Последен гледан филм со кратка рецензија

Член од
31 јануари 2007
Мислења
18.546
Поени од реакции
22.298
Зошто не се спојат оваа тема и темата предлог филм ???
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.384
Поени од реакции
25.161
Зошто не се спојат оваа тема и темата предлог филм ???
Затоа што... Не се исти? И овде има рецензија, и таму.
Ај некој да каже - дај ми предлог за комедија, и ти му пишиш последен гледан филм со кратка рецензија?
Или некој сака да се пофали дека изгледал најнов филм, а нема врска со предлог, може да е оцена нула.
Е затоа.
 
Член од
31 јули 2008
Мислења
2.791
Поени од реакции
1.507
Јас би дал предлог тогаш да се стави темата како ВАЖНА (за да биде по прегледна) поради тоа што е мошне полезна.
 

INVINCIBLE

MUFC
Член од
9 декември 2007
Мислења
3.459
Поени од реакции
426
12 Rounds



Акција/трилер со Џон Сена во главната улога.
Дени Фишер (Џон Сена) е полицаец, му ја киднапираат женската и тој мора да помине 12 предизвици за да ја ослободи. Интересна приказна малку поразлична од вообичаеното дејствие на акциите во кои полицаец брка лош момак. Само малку Џон Сена е претставен како терминатор, ама нема врска се е тоа за доброто на филмот :)

8/10
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.401
Поени од реакции
5.953
Тетовирање

Култен македонски филм. Невин Македонец настрадува и му се случуваат иронични нешта во времето кога комунизмот веќе го доживува својот крај. Се среќаваме со криминалци од различен тип, пропаднати луѓе што се наоѓаат на маргините на опшеството и полицајци кои се изживуваат затоа што им се може.
Вреди да се гледа, впрочем верувам дека повеќето го имаат гледано има интересни реплики па ако досега не сте го гледале веднаш симнувајте и гледајте.
Оценка 10/10.
 
O

Out Boy

Гостин
Yossi & Jagger (2002)

67-минутен филм од израелска продукција кој ќе ве остави со горчина на душата.
Јоси (Ohad Knoller) и Џагер (Yehuda Levi) се двајца израелски војници меѓу кои постои голема љубов. Јехуда и Охад толку добро ги толкуваат улогите, што филмот едноставно е преполн со емоции и болка. Нивната љубов, едноставна, искрена, мора да биде строго тајна, бидејќи двајцата се офицери во армијата.

Двајцата служат на Израелско-либанската граница на која често се случуваат напади од страна на членовите на Хамас/Хезболах. Неколку дена пред доаѓањето на смената, посетата на еден старешина ќе ја смени целата приказна. Од слатка сторија, филмот преминува во воен кошмар, кој завршува трагично :cry:

Со други зборови: израелска геј-верзија на “Караула“.
На IMDb, филмов има солидни 7,7/10.

 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.329
Поени од реакции
7.796
AUSTRALIA.


Филмот трае три саати, во него има прекрасни сцени со прекрасни пејсажи од северна Австралија. Дејствието се случува на почеток од втора светска војна, а во главните улоги се Никол Кидман и Хју Џекман. Ова дело е мешавина од белечка Австралиска култура и Абориџанска митологија, многу добар филм вреди да се гледа иако е малку подолг од вообичаено.
 

Near

Рандом лик од соседството
Член од
26 март 2009
Мислења
4.271
Поени од реакции
6.934
Терминатор:4

Филмот ја објаснува војната меѓу луѓето и терминаторите(познато како судниот ден). Главниот лик Џон Конор го бара таткому,кој е прва цел за ликвидација на терминаторите.
При крајот на филмот во 1 сцена се појавува и Шварценегер како терминатор(лош).
Филмот има неверојатни специјални ефекти,па ајде кој сака у Рамстор на кино.

8/10

Едитирано од џимеј: ставив спојлер кај што требаше, еве на пример јас не го гледав уште филмот, ама со тоа што го прочитав се сјебав (фала).
Да не се сјебат и некој друг, нека трепкат црвено обавестување.
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Out for justice со Steven Seagal филмот е акција типичен амерички крвав филм, со одлични сцени во кои е познат Seagal, едноставно одлична акција. Би дал 9/10
 
Член од
14 април 2007
Мислења
1.812
Поени од реакции
1.047
Knight Rider



Кога почна филмот си мислев дека во друга насока ќе се одвива дејството, се додека не се појави програмирана "паметна'' кола.Акцентот е ставен на колата, и низ скоро цел филм гледаме дијалог меѓу кола и човек.

Според мене оцена 5/10
 

rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
Knowing



Пред да напишам некој збор за филмов прво пребарав што напишале форумџииве кои го гледале филмов. И испадна баш како што мислев. Има такви кои се тотално разочарани, а има и такви кои се фасцинирани. Јас ќе се ставам некаде во средина. Ми се допаднаа одредени делови од филмот, а одредени делови тотално беа непотребни и безвезални, без кои на филмот би му дала и 9/10 оценка.
Ако не беше делот со вонземјаните, со спасување на двете деца и носење на друга планета каде би го продолжиле животот. Новите Адам и Ева а во позадина јаболкница. Ах да и две зајчиња. ВТФ??? Глупости во боја :icon_lol: Непотребен дел од целиов филм. Боље сите да умреа, него со овие фантазии и глупости да го расипуваат филмот
Сепак она што ми се допадна е "цртежот" со бројки на девојчето кое потоа од Кејџ беше протолкуван и се понатаму како се случуваа дејствата се до сончевата бура. И она што ме фасцинира се неколку одлични сцени кои се предобро снимени.
Авионската несреќа, а посебно несреќата во метрото се одлични, одамна не сум гледала толку добра снимка на несреќа. Ах да а она со вонземјаните и со вселенскиот брод па ич не ми се свиѓаше. Абе не се возат вонземјаните во топки кои потоа личат на зимзелени дрва :pos:
Се на се 5ка. И не го препорачувам филмов. Но кој сака филмови со вонземјани нека си го гледа :)
 

Викиче

Sarcasm is my best friend
Член од
27 ноември 2008
Мислења
234
Поени од реакции
14
Филмот се вика Pretendiendo. Прилично ме бендиса...
Во главна улога е Барбара Мори алијас Руби :)
А филмот раскажува за една убава жена којашто ке се трансформира во грда жена со цел да ги одбие сите оние додворувачи и на тој начин да одбегне уште едно разочарување...
 

Красулка

Replay & Undo
Член од
3 јануари 2009
Мислења
1.508
Поени од реакции
1.157
The Uninvited

Премногу добар хорор кој го видов од овде и по ваша препорака го гледав.Воопшто не зажалив и го препорачувам и на тие што не го гледале.
Добро разработена содржина.Девојче е затворено во ментална институција поради преголемиот шок од шокантната смрт на нејзината мајка.Ја пуштаат од болницата но кога се враќа назад ништо не е како порано.Ништо не е како што изгледа затоа гледајте го до крај.
Оценка 10/10
 

КиреМали 1911

Модератор Неимар
Член од
23 јуни 2007
Мислења
1.313
Поени од реакции
223

Најпознатата американска политичка афера, Вотергејт е завршена. Претседателот Никсон пред медиумите ја дава својата оставка, означен како главен виновник за целиот скандал и две години на контроверзно владеење со САД. Судење и затвор не добива, поради познатото „простување“ кое го добива од неговиот наследник на функција, Џералд Форд.

Во моментите кога повторно добива сила да застане на здрави нозе и да се врати во овалната просторија, се појавува Фрост, познат шоумен, кој за задоволителна сума му нуди интервју во четири дела, при што во последниот би се разговарало за аферата. Притоа, Фрост се соочува со финансиски непријатности, поради недовербата на издавачките куќи кон неговиот кредибилитет.
Пресвртот се случува во последното интервју - единственото место каде претседателот Никсон ги признава своите криминални дела.Со овој чин, Фрост се враќа на врвот на новинарството, а кариерата на Никсон е завршена.

Филмов на драматичен начин ги прикажува моментите на подготовка за најпознатото интервју во светот на двете страни, кризата и триумфот на Фрост, и неискажаното каење на Никсон. Биографско дело вредно да се погледне.

едит: мал исечок од вистинското интервју. Ако го гледате филмот, ќе забележите дека цитатите се комплетно идентични со оние во вистинското интервју.

 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.401
Поени од реакции
5.953
18 Year Old Virgin



Го гледав синоќа, немав попаметна работа. Филмов е wanna be American pie, нема што многу да се коментира, мислев дека ќе биде нешто поинтересно ама се излажав. На imdb има оценка 2/10, ајде толку ќе му дадам и јас. Не го гледајте со некакви посебни очекувања или пак воопшто не го гледајте.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom