Една од најдобрите комедии некогаш направени... Замислете денес да ги соберете Џејмс Франко, Џона Хил, Вил Фарел, Крис Рок, Еди Марфи, Џим Кери, Бен Стилер, Стив Карел итн, и да ги вметнете во еден филм. Невозможно нели?
Епа овој филм од 1963 го направил токму тоа, ги собрал сите дотогаш познати комедијанти и го направиле ова дело што трае преку 3 часа.
Филмов можеби и сте го гледале, се даваше на времето на Сител (кога беше за ниво понормална телевизија) во вечерните или пак раните утрински часови. А и да не сте го гледале, тогаш сигурно сте го гледале
Трка на стаорци од 2001 година... е овој филм успеа ДОНЕКАДЕ да го долови оргиналов од '63 година.
Приказната почнува кога во пустинските делови во Америка, еден возач паѓа во провалија со својата кола... попат се собираат неколку луѓе кои се симнуваат во дупката да му помогнат на човекот, кој нажалост е пред умирање. Али пред да испушти душа, тој им кажува дека на
тоа и тоа место под буквата
W има скриено богаство од 300.000 долари (денес тоа би дошло околу 4 до 5 милиони долари) . И тука веќе почнува целата фрка, овие луѓево што се симнаа да му помогнат на веќе починатиот човек стануваат алчни за тие пари, али никако не можат да се договорат како заедно да ги поделат парите, па така почнува трката и секој гледа за себе како да стигне до тие пари. Како што пишав, ако сте го гледале Трка на Стаорци, тогаш МОРАТЕ и овој да го ѕирните.
До каде оди човековото лудило кога ќе му се спомнат многу, многу пари?
Филмов тоа ќе ви го открие. Башка да напоменам дека во делово има многу камео актери кои безвезе се појавуваат на 2-3 секунди колку ете да ви го одвлече вниманието од филмот
10/10 оценка, огромна препорака од мене... нека не ве залажуваат застарените ефекти во филмот, сепак делово е правено пред 53 години, а е вистинска класика
The greatest cowboy who ever rode into the wild west... From Poland
Вестерн комедија со Џин Вајлдер и Харисон Форд. Рабин од Полска е пратен на мисија во дивиот запад да стигне во Сан Франциско се со цел да одржи Синагога со тамошните евреи, а патем му е ветена и ќерката на еден од луѓето таму. Рабинот Аврам (Џин Вајлдер) е наивен побожен човек, и не ги сваќа опасностите што се дешаваат во Америка за време на 19-иот век. Попат ќе се здружи со еден каубој (Харисон Форд) кој ќе му помогне да го најде патот до Сан Франциско, али човеков е типичен бандит, преживува со ограбување на банки и возови
Типична комедија, не е од типот како предходниот филм што го пишав, али за тепање време таман ќе ви дојде.
Оценката на ИМДБ е правилна, 6,4 и од мене