Последен гледан филм со кратка рецензија

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Horton hears a who!

После некое време како се наканувам да го гледам анимираниов филм,вчера се решив да седнам и да го изгледам.
horton_hears_a_who.jpg
Приказната на филмот е многу интересна. Се работи на животот на слонот Хортон кој едно утро додека се бања во блиското езерце ќе забележи дека од една мала честичка се слушаат гласови. Тој ќе биде уверен дека внатре има некого на кого му треба помош. Обидувајќи се да и помогне на таа мала честичка во која всушност навистина се крие еден цел свет, Хортон ќе западне во проблеми кои ќе доведат до негово истерување од џунглата. Што се случува до крајот би ви препорачал да погледнете, ако до сега го немате гледано.
Со оглед на тоа што креаторот на овој анимиран филм е истиот оној од Ајс Ејџ сериалот, филмчево вреди да се погледне...
 
Член од
27 ноември 2008
Мислења
1.433
Поени од реакции
341
The Covenant

Четворица момци кои ке бидат синовите на вештерките од Ипствич се приморани да се борат со петтиот од нив за кого долго време ке се мисли дека е умрен. Тој ке биди многу посилен ама на крајот ке излези друго.
Јако филмче, интересно. На имдб има оценка 4.8 ама заслужва појке.
Јас би му дал 7.
 
Член од
29 јуни 2008
Мислења
460
Поени од реакции
27
The Uninvited



Е*еш рецензија, филмов е совршенство, за мојот вкус.
Не пишувам ништо, глупаво би било од моја страна да го уништам филмов со билокаков коментар.
Гледајте го!

10/10 !
Сношти го гледав и сега те сфаќам за то дека тешко е да се дај коментар за филмот без да се испушти и некој спојлер.

Ај само ќе кажам дека по постерот и името очекував нешто многу пострашно. Негде на средина го претпоставив и крајот, барем дел од него ама остатокот беше неочекуван :)

Се на се интересно филмче, далеку од 10ка ама заслужва една 8ка ^^.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.516
Поени од реакции
58.983
An Officer and a Gentleman (1982)

Пред малку на Телма, во доцните вечерни часови :) Има нешто со овој филм. Секогаш кога ќе налетам на него на ТВ си викам ај уште оваа сцена и доста е. Па уште следната, па следната... На крај сватив дека сите сцени од овој филм се супер. Емотивни, исполнети со чувства, откриваат дел по дел од приказната за главните ликови. Ни една сцена не е непотребна, за разлика од многу денешни филмови во кои половина сцени да ги извадиш, ќе бидат далеку подобри.

Останува за мене еден од најдобрите филмови кои воопшто сум ги гледал, а веројатно и еден од филмовите кои најмногу сум ги гледал. Малку ме нервира и потценувањето на ИМДБ, иако тоа не е важно, но 6.8 е премалку за еден култен филм каков што е Офицер и Џентлмен. Од мене 9/10, и кој не го гледал, да не го прошушта.


 
Член од
6 август 2007
Мислења
4.063
Поени од реакции
175


Wrong Turn 2: Dead End

Разочарана сум од филмов.. очекував нешто подобро.
Многу одвратни и крвави сцени, а никаква напнатост, исчекување.. нешто слично како и во првиот дел, но сепак, тој е далеку подобар од вториов.

Мене лично не ми се допадна, 3/10
 

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
RatatouillePoster.jpg
И повторно уште еден анимиран филм кој изобилува со одлично обработени сцени како и прекрасна приказна.
Животот на младиот и просперитетен глушец Реми драстично ќе се промени кога ќе почне да ја работи професијата од својот сон. Ќе стане главен готвач во еден париски ресторан. Се’ ќе се промени кога ќе треба да дојде најозлогласениот критичар во градот. Што се случува понатаму останува да видите во самиот филм.
Јас би му дал оцена 10/10:smir:
 
Член од
31 јули 2008
Мислења
2.796
Поени од реакции
1.509
The International


Само што го гледав, доста добар е филмот. Одлично изработен филм, со прекрасни сцени и одлична актерска екипа. Јас го изгледав без да го гледам траилерот и ме изненади пријатно. Да ви кажувам за што се работи, ке ви го расипам целиот филм, само ке кажам дека изобилува со акција (феноменални сцени, обично ми се приспива на акциони сцени но овие ми доаѓа да ги изгледам пак), шпијунажа итн. Гледајте го.

п.с. Незнам зошто и оваа тема не ја наместете да биде како "Важна", доколку некој сака предлог за филм може и овде да си најде комотно.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.516
Поени од реакции
58.983
Јас уште пред неколку месеци предлагав да ги споиме. И онака не гледам разлика, истото се пишува и во двете. Бумо видели :)

Ај кога веќе почнав да не е џабе постов:

Quiz Show (1994)

Филмов одамна сакав да го гледам и сега конечно налетав на него. Не ме разочара, освен бавниот и малку досаден старт. Интересно е што се работи за скандал, уште поинтересно што се работи за вистински скандал. Се работи за скандалот со наместеното мега-популарно квиз шоу „21“ во Америка, некаде во 50-тите години.

Во приказната се заплеткани Харви Степел (Џон Туртуро), сиромашен Евреин кој победува 12-13 пати (заборавив) во серија, се додека не го натераат да изгуби на прашање за мали деца. Потоа неговиот наследник, Чарлс Ван Дорен (Ралф Фајнс), универзитетски професор од угледно семејство, и младиот амбициозен Дик Гудвин, кој прв ќе ја намириса работата, кој тргнува да ја сруши телевизијата NBC која го организира шоуто.

Но при крајот на целата постапка, тој изјавува нешто што децении подоцна ќе стане живи вистина: I tought that we were gonna get TV. But the truth is, TV is going to get us.

Вистинска и вистински поучна приказна, за моралот, интегритетот, и суровата реалност.

7.5/10 има на ИМДБ, мислам дека му е таман.
 
Член од
29 јуни 2008
Мислења
460
Поени од реакции
27
Appleseed

Научнофантастичен акционен анимиран филм. :)

По Третата Светска војна основано е ново општетство , Утопија, свет каде што луѓето мирно живеат со новите човечки клонови ... се додека терористички напади не ја затресат целата идеја за Утопија.

Вакво нешто не сум гледал одамна, од Final Fantasy VI.
9/10
 
С

Спенсер

Гостин

Sniper 2009...воен филм т.е. снајперски...се работи за тим снајперисти, од кој еден ке заврши во затвор (најдобриот снајперист) и кога ке излезе од затвор ке сака одмазда...ке убие многу полицајци и неговиот партнер... но убиецов, ке биде убиен од најдобриот млад снајперист... иначе кинези се овие мислам...снајперистиве...се на се,пошо сакам вакви филмови 10/10...ефекти нема да коментирам, пошо не ги разбирам...
 
Член од
31 јули 2008
Мислења
2.796
Поени од реакции
1.509

AtoM-AnT

Dexter
Член од
3 септември 2008
Мислења
4.530
Поени од реакции
583
12 Rounds



Иако на www.imdb.com има мала оценка,само 5.2/10 ама филмот мене ми се допадна,добра акција а што е најважно не ги знаеш крајот уште на почетокот?
Danny Fisher ака John Cena е полицаец на кој жена му ја киднапира еден избеган затвореник,за да дојде до својата жена мора да помине 12 рунди односно 12 пати мора добро да се испоти за да ја пројде секоја рунда.
Оние кои сакаат акциони филмови нека го погледнат,нема да бидат покаени?
 
Член од
29 јуни 2008
Мислења
460
Поени од реакции
27
Appleseed: Ex Machina


Не мислев дека вториот дел биди толку добар :) Иако расплетот беше подобар во првиот дел, во овај има многу повеќе и подобра акција (најверојатно пошто Џон Ву работеше на овај дел), подобра графика и ликовите се подобро обработени. Нема некоја поврзаност со првиот дел , освен некои ситници.

За приказната, слободно можи да стои воведот за првиот дел

По Третата Светска војна основано е ново општетство , Утопија, свет каде што луѓето мирно живеат со новите човечки клонови ... се додека терористички напади не ја затресат целата идеја за Утопија.


10/10
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Goal III



Секогаш кога очекувате нешто доволно долго, без разлика колку добро ќе испадне, ќе бидете разорачарани.
Но што се случува кога нештото (во случајов филмот) ќе испадне под секакви очекувања - дури и оние на 5 годишно дете запалено по фудбал?

Тогаш, на вас ви се случува - GOAL 3!

За да се опише колку е само лош филмов, треба да се напише нов речник со сосема нови "навредувачки" и "деградирачки зборови".
Кога би морал да го цепкам и да го најдам проблемот, сфаќам дека не е само еден проблем.
Филмот нема континуитет (нашиот херој Сантиаго Муњез не е главен лик), нема никаква приказна (снимано е Светскиот Куп во Германија и според тие снимки е склопено сценарио), потоа овој филм страда од буквално нула фудбалска акција како и лоши актери.
Фудбалската тактика овде не се натрчувања, претрчувања и волеи, туку "влези од резерви, дај гол, седни си".

Сфаќам дека ова било нискобуџетен филм, а логиката на сценаристите била следната - си рекле "Па ние ги имаме сите овие снимки од Германија 2006та, зашто не би направиле еден филм набрзинка?".
И така настана Goal 3.

Не бидете наивни, не го симнувајте овој филм.

Оценка -7/10.

П.с. Да не ја спомнуваме пак фризурата на Сантиаго :)

Edit - Дури и "Жените на фудбалерите" имаше повеќе врска со фудбал отколку овој филм.
 

CueBaLL

Schizophrenic
Член од
7 декември 2008
Мислења
1.137
Поени од реакции
34
Goal III



Секогаш кога очекувате нешто доволно долго, без разлика колку добро ќе испадне, ќе бидете разорачарани.
Но што се случува кога нештото (во случајов филмот) ќе испадне под секакви очекувања - дури и оние на 5 годишно дете запалено по фудбал?

Тогаш, на вас ви се случува - GOAL 3!

За да се опише колку е само лош филмов, треба да се напише нов речник со сосема нови "навредувачки" и "деградирачки зборови".
Кога би морал да го цепкам и да го најдам проблемот, сфаќам дека не е само еден проблем.
Филмот нема континуитет (нашиот херој Сантиаго Муњез не е главен лик), нема никаква приказна (снимано е Светскиот Куп во Германија и според тие снимки е склопено сценарио), потоа овој филм страда од буквално нула фудбалска акција како и лоши актери.
Фудбалската тактика овде не се натрчувања, претрчувања и волеи, туку "влези од резерви, дај гол, седни си".

Сфаќам дека ова било нискобуџетен филм, а логиката на сценаристите била следната - си рекле "Па ние ги имаме сите овие снимки од Германија 2006та, зашто не би направиле еден филм набрзинка?".
И така настана Goal 3.

Не бидете наивни, не го симнувајте овој филм.

Оценка -7/10.

П.с. Да не ја спомнуваме пак фризурата на Сантиаго :)

Edit - Дури и "Жените на фудбалерите" имаше повеќе врска со фудбал отколку овој филм.
se soglasuvam so mac)) samo sto go dL zaludno fiLmot storia 0 akterska ekipa -10 ne zn kaj gi nasle fiLmov ne e vreden za nisto
 

Kajgana Shop

На врв Bottom