Последен гледан филм со кратка рецензија

Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.719
Поени од реакции
13.437
Serendipity...

Романтична комедија за двајца ликови кои ќе ги спои еден момент доволен за да сфатат дека судено им е да бидат заедно. Од една страна го имаме Jonathan Trager, типот кој запознава една девојка за време на новогодишна распродажба во една позната стоковна куќа во Њујорк. Од друга страна ја имаме Sara Thomas, девојката која има верба во судбината и верува дека ќе се сретнат повторно. Но дали времето ќе го дозволи тоа? Тука се` и нивните најдобри пријатели кои на некој начин помагаат овие две личности да се сретнат. Строго препорачливо да се гледа во предновогодишна атмосфера во друштво со саканата/саканиот.

Најдобар главен лик: Сара Томас (Kate Beckinsale) Делумно и поради физичкиот изглед но да бидам пофер, без неа филмот ќе траеше некои 15 минути
Најдобар спореден лик: Dean Kansky (Jeremy Piven) И покрај сите глупости што ги прави неговиот другар, типов секогаш е одлично расположен да одлепи некоја одлична зелена мудра мисла.

Оценка: меѓу топ 5 романтични филмови 9.5/10
 

DarthMakedon

Македонец
Член од
20 април 2008
Мислења
1.915
Поени од реакции
167


интересно продолжениена првиот дел кое ме умре од смеење, за разлика од многу безвеза комедии
 

Lanna

Taller, Stronger, Better
Член од
30 септември 2008
Мислења
550
Поени од реакции
165
Ме воодушеви The Machinist со Christian Bale. Ова е последен филм што го гледав и го препорачувам. Фантастична изведба на Бејл, заплет што ќе ве заинтригира и ќе ве остави без здив до крај. Нема досадни моменти, но доза на мистика и што е најважно филмот ве вовлекува и ве тера постојано да поставувате прашања и истовремено да одговарате на нив... филм за човечката природа, совеста пред се и сознанието дека нејзиниот глас можеме само да го стишаме но не и да го исклучиме... Ако треба да пишам бројка, еве 9 (од 10)!
Значи The Machinist.

^ Благодарница до членот за препораката. Дури и рецензијава ме потсеќа личи на моите:wink:

Ијаааааааа. Не знам што ме потресуваше повеќе во филмов. Напнатоста да откријам што се случува низ целите 90-тина минути или појавата на Кристијан Бејл. Која грдосија Господе. Како успеал само така да се унакази. Секоја чест. Уште еднаш си потврдувам себеси дека Бејл е еден навистина редок примерок. Феноменално одглумена параноја и грижа на совест. Може и снимката не ми чинеше ама овој ми е баш од оние сиви филмови. Нема некоја посебна светла точка, се ми е во знакот на мистеријата и паранормалното. Интересна завршница. 8/10. Доста му е.
 

CIL

Член од
21 август 2008
Мислења
750
Поени од реакции
55

Donnie Darko е еден од најзабеганите ако не и најзабеганиот филм шо го имам досега гледано.Филмов е лудница. Иако можеби нема некоја главна "над порака" која сака да ја пренесе режисерот, филмот изобилува со еден куп мали пораки кои ме замислија многу овие денови. Во филмов се споменува нешо за патување низ времето, балнас на универзумот, втора шанса, начинот на кој ја живееме сегашноста, каде после смртта и уште еден куп такви вонвременски ствари за кои размислуваме секој ден. Ќе заборавев за малку. Глумата и музиката во филмов се вонземски. Со еден збор прекрасен филм, го препорачувам на сите што сакаат посериозни филмови кои носатнешто повеќе од она веќе виденото.
http://www.imdb.com/title/tt0246578/
Сега и јас само што го изгледав филмов. Многу, многу чуден, забеган филм. Еден од подобрите филмови направени некогаш. Се имаш добро кажано во рецензијава, само да кажам дека најмногу ме замисли и изненади следново : Why are you wearing that stupid bunny suit? Why are you wearing that stupid man suit? :vozbud::shok:
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
The Hurt Locker.

Уште еден американски филм за војната во Ирак. Во центарот на вниманието во филмов е еден демонтер на експлозивни средства и неговиот тим. Човекот е неверојатно храбар и на моменти луд, со храброста ме подсетува на нешто што интимно го знам, а со лудоста не. Каде завршува храброста, а каде почнува лудоста на овај карактер сами ќе си процените кога ќе го гледате филмот, затоа што тоа е индивидуална оценка.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Star Trek 2009.


Разликата помеѓу овај и претходните Star Trek филмови, е што во овај има повеќе акција, и повеќе специјални ефекти нормално пошто е понов. Добро акционо научно франтастично филмче и вреди да се гледа .
 
C

Cool Hand Luke

Гостин
Икс Мен, Вулверин, почетокот

+

Баш добро филмче, баш ме орасположи. Од почеток животот на Логан, богами се изнапатил но и не останал должен на светот, учествувал онака бесмртен во сите светски војни, колел ко нездрав, и понатаму има уште толку многу интересно па да не ви го расипувам расположението, има уште мутанти со многу интересни способности и така тоа. :)
 

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.748
Поени од реакции
1.855
Одамна не сум гледала некој игран филм, дека пак заглавив со преглед на Пријатели. Конечно денес начекав добар филм на ТВ, кој го гледав со задоволство. Многу одамна го гледав за прв пат, па скоро и да го имав заборавено.
John Q.


Една од подобрите драми на мојата листа, која никого не може да остави рамнодушен. Тоа е така бидејќи е премногу реална, почнувајќи од секојдневните проблеми со здравството кое верувам секаде се исти, па финансиските, за да сето тоа добро се преплети со родителската љубов, која може да надмине се` и која со секој настанат проблем може да е само поголема и посилна.
На тие што го немаат гледано филмов топло им го препорачувам, за да видат до каде е спремен да оди (ваљда) секој човек за своето дете.
И така:pipi:
 

CueBaLL

Schizophrenic
Член од
7 декември 2008
Мислења
1.137
Поени од реакции
34
GO FAST 2008

Interesno trilerce mn akcia pukanje droga itn itn
Taen agent na Francuskata Policia se infiltrira vo megunarodna banda na trgovia so droga so cel da gi fatat losite momcinja....
 

AtoM-AnT

Dexter
Член од
3 септември 2008
Мислења
4.530
Поени од реакции
583
The Abyss



Кога долго гледате во амбисот,
амбисот исто така гледа во вас!
Фридрих Ниче

Вака започнува еден од подобрите филмови снимен под вода а кој изобилува и со доста специјални ефекти за кои филмот доби и Оскар во 1990 година.Иако филмот е снимен 1989 година кога компјутерската технологија не била толку развиена како денес ама сепак може да се видат доста специјални ефекти кои досега не сте ги виделе во друг филм.
Дејствието се случува под вода,група нуркачи работат на една платформа,по налог на владата треба да нурнат во темните мрачни длабочини и да откријат зошто атомската подморница потонала?!
Ќе се случат многу нешта,ќе се појави нешто длабоко во водата што досега никој не го видел,технологија далеку понапредна од нашата,контрола на водената маса...
Филмот е научна фантастика,трилер,акција а на крајот ќе видиме и малку нежност :back:.
Да не должам многу ви предлагам да го изгледате ова ремек дело кое плус е збогатено и со добра музика...
 
Член од
2 септември 2007
Мислења
2.155
Поени од реакции
176
Самрак. Добро де, Твајлајт.
Стално е занимливо да се бафташ со вампирчиња, интересна тематика се. Приказната.. речиси обична љубовна приказна, само со вампирчиња нели како што реков. Просек. Многу далеку од други љубовни приказни каде се заљубуваат човек и нечовек. На Градот на Ангелите и Запознај го Џо Блек комотно вода може да им носи. Додека гледав ми беше интересно, ама не ме натера да размислувам за него, не ми побуди никакви 4усва.
Изузетно ме нервира таа намќорната прдла Бела. Да се насмееше бар еднаш, ќе бев пресреќна. 5/10 давам. Топло го препорачувам на пубертетлики, заљубени секако. Створен е за такви =) Се надевам дека книгата е барем дупло подобра.
 

DarthMakedon

Македонец
Член од
20 април 2008
Мислења
1.915
Поени од реакции
167
dragonball evolution



штотуку го гледав и како голем фан на dragonball и ДБЗ цртаните тотално сум разочаран од филмов и тоа е

се труделе да направат слична приказна со цртаните но неуспешна
 

Lanna

Taller, Stronger, Better
Член од
30 септември 2008
Мислења
550
Поени од реакции
165
Identity



Уште еднаш се потврдив дека гледање трилер во друштво не ми е најдобра идеја, па долго време му го одложував гледањето дури не се создадоа услови поинтимно да му се посветам.

Ми се допаѓаат трилерите во кои секоја можна претпоставка направена за пресвртите и завршницата на крајот паѓа во вода. Две паралелни сценарија во иста врнежлива ноќ, одлична актерска екипа каде нормално ќе го издвојам John Cusac, како и Pruitt Taylor Vince со веројатно една од најмалите, но според мене, најфасцинантни улоги во филмот. Ray Liotta како и вообичаено не ме фасцинира ништо посебно (дали зошто во принцип не го можам или зошто стварно е просечен). Другите улоги културно одиграни. Чудно, ама на Jake Busey се гледа дека му е комотна улогата на настран психо. Прилично напната ситуација,во 2-3 момента навистина помислив за вмешаност на нешто натприродно. Одлично споено се заедно. Ќе прекинам со впечатоци зошто што и да кажам друго ќе биде спојлер. Супер филмче за љубителите на добри трилери.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.624
Поени од реакции
59.477
X-Men Origins: Wolverine (2009)

Конечно на добра снимка па се решив да одвојам време да го изледам. Филмот беше, горе-долу, она што го очекував. Морам да признаам дека ме излажа трејлерот и тоа многу овојпат.

Во трејлерот се покажува како бил во војна, па како умира жена му итн... па потоа тој станува она што е... Имајќи го тоа во предвид, очекував дека ќе ја видиме комплетната приказна за настанувањето на Волверин. И тогаш смртно се разочарав кога целиот тој период од детството па сите поминати војни и војувања, го дадоа на почетокот од филмот како хајлајтс кој траеше вкупно 5-6 минути. Не ми се веруваше...

Некој прашуваше дали Волверин може да стане омилен јунак од типот на Супермен и Бетмен... Причината поради која овие ликови се сакани, е тоа што во првите делови од нивните филмови, комплетно се раскажува нивната животна приказна. Тоа е она што ги прави луѓето да ги засакаат. Кај Волверин, имав чувство дека режисерот ни го раскажува накратко првиот дел, и потоа почнува вториот. Многу разочарувачки...

Иначе ништо не му фали на Волверин, од главниот актер, ликот, сценските ефекти... се си е на место. За разлика од X-Men трилогијата некако му фали душа, затоа што таму има многу ликови кои се добри и посебни и те тераат да се грижиш па и да се плашиш за нив. Многу повеќе мутант-финти отколку тука. Волверин има многу едноставна приказна, дури и премногу: го изнервирале па тргнал да им ја скрши кичмата. Ме нервира тоа некреативноста...

Можеби малку пребирам како фан на X-Men, веројатно очекував нешто повеќе. Инаку за уживање, акција, и не многу замарање на мозокот, Волверин е и повеќе од добар филм.

Од мене 7.5/10
 

CueBaLL

Schizophrenic
Член од
7 декември 2008
Мислења
1.137
Поени од реакции
34
X-Men Origins: Wolverine (2009)

Конечно на добра снимка па се решив да одвојам време да го изледам. Филмот беше, горе-долу, она што го очекував. Морам да признаам дека ме излажа трејлерот и тоа многу овојпат.

Во трејлерот се покажува како бил во војна, па како умира жена му итн... па потоа тој станува она што е... Имајќи го тоа во предвид, очекував дека ќе ја видиме комплетната приказна за настанувањето на Волверин. И тогаш смртно се разочарав кога целиот тој период од детството па сите поминати војни и војувања, го дадоа на почетокот од филмот како хајлајтс кој траеше вкупно 5-6 минути. Не ми се веруваше...

Некој прашуваше дали Волверин може да стане омилен јунак од типот на Супермен и Бетмен... Причината поради која овие ликови се сакани, е тоа што во првите делови од нивните филмови, комплетно се раскажува нивната животна приказна. Тоа е она што ги прави луѓето да ги засакаат. Кај Волверин, имав чувство дека режисерот ни го раскажува накратко првиот дел, и потоа почнува вториот. Многу разочарувачки...

Иначе ништо не му фали на Волверин, од главниот актер, ликот, сценските ефекти... се си е на место. За разлика од X-Men трилогијата некако му фали душа, затоа што таму има многу ликови кои се добри и посебни и те тераат да се грижиш па и да се плашиш за нив. Многу повеќе мутант-финти отколку тука. Волверин има многу едноставна приказна, дури и премногу: го изнервирале па тргнал да им ја скрши кичмата. Ме нервира тоа некреативноста...

Можеби малку пребирам како фан на X-Men, веројатно очекував нешто повеќе. Инаку за уживање, акција, и не многу замарање на мозокот, Волверин е и повеќе од добар филм.

Од мене 7.5/10
Same one za recenzia misLam deka ne e potrebno Interista napravi dobra rabota so recenziata samo jas ja ocenuvam 6.5/10 samo zaradi akterskata ekipa

Underworld: Rise of the Lycans

Prikazna za pocetokot na vojnata pomegu vrkolacite i vampirite.Dobro raskazen zivotot na Lucian od negovoto raganje pa se do pocetokot na vojnata. Vo ovoj deL nekoi prasanja koi na gLedatelite im ostanale od drugite deLovi im stanuvaat pojasni. Ocenka 7/10

Fast & Furious

Starata ekipa e zaedno. Iako ocekuvav poveke od fiLmov izleze deka edinstveniot interesen deL od fiLmov se trkata i transporotot Sceni vo koi dominirat koLite. Ocenka 5/10
 

Kajgana Shop

На врв Bottom