек чиј збор секогаш се слуша последен.
Им го препорачувам филмов (доколку не сте го гледале) на сите вљубеници во историско-биографските филмови.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom