Последен гледан филм со кратка рецензија

  • Креатор на темата Креатор на темата Дивајн
  • Време на започнување Време на започнување

Добар психо трилер со Џони Деп и Џон Тортуро, сценарист е познатиот писател Стивен Кинг. Се работи за еден писател кој што решава да се повлече во својата викендица, откако ја фаќа својата сопруга во љубовна афера со непознат човек. Тој таму ја пишува најновата книга и ужива во спокојот на осаменоста се додека еден ден не дојде еден човек пред неговата врата и почне да му се заканува поради наводен плагијатизам.
 
Van Wilder 3: FreshMan
2a5fc5af535d24713e1e106af6f37a74.jpg


Филмот е комедија,во кој главниот лик Ван Вилдер оди во училиште т.е колеџ за војници каде што е забранет сексот,мувањето и дрогата. Но тој уште првиот ден почнува со фрки т.е да организира забава и ги навлечува командандот на тој колеџ и неговите соработници против него. Оценка од мене: 10/10.
 
Dоstana

2105274.jpg


Насловот би се превел како „Пријателство“. Индиски филм од 2008 година, карактеристично за нив со многу музика и играње.
Приказната е следнава: двајца стрејт дечки се преправаат дека се геј за да можат да ја изнајмат куќата во која подоцна ќе живеат со една прекрасна девојка и ќе се заљубат во неа. Настануваат комични ситуации и заплети кога и двајцата ќе се обидуваат да ѝ се доближат. Крајот пак е малку поинаков од она што би го очекувале.
Ништо посебно, но сепак добар е да се убијат околу 3 часа досада.
Оценка од мене 6/10.
 
Van Wilder 3: FreshMan
2a5fc5af535d24713e1e106af6f37a74.jpg


Филмот е комедија,во кој главниот лик Ван Вилдер оди во училиште т.е колеџ за војници каде што е забранет сексот,мувањето и дрогата. Но тој уште првиот ден почнува со фрки т.е да организира забава и ги навлечува командандот на тој колеџ и неговите соработници против него. Оценка од мене: 10/10.

Го гледав филмов пред 2-3 дена и стварно е закон...Е вакви филмови на овие горештини ме опуштаат најмногу...Оценка и од мене исто 10/10
 
Да те прочитав навреме може ќе се спасев од најдолгите 160 минути во животов... Овој филм е толку ужасен што немам зборови да го опишам, а и кога би имал, не сакам да потрошам ни минута повеќе.

1/10

ОК, само сепак од лично искуство подобро здравје. Или не секогаш? :)

Фул Метал Џекет

full-metal-jacket-dvd.jpg


Една класика од осумдесетите, писмејкерите се спремаат за во Виетнам, и доста интересни и хумористични сцени има во касарната за време на обуката, иако не завршува многу славно... и наредниот дел кога се борат во Виетнам е класика, без некои посебни спектакуларни сцени, едноставно филм мелем. :)
 
Memoirs of a geisha

71777_500504Memoirs-Of-A-Geisha-Posters_jpg1d7e764edd61427152cd6519f4e65a8e


Филмов ми беше на листа на гледање со години и се го оставав за прво да ја прочитам книгата. Ама никако таа да ми дојде во рака па се решив вечерва да го изгледам.
И ... се фасцинирав. Прекрасен филм со феноменална приказна која воедно е и вистинита. Не се сомневам дека книгата е нешто прекрасно, штом од неа е направен вака добар филм.
Ме воодушеви таа култура, таа традиција, сето тоа е толку добро склопено и прикажано да едноставно ме оставаше без здив на моменти.
Многумина што го поистоветуваат поимот гејша со проститутка би им посакала да го погледнат филмов :)
За филмов не можам да дадам оценка помала од 10.
Едноставно сум воодушевена. А и подобра глумица сигурно дека не можеле да најдат. Саури е прекрасна :)
 
Platoon (Вод)

platoon.jpg

Ова е филмчиште! 4 оскара има за сторија која ги представува доста реално Амриканците, во црно бело издание, повеќе во црно, поретки се белите. Еден вод кој низ џунглите во Виетнам е напаѓан од Виетконг герилата, некои збеснуваат и се истураат врз недолжните селани. Интересно е да се види Том Беринџер во улога на извонреден негативец, Вилијам Дефо (Зелениот гоблин од Спајдермен) најпозитивен лик за респект, Чарли Шин и Џони Деп со по 20-ина години.
 
Се излажав. Најдобар хорор ever, пишуваше некаде низ форумот. Тhe Descent.

thedescentposter.jpg


Уште еден лигав хорор според мене. Група женцки, другарки одаат во истражување пештери. Но доле некој идиотски створења, wannabe страшни. 5/10.

Echelon Conspiracy

echelon-conspiracy-poster.jpg


Eден од подобрите филмови изгледан lately. Го имам дома поодамна, незнам зошто сум го одбегнувал.
Не раскажувам, погледнете. 8/10.
 
Анаконда 4
добар филм, сличен на останатите
оценка од мене 6

Месенџерс 2
ме разочара, првиот дел може ми се допадна, ама вториот не вреди ни 3 да го оценам
 
Apocalypse Now
apocalypse-now1.jpg


Е ова е веќе нешто многу подлабоко од претходните. Офицер (Мартин Шин) е испратен во Виетнам да убие одметнат полковник, кој според американските генерали се одметнал не само од САД туку и од здравиот разум, станал еден вид идол, божество на група племе во Камбоџa, коле се што не му се свиѓа, сече глави, скалпови. Офицерот не им верува многу на генералите, се сомнева дека лажат бидејќи го сакаат мртов, но тргнува на пат. Успат ќе се изнагледа убивање и ужаси, и кога ќе дојде до полковникот (Марлон Брандо) ќе сфати дека е вистина тоа што му го рекле претпоставените за него. Ќе види многу очаен човек кој всушност без зборови ќе го замоли овој да го убие како што му рекле. Тоа и ќе го направи. И ќе замине од таму со очај и ужас.
 
Harry Potter and the Half-Blood Prince

Само еден збор за филмот... Катастрофа! 1/10
 
Ова време фрлен сум на некои лајт филмчиња. :toe:
Stomp The Yard
Значи филмот е со играње односно степување.
Кога братот на главниот лик ке умри во улична тепачка, тој ке замини во друг град на колеџ кај шо се степува. И ке го забележат неговиот талент, но тука има и една девојка ... :) 7/10.
Take the Lead
Again - dancing movie. :) Според вистинска приказна создаден.
Антонио Бандерас ке биди испровоциран од една случка и ке сака да предава ballroom dancing во едно нигерско :) училиште. Од почеток ке биди невозможно но подоцна станва интересно. Добро филмче. 6.5/10
88 Minutes
Е ова е веке друго нешто. Трилер со Ал Пачино. I mean, what movie with Al is bad? :pos:
Пачино ке биди психијатриски форензичар во полицијата и професор на факултет. Тој ке има осудено еден човек на смртна казна. Но пред да биди погубен затвореникот почнуваат да се случуваат чудни работи. Некој му се јавува на Пачино и му вика имаш уште ... :) и натаму не кажвам . Одличен филм. 8.5/10.
Van Wilder - Freshman Year
Do not watch this movie. Its badddd. :pos:
Полош е дури од High school musical. Ако е полош од него значи е навистина лош.
Тој Ван оди на војнички колеџ и се прај некоја фаца на колеџот. И глуп е. Неможам да пишам рецензија :pos: :smir:

Harry Potter and the Half-Blood Prince

Само еден збор за филмот... Катастрофа! 1/10
WTF? :tapp:
 
257728cinemaparadiso.jpg


Nuovo cinema paradiso имдб вели дека филмов е 87 на сите времиња, јас викам дека местото му е во топ 10. Еве зошто: Shawshank redemption и овој се единствените филмови кои ги имав гледано пред многу години, а ми се врежале во сеќавањето како нешто совршено. Се сеќавам дека филмов го имав гледано на Сител многу одамна и конечно вчера го гледав по втор пат. Не знам некој филм да ме погоди толку многу. Има филмови во кои на една или две сцени од филмот ви доаѓаат солзи на очите, филмов е малку поразличен, досега немам сретнато филм на кој ми доаѓале солзи едно 40-45 минути. Тоа се последните 40 минути од филмот. Во овие минути секоја сцена е посилна од претходната просто невозможно е да не пуштите солзи. Нема да ви го расипам филмов со тоа што ќе прераскажувам делови од филмот, погледнете го сами, нема да зажалите. Ќе пишам дека филмов во себе носи еден луп пораки почнувајќи од љубовта, пријателството, искреноста, животот и сите негови предизвици, упорноста, тврдоглавоста, и пак ке завршам со љубовта. Филмов МОРА да го изгледате.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom