Последен гледан филм со кратка рецензија

Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.035
Поени од реакции
12.892
Papillon (2017)



Римејк на оригиналниот филм од 1973 со Стив МекКвин и Дастин Хофман. Оригиналот го немам гледано, но би сакал некој ден да го изгледам чисто за паралела. Иако едно време бев голем фан на филмови со затвори, сепак некако доста е ограничена тематиката на тоа поле и во секои нови филмови поврзани со бегство од затвор, има повторување на дел од елементите од постарите, по што ми падна малку интересот за филмови од таа област. Сепак новиот Папилон е филм кој комплетно ги оправда моите високи очеувања за него и е доста добар филмски новитет.

Филмот е за двајца пријатели, кои случајно се наоѓаат во истиот затвор и имаат ист план да избегаат од него. Едниот од нив може да понуди заштита, додека другиот може да понуди пари кои планираат да ги искористат во бегството. Интересна приказна според вистински настан, во која се доловува какви всушност биле условите во тогашните затвори, како функционирал системот и како се спроведувала правдата. Приказна за тоа колку вредел човечкиот живот тогаш. Приказна за истрајноста, пријателството, пожртвуваноста, храброста...

Главни улоги во филмот се Rami Malek од Mr Robot и Charlie Hunnam од Sons of Anarchy, Green Street Hooligans исто, ако некој е по таквите филмови. Во филмот одлична е нивната хемија. Папилон ќе го држи во потполност вашето внимание и ќе ви биде супер возење низ една затворска авантура. Препорачувам на сите кои досега не го гледале. (y)
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
Прво увод да напишам, па после филмот.
Во некој страв од реоживување на националистичките идеи, негде после смртта на Тито, водството на СФРЈ посветува внимание на анти-пропаганда на ликовите кои имаат некаков култен статус во редовите на иридентата, како не би се поттикнале некакви чувства кои ќе резултираат со национализам. Дража „Чича“ Михајлович и Никола Калабич се две фигури кои и ден денес се почитувани од српските четници, иако неоспорени факти поврзани со нивните ликови се тероризирање на сопственото население (убиства, крадење) и колаборационизам - потпишани договори со нацистите. Дража бил уапсен и стрелан. Меѓутоа, голема контроверза постои околу самото предавство. Официјалната верзија е дека Калабич го предал и тој настан во 81-ва година, само една година по смртта на Тито, е екранизирано во тв-драмата „Последњи чин“. Перипетијата настанува откако глумецот Зоран Ранкич го портретира Калабич многу убедливо и иако предавник, иако четниците се прикажани како будали, пијаници, криминалци, сепак тој го прикажува како авторитет, што после на него лично му прави голем проблем во кариерата и приватниот живот. Меѓутоа, во денешново невреме, кога е отворена пандорината кутија и кога све ќоро и сакато има некоја своја (одамна погребана) кауза, РТС ја репризира оваа мини-серија, во таков рехабилизаторски карактер. Денеска ја прикажуваа, па тоа ме потсети да го побарам филмов.

Во тој дух, во тоа време, во наша продукција е снимен нашиов филм неколку години подоцна, 1985-та година. Исто тв-драма, во продукција на ТВ-Скопје. Пикиран е ликот на Џемо Хаса, кој го глуми покоен Џемаил Максут. Малку е симптоматично што приказната и за ш иптарот и за чича е слична. Агенти на ОЗНА им пристапуваат преку ојлевци-дојлевци и ги предаваат. Притоа, максимално се тежнее да се прикажат негативците како маргинализирани ѕверови, на кои сите пипци им биле скратени и живееле слична судбина како Хитлер, т.е се криеле и давале наредби кои никој не ги есапел. Мој личен став е дека ова не е далеку од вистината, посебно за балистите, затоа што и самите се познати како лоши борци, без хиерархија и команда, кои практично како бандити живееле од крадење и од сопствениот народ, а посебно што вршеле ѕверства врз Македонците.
Сум приметил дека дел од архивата на РТС (денешна МТВ) е дигитализирана со некаков ремастеринг, софтверски, меѓутоа, ова мислам дека е некоја приватна снимка. Во денешно време филмов би бил неподобен затоа што не оди во прилог на учкарската балистичка власт која од 2001-ва година владее со државава. Историски и фактографски, тврдам дека не е премногу манипулирано со фактите, посебно не околу самата суштинска улога на балистичките банди на овие простори, против кои нашите партизани се бореле. За жал таа иридента, криминална багра, сами си дозволивме денеска да ни биде реалност.
Од филмски/уметнички аспект, не можам да кажам дека е некое врвно дело. Главните улоги се на покоен Ненад Стојановски и Љупчо Петрушевски (се надевам дека е уште жив, ама го нема одамна по телевизииве) и голема екипа на наши глумци од постарата (по мене, златна) генерација: Мето Јовановски, Ѓорѓи Колозов, Ванчо Петрушевски, Душко Костовски и други. Снимано е по локации (што ги препознав), околу и во Тетово, Маврово, Шара.

Од зад грб (1985)

 

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.166
Поени од реакции
8.800
Pillow Talk (1959)

Ептен симпатична и позитивна романтична комедија или една од најраните таканарерчени секс комедии за тоа време, каде Дорис Деј носи шик облека и изгледа како права шик модна икона. Деј и еден лепотан (кој за жал после филмов изјавил дека е геј) се само неидентификовани гласови кои делат една телефонска линија и се караат кој колку треба или не треба да разговара на телефон. Таа е дизајнер и работата си ја закажува претежно преку телефон, а тој е познат бродвејски композитор и голем заводник кој инспирацијата си ја наоѓа пеејки секој ден на различна женска-преку телефон. Линијата секогаш е зафатена и напнатоста меѓу нив двајца само расте. Без да се познаваат таа го замислува како сексуален манијак и пореметен психопат, а тој неа осамена и кутра жена која нема живот, спие сама и сака да се меша во туѓите животи.

Еден ден сосема случајно двајцата ќе се најдат во ист локал и... Забавата тука почнува :ROFLMAO:
Ептен фил гуд филм за уживање и подобрување на расположението. Ви го препорачувам!
 
Член од
21 април 2019
Мислења
145
Поени од реакции
116
The_Silence_2019_film_poster.jpg

Слична ситуација како и во Тивко место, во филмот Тишината се појавуваат суштества од повеќе од 500 длабочина под земјата, после едно истражување.
Излегуваат на површината и јадат сѐ што може да се слушне: камења, возила, оружја, луѓе, буквално сѐ што произведува звук. Милиони жртви за неколку дена, тотална апокалипса.
Едно семејство со заедничка борба и храброст успева да преживее до преселба во нај северните делови од САД.
Одличен за сите љубители на хорор трилер научна фантастика, истотака вреди да нѐ потсети колку е скапоцен животот.
 
Последно уредено од модератор:
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.037
Поени од реакции
15.627
Lords of Chaos, биографски филм за култниот блек метал бенд Мејхем. Се двоумев дали да го гледам, можеби сум љубител на метал но сепак блек металот е ту мач за мене и ми е одвратен. Сепак, имаше позитивни коментари со препорака за гледање. На крајот, не е ни поентата да сакате блек метал за да го гледате филмот, тој е за човечките суети и несреќниот крај.
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.487
Поени од реакции
5.963
Досадно неделно попладне и буричкам во watchlist на imdb, таму некои негледани класици на Полански, Куросава, браќата Коен и едно залутано филмче што не памтам ни кој ни кога ми го препорачал. И ме фати неспремна.

Stand By Me (1986)

Гледам дека трае саат и дваесет минути онака, филмче некое со дечиња од 80-тите, а дејството сместено во 50-тите. И решавам да не читам ништо повеќе. Го логирам на letterboxd, ќе го оценам покасно. И тука гледам @џимеј го оценил со 5 ѕвезди и пуштам play подготвена за авантурата. Арно ама, ова не е авантура. Ова е ролеркостер од емоции.

Stand By Me ме врати во детството во моето маало. Немавме куќички на дрвја, но имавме запуштени автомобилски отпадоци од чиишто врати и седишта правевме наши бункери, носевме тегли ајвар, игравме карти, раскажувавме хорор приказни, измислувавме нови зборови, споделувавме желби и соништа за иднината, откривавме што е пријателство. Тоа го прави и овој филм, открива што е пријателство. Со сета своја наивност, го открива вистинското, детското и чистото пријателство во години кога не сте подготвени ниту да ја сфатите ниту да ја почувствувате љубомората, зависта, злобата.

Филмот портретира силни детски ликови кои сите ќе ги препознаеме како децата од нашата улица. Наивен дебелко што секогаш се плаши, оној со наочарите што глуми храброст, малиот што има проблеми во фамилијата, но е извонредно чувстителен и паметен и писателот што подоцна ќе ни го раскаже цело ова патешествие. Не сакам да откривам многу од приказната, но и нема што посебно да се открие, it's not about the destination, it's about the journey. Покрај ова силно навестување за минливоста на детските години, младоста и животот воопшто ќе излезете со едно огромно искуство, како и самите да сте биле дел од него, препородени и подготвени да го прегрнете животот со двете раце.

На крајот читам дека е адаптација на роман од Стивен Кинг и додека врти Ben E King со одјавна шпица бришам солзи со ракав оти не спремив шамивчиња.
 
Член од
2 септември 2010
Мислења
7.148
Поени од реакции
7.515
Charade (1963)
https://m.imdb.com/title/tt0056923/

Жими се не сум го гледал филмов, го начекав на факинг мтм пред некој ден и си викам еј Гери Грант и Одри глумат, мора да е добро. Не да е добро, одлично е, супер филмче како што и се очекува кога глумат овие двајца, посебно Грант. Во филмов Одри глуми жена која дознава дека нејзиниот маж кој умрел има скриено богатство кое го украле во војната со некои негови другарчиња. Грант се појавува како фраер кој ја освојува, а тука се и тројцата другари на маж и кои сакаат да си го земат нивниот дел. Има една дилема кај женава, на кого да му верува од тие четворица?
Толку, за повеќе информации, пуштете си го филмот.
 
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.037
Поени од реакции
15.627
Apocalypse now

Ух брате, филмиште. Не знам по кој пат го гледам и секојпат се поинтензивно го доживувам, кожа ми се ежи. Ако ги тргнеме на страна ефектите, кои се оправдани со оглед на тоа кое време е снимен филмот, другово е совршенство. Глумата е врвови, Мартин Шин имам впечаток дека од толку соживување самиот се има пореметено од филмот. Марлон Брандо, војникот поет, идеалистот, плука во лице на корпоратизмот и америчкото лицемерие. Атмосферата тешка, бавно се развива дејството, ама детал не пропуштам, психолошката анализа на Марлон зошто тоа го направил, не знам ни да напишам рецензија, знам само дека ми е еден од омилените филмови.
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.587
The Man Who Killed Don Quixote (2018)

Филмов е најпознат по тоа што скоро 20 години беше заглавен во development hell. Тери Гилијам после неколку обиди конечно успеа да го реализира. Дури има и документарец за пропаднатите обиди. Во првата верзија требало да глумат Џони Деп и Џон Хрт. Во оваа финална верзија се заменети од Адам Драјвер и Џонатан Прајс.

Приказната е за еден режисер по име Тоби кој доаѓа во Шпанија да сними филм за Дон Кихот. Во недостаток на инспирација се потсетува дека како студент бил на истото место пред десетина години и имал снимено краток црно-бел филм за Дон Кихот. Оди во селото каде снимал за да се потсети и да види што станало со „актерите“ од првиот филм, кои се всушност локални жители што се согласиле да глумат. И набрзо разбира дека неговиот мал студентски филм имал огромно влијание на животот на овие луѓе, па дури и несвесно уништил неколку животи.

Па за кратко време после серија на бизарни случки кои само човек како Гилијам може да ги нареди Тоби ќе стане бегалец од законот и тоа во друштво на Хавиер, чевлар кој го глумел Дон Кихот во студентскиот филм и кој во меѓувреме целосно забегал па сега мисли дека тој е Дон Кихот лично а мисли дека Тоби е Санчо Панса.

Доста чуден и бизарен филм, пак ќе речам во стил на Гилијам. Ретко кој лик, главен или спореден, ќе ви изгледа реално. До толку се екстремно поставени и ликовите и некои ситуации. Иако главната приказна е јасна на моменти стварно се прашував каде уствари води филмов и што е целата поента. Таман ќе почне да тера заплетот на некаде одеднаш ќе дојде WTF сцена што ќе ти стави прашалници на глава. И нормално има и крајно бизарен крај...

Сакам од време на време да погледнам вакви чудни и невообичаени филмови. Така и овој мада после толку помпа околу него имав поголеми очекувања. Има солидни моменти ама со ништо посебно не ме воодушеви. Драјвер е океј актер ама мислам дека Џони Деп во најдобри години ќе направел многу подобра работа. Му лежат некако вакви улоги.
 
Член од
18 јули 2018
Мислења
1.068
Поени од реакции
4.260
Weekend (1967)

Конечно се наканив да гледам филм од Годар и можам да кажам дека го одбрав вистинскиот како за мене. Маж и жена кои припаѓаат на француската буржоаска класа си коваат заговори за убиство позади грб, а и двајцата си имаат некого на страна. Плус родителите на женава треба да и остават некакво наследство, па овие се спремни ако треба и да ги убијат, само да им биде препишано на нив... И следи нивната авантура додека да стигнат кај што тргнале. Светот околу нив се распаѓа, односно нивното буржоаско општество им се распаѓа пред очи, а и самите тие како од самиот почеток да се спремиле за ваква апокалипса. Би ја спомнал дефинитивно фамозната сцена од 7 минути непрекината секвенца од гужва на пат, која ми по гледањево дефинитивно ми стана една од омилените сцени.
Годар ги критикува сите можни недостатоци на тогашното, а и на денешново општество, нè припрема за неизбежниот распад на светот, како што ретко кој може тоа да го долови, а со самото тоа со филмов ја деконструира самата филмска уметност и го завршува францускиот нов бран на кој и самиот тој му припаѓа. Дефинитивно мора да се репризира ова искуство уште неколку пати, зошто вака од прво гледање е доста тешко да напишеш поврзана рецензија.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.663
Поени од реакции
12.059
John Wick 3
Прилично се помачив да го изгледам, трае над 2 часа. Покрај што Ривс е тип ипол, не си ја подобри глумата, но и самиот филм како да немаше конкретна идеја. Два часа пукање и бодење со ножеви, некои хасасини, ради некој белег...што знам, можеби имитација на Mission imposible серијалот, далеку подолу во реализација. Не би го препорачал нешто посебно, иако на имдб оценките му се околу 8.
 

mandak

матапрчо
Член од
26 март 2009
Мислења
797
Поени од реакции
524
https://www.imdb.com/title/tt6908274/
Спаниш муви
Кој сака филмови со time travel нека не го пропушта.
Филм кој ке ве придобие со сигурност,напната драма!
Препорака од мене
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.035
Поени од реакции
12.892
Мислењето напишано од @Вокерка за Stand By Me на истата оваа страница, совршено би го опишала и овој филм. Лаење на ѕвезди е филм кој има неверојатно топлина, и е филм за сите возрасти и за старо и за младо. Се работи за училиште во провинцијата на Србија, кои заедно ги поминуваат последните и најлуди средношколски денови. Приказна за една младост, за едно поинакво време, за љубов, среќа, авантура, филм кој зрачи со младост и позитивна енергија. Ако сте за здраво смеење од саат ипол, овој филм ви го препорачувам од се срце, српските филмови имаат хумор кој не се наоѓа никаде на светот и е оригинален и специфичен само за овие простори, ова е врвот на тој хумор. Мислам да го гледам целиот филм на mute, да не слушам ништо, пак би умрел од смеење, фаците и гестикулациите на ликовите се урнебесни. Топла препорака за постарите да се навратат со мислите во најубавите денови од нивниот живот, за безгрижните авантури и животот без оврски, за помладите да се изнасмеат и да се алармираат дека токму тие години се годините во кои се пишуваат најубавите и најлудите спомени, кои секогаш ќе се паметат, и дека треба да ги искористат најубаво што можат. MUST SEE!
Бонус: песната од филмот
 
Последно уредено:

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.166
Поени од реакции
8.800
US 2019

Исто како и во get out и тука нормален и реален свет кој по бизарен сплет на околности постаснува ноќна мора која ги прогонува ликовите и тука за разлика од првиот што го спомнав, ме прогонуваше и мене. Едно нешто што го става us пред get out е што кога го гледав вториот бев под некоја импресија и му ставив висока оцена пошто реално човеков си прави уникатни сценарија, ама после се изгуби магијата и филмот не ми се допадна толку, а us не ми се допадна толку кога гледав и ставив оцена колку потоа кога ко што кажав ме прогонуваа сцените. Јас се плашам од темнина и кога и да бев во темно на памет ми доаѓаа оние четворицата језиви кога чекаа пред врата без да се помрднат и трчам ко ненормална светло да најдам пошто срцев удар ќе добијам. Сакам јас вака врски на светот со подземјето, сакам и пресврти, сакам и оригинални приказни и одлична глума..

И супер одлични кадри, ќе пробам да најдам нешто да закачам. И.. Музиката. Језиво и неповторливо искуство. Атмосферата.. Како што наликува за квалитетен хорор. Ликовите.. Посовршени не можеа да бидат. Језиви до коска. Мимиките, гестикулацијата на Лупита и децата-неповторливи како и глумата, посебно глумењето на језиви двојници, нема збор за тоа. Фацата на двојникот на девојчето... Бррр

Симболиката, дали е за црнците или за контролирањето на владата врз луѓето без разлика на бојата небитно, битно дека си гледав одличен филм. Сигурно дека на крај ќе си пронајдете своја симболика и ќе си поставите неколку прашања, па и ќе си заокружите некои свои теории...

Некои небитни ситни работи што не ми се допаднаа нема да ги кажам. Препорака и за оние што сакаат да се плашат на хорори и за оние што побитно им е да гледаат добар филм од што да паднат од стол од страв. Језиво, уникатно и неповторливо искуство. 8/10



и тн и тн...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom