Последен гледан филм со кратка рецензија

Член од
5 декември 2009
Мислења
439
Поени од реакции
66
X-men First Class
Нема да речам залудно потрошени 2 часа али филмов е далеку од добар. Незнам до каде во холивуд ќе тераат со правење филмови од оваа франшиза , која според мене го достигна максималниот потенцијал со првите 2 филма(Режирани од Брајан Сингер- The Usual Suspects ).
Можеби Дарен да го режираше ќе испаднеше нешто друго али вака испаѓа филм во границите на просечноста.
Филмот е уствари приквел на првиот икс мен филм, и ни ги кажува почетоците на мутантите. Незнам како е во стрипот али искрено ми е ску*чено со филмови кои што ја вклучуваат студената војна(или понародски кажано амери против руси),а овде тој конфликт е во преден план на приказната ( Генералот кај русиве го Толкува Раде Шербеџија,вообичаена улога за него во последно време). Второ што не ми се допадна е онај момент кога суперхероите си ги дознаваат своите супер способности , 5ти филм е аман од франшизава и некој со мало познавање од неа нема потреба тоа да го гледа,а веќе кога тоа го правиш, направи го на некој по фин начин а не ајде во круг ќе се собереме и ќе покажуваме кој што знае.
И трет минус на филмов е изборот на актери. Не дека актерите се лоши , напротив ама имаа недостаток на харизма за да толкуваат супер херој (нешто спротивно од Патрик Стјуарт и Иан МеКелен).

Од другата страна како филм во кој преден план е акцијата а не глумата и не е толку лош филмов. Значи не е од оние филмови кои ве "заглупавуваат" али 8цата што ја има на имдб е преценета (на мое зачудување високо котира и кај патлиџаните па гледајте го и проценети сами дали заслужено високо котира или не ).

6/10
Го гледав истиов филм, и можеби поради тоа што сум огромен фан на X-Men серијалот филмов слободно можам да речам дека е ОДЛИЧЕН. 9/10 !

Како што кажа zee German погоре се работи за почетоците на мутантите односно сето она што го гледавме во трилогијата X-Men како дошло до тоа... филмов почнува со иста сцена како и првиот филм (мислам дека беше првиот) во кој се прикажува Магнето во Аушвиц (ко ќе ја тргни таа портата) /

Нема да зажалите и да не сте фан на филмовите, а доколку сте фан веднаш симнувајте го и гледајте го - R5 снимката, која е доста добра, веќе е на торент :D
 
Член од
5 јуни 2008
Мислења
3.632
Поени од реакции
5.724
The fountain (2006)


Во целина интересен филм. Одлични ефекти, главно доминира портокаловата, златната и жолтата боја... симболизирајќи повторно раѓање. Станува збор за романтична драма во која е опишано љубовното страдание на три пара од различни временски периоди на човештвото, Шпанската инквизиција, денешницата и иднината. Центарално место во животот на луѓето зафаќа стравот и неспремноста од соочување со губење на најблиските (љубените). Низ три приказни е опишана борбата на човекот да дојде до еликсирот на бессмртноста. Преку бессмртноста, љубовта ќе биде вечна! Трите приказни тргнуваат од три различни страни, а на крајот се сретнуваат на исто место. Човекот учи дека смртта е дел од животот, нужен процес за повторно раѓање. Со прифаќање на овој факт ние нема причина да се плашиме. Загубата на најблискиот е привремена. Животот го менува физичкото значење, преминува од еден во друг вид. Може да се толкува како реинкарнација... Всушност, трите парови од трите приказни се едни исти ликови! Низ многу поминати години и векови тие повторно се наоѓаат и повторно учат за животот и смртта!
10/10

Forrest Gump (1994)


Може еден од најфалените филмови некогаш, се разбира со добра причина! Комедија која на оригинален начин ја отсликува борбата на ментално-хендикепираниот Форест Гамп за достоен живот еднаков на животот на секој нормален Американец. Приказната започнува на автобуска станица, каде возрасниот Гамп го чека автобусот бр.9... Зошто?, откриваме дури на крајот од филмот. Со рандом лица кои седнуват на истата клупа со него води монолог за сопствениот живот. Почнува од своето детство, а завршува до самиот момент на чекање на автобусот. Неговата мајка е авторитетот кој целиот живот го почитува. Постојано напоменува на нејзини реченици кои му се водилки низ животот. На почетокот е отфрлен, поради неговиот хендикеп. Но, за разлика од многумина тој е храбар, истраен и талентиран. Многу малку имале прилика да се сретнат со Американскиот претседател во Белата Куќа, а Гамп ќе ја има таа можност повеќепати во својот живот! Може прикажано на комичен начин, но дефинитивно Гамп, и покрај тоа што сме ментално совршени за разлика од него, не прави многу помали луѓе од него! Неговата храброст, искреност и лојалност е нешто со кое никој не може да се спореди. И тогаш забораваме на неговите недостатоци бидејќи не сме достојни да ги исмеваме. Форест Гамп е над нас, тој е оној кој нас треба да не исмева! Низ целата приказна е прикажан и животот на девојката Џени, која за разлика од него, нема никаков успех. Талка низ животот и живее од денес за утре. По долго време судбината ги врзува на неочекуван начин...
10/10
 

Vlatko_Gjorce

Ѓубре
Член од
17 април 2009
Мислења
2.559
Поени од реакции
2.524
The Serpent and the Rainbow (1988)

Вуду хорор-трилер од Wes Craven, со Bill Pullman.
Ме изненади позитивно, не очекував олку добар филм, пошто е прилично непознат (и во однос на другите на Вес Крејвен).
Дејството не паѓа во ниеден момент, интересен е цело време, солидна глума, добра приказна, атмосфера и многу јаки хорор сцени...АМА (не верувам дека ова е спојлер пошто не кажувам што се случува) крајот е толку лош што го упропастува на целиот филм. :mad: Да беше крајот добар како и останатиот дел од филмот, ова ќе ми беше еден од омилените хорор филмови и ќе му дадев 8, а вака -

7/10
 

macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.808
Поени од реакции
1.560
Македонскиот дел од пеколот. Дејството се одвива за време на НОБ Македонија е под Бугарска окупација и зборува за непрекинатат борба за слобода но и другиот дел има освен Македонскиот непокор секогаш тука се предавниците да ви ги заплеткат сметките. Мора да се види! Улоги : Ристо Шишков , Петре Прдличко, Владимир Ангеловски и други
 

stick figure

#MiaSanArsenal
Член од
2 мај 2010
Мислења
4.811
Поени од реакции
3.705
I only watched this movie because of Barney бре!
Иначе се работи за еден душбег кој има пари, коли, женски итн итн, и така еден ден, одлучува да направи шега на сметка на една вештерка. Таа шега нема баш да ја насмее вештерката и ќе му фрли магија врз душбегот да биде грд. Тогаш овој сфаќа како е никој да не те сака но во неговиот живот потоа доаѓа женска во која се заљубува он. Он сумња дека оваа го сака (нели оти е грд) ама ќе биде баш спротивното. Kaко на филм.
 
Член од
6 јануари 2011
Мислења
1.059
Поени од реакции
2.684
Atonement (2007)


Филм базиран на истоимениот роман на Ian McEwan.
Првиот дел се одвива во 1935 год. на имотот на фамилијата Талис. Се започнува кога најмалото дете во фамилијата - 13 годишната Брајони случајно ќе ги виде низ прозорецот нејзината сестра Сесилија и градинарот Роби во една непријатна ситуација. Всушност, Сесилија и Роби се скарале околу вредната вазна која Сесилија сакала да ја наполни со вода, а Роби несакајќи ќе ја скрши. Лутата Сесилија влегува во фонтаната во долна облека во потрага по скршеното парче. Следно - Роби сака да и напише писмо на Сесилија во знак на извинување, но наместо тоа пишува писмо во кое ги искажува своите секскуални фантазии спрема неа. По грешка, тоа писмо прво ќе стигне до рацете на малата сестра, а потоа и до Сесилија. Малата Брајони не ја сфаќа привлечноста меѓу нив и Роби го гледа како сексуален манијак и чувствува должност да го оттргне од фамилијата. Од овде почнуваат проблемите предизвикани од Брајони кои ќе бидат кобни по животите на Роби и Сесилија....
8/10
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
The Ledge (2011)


Очекував повеќе според коментарите кои ги читав предходно за филмот, но иако не сум нешто импресиониран, испадна сосема солиден филм. Одма да кажам дека овој филм е од сериозните драми со сериозни теми, карактери и дијалози. Не е динамичен, нема акција, ако сте во расположени за таков филм гледајте нешто друго. Се работи за две различни перцепции на светот, она на атеистите и фундаменталните католици, пресликано преку еден љубовен триаголник.

До станот во кој живеат Гевин (главниот лик, некој дечко што не е којзнае што од актер ама по изгледот може комотно да ги глуми Хит Леџер или Курт Кобеин ако некој реши во овој период да прави филмови за нив) и неговиот геј-цимер, се доселуваат Шејна (Лив Тајлер) и нејзиниот сопруг Џо (Патрик Вилсон, типот од Hard Candy кој истовремено многу потсетува на Пол Њумен), религиозен човек кој не може да го прифати животниот стил на соседите. Работите се комплицираат понатаму кога Шејна се вработува во хотелот во кој работи Гевин, и меѓу нив... you know...

Оваа врска ќе го доведе Гевин на ивицата (the ledge) од една зграда, со намера да скокне од истата. (Не паничете не е спојлер, уште на почетокот на филмот се случува).

Заборавив, тука е и детективот Холис (Теренс Хауард, ми има оставено добар впечаток во неколку филмови, посебно во Crash).

Значи, можете да очекувате драма базирана на карактери, со многу дијалог, малку динамика, ништо посебно возбудливо ама сепак солиден обид. Ќе беше многу подобро ако филмот беше сниман на друга локација, оваа беше многу сива и монотона... ако беше тоа идејата на режисерот, не знам...

Уште да кажам дека филмот го има на некој webrip од 1.6gb кој е одличен, не забележав никакви посебни проблеми.

7/10, веројатно нема да ви се допадне :)
 

jasisamojas

Не ми треба титула
Член од
26 ноември 2008
Мислења
762
Поени од реакции
423
Harry Potter and the Deathly Hallows: Part 2 (2011)


Заврши и последното поглавје од познатиот Хари Потер.
Во последната битка за извојување победа над Лорд Волдерморт, Хари и неговата дружина мораат да ги уништат последните магични нешта кои му овозможуваат на Волдерморт да биде бесмртен (пехар, дијадема, и неговата страшната змија). Хари Потер дознава дека едно делче од душата на лошиот Волдерморт се наоѓа во него и единствениот начин да се ослободи од неа е да се жртвува и да му се предаде на Волдерморт.
Не сум фан на Хари Потер, но морам да признаам дека филмот и сценариото беа брилијантни.
Моја оцена 9,5, додека моменталната на IMDb 8,7.
 
Член од
8 јули 2011
Мислења
107
Поени од реакции
62
Синока само што го изгледав Dylan Dog: Dead of Night..



Очекував повеке... барем да ме завлече како стриповите.. но ништо посебно. Моја оценка 6/10.
Тој што ги има читано стриповите знае за што се работи, кој не ги читал нема ни да му е интересен многу..Како и повекето филмови со вампири, вукодлаци и зомби, слабо сценарио и уште послаба глума.
Дилан Дог е приватен детектив кој е веке пензиониран и моментално работи на досадни случаи од видот - мажот ја изневерува жената и таа сака доказ па се јавува кај Дилан Дог. Но пред да ја работи таа досадна работа, работел како приватен детектив кој се занимавал со случаи исклучиво поврзани со вукодлаци, вампири и слични чудовишта кои живеат мегу лугето а тие не се свесни за тоа, и во исто време одржува ред помегу сите тие чудовишта и лугето.. Е поради тоа што се заканува војна мегу сите тие чудовишта, мора пак да се активира и да го реши и овој случај и да ја спречи војната..

ЕДИТ ОД МОДЕРАТОР: ДОБРО БЕ, КОЛКУ И ДА НЕ ТИ СЕ ДОПАДНАЛ ФИЛМОТ, КРАЈОТ СЕ ПИШУВА ЛИ АЛО?
 

Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246

Trainspotting ('96)

Дури 8,2 на имдб. Идејата е дека сме преоптеретени во животот, сите избори кои треба да ги правиме секојдневно, се` она што ни го наметнува општеството, it's a whole lotta SHITE, обврски, одговорности, непотребности, љубезности. Што ако не го избереме животот, избереме да не не` контролира/притиска нешто, да не бидеме силувани?

Во 90тите кога е правен филмов и општо земено, порано, било дрогањето, сега е виртуелниот свет, како поперманентни начини да се избегне животот, иако да бидеме реални, и животот и избегнувањето на животот пак си носат заеднички замарања, борба за леб и фанатичност/опседнатост/бивање контролиран од нешто. "No matter how often you go out and rob and fuck people over, you always need to get up and do it all over again." Со таа разлика што избегнувањето си носи и беда и болести, единствен предмет што ќе го имате дома да биде беден душек за спиење.

Добар филм за некој што сака да се одвикне. Добар филм за навлезените во "The job, the family, the fucking big television. The washing machine, the car, the compact disc and electric tin opener" рутината. Добар филм за некој што сака кул witty реченици, макар што превише преголеми и за мене нејасни зборови се употребувани. "The streets are a wash with drugs you can have for unhappiness and pain, and we took them all. Fuck it, we would of injected vitimin C if only they'd made it illegal."

Дали ќе успее Рентон? Мислам да. Кога човек ќе сфати нешто на своја кожа и има шанса да се поправи и сака вистински да го направи тоа, зошто да не? Затоа и он не пробуваше да му помогне на Tommy, највише за него ми беше жал у филмов.
 
Член од
13 август 2010
Мислења
956
Поени од реакции
1.100


Сеуште по импресии од Новела за сонот, си реков ај да го погледнам филомот повторно, иако го имам гледано 2-3 пати. Кога би правела компарација меѓу филмот и книгата има разлики, но тука сега за тоа нема да коментирам туку само ќе кажам дека секое парче си има своја уметничка вредност. Кога сме кај филмот самиот факт дека е Кјубриково дело доволно зборува. Филмот изобилува со еротски сцени притоа проткаено со голема доза на мистериозност, со исто таква музика која дава посебен шмек и од која се наежува кожата. Вреди да се погледне, во секој случај.
 
Член од
8 јули 2011
Мислења
107
Поени од реакции
62
MV5BMTM4MTUwNDg0OF5BMl5BanBnXkFtZTcwMjUyODYxNA@@._V1._SY317_.jpg

Barney's Version, Еден од најдобрите филмови кои сум ги гледал.. моја оценка 9/10
Приказна за еден (не)обичен човек, односно приказна за неговите пријателства, лубов, семејство...неговите 3 брака, врската со татко му.... многу добра драма со феноменални актери и најдобрата изведба на Пол Џијамати, со која се докажува како актер од висока класа.
 

stormspeaker

Бекрија
Член од
4 октомври 2008
Мислења
1.858
Поени од реакции
1.343
Немам обичај да пишувам рецензии на изгледани филмови, но сега морав.

The Shawshank Redemption (1994)


Едноставно морав да го гледам филмов затоа што е прв на листата на ИМДБ, пред Godfather. Не верував дека постои филм што залужува да биде пред епското дело на Копола. Го гледав прв пат филмов и се засрамив што до сега не сум го гледал. Ако има некој друг како мене што досега го избегнувал филмов и покрај многуте препораки по форумов, нека оддели 140 минути, затоа што филмов заслужува да биде изгледан минимум по еднаш од сите. Гарантирам дека ќе ги разбуди емоциите дури и кај најтврдите. :)
За оние што сеуште не се запознаени со ова дело: угледен млад банкар е осуден на две доживотни робии за убиство на својата жена и нејзиниот љубовник, го затвараат во затворот Shawshank каде што се спријателува со дел од тамошните “жители“. Мислам дека е доволно. Кој сака да знае повеќе нека го изгледа филмот, нема да зажали.
Форест Гамп е причината зашто овој филм не освоил оскар. Јас лично не можам да пресудам кој филм е подобар.

I hope you'll like it! :)

10/10
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.403
Поени од реакции
5.957
The Four Feathers



Филмот е адаптиран според истоимениот роман на Alfred Edward Woodley Mason и веројатно е римејк на овој. Но избрав да ја гледам поновата адаптација заради улогата на Леџер.

Приказната започнува со еден британски офицер кој се откажува од армијата токму во време кога таа треба да тргне во борба. Офицерот Хари (Хит Леџер - не ни треба да споменувам за квалитетот на неговата актерска појава) никогаш не ни сакал да учествува во војна, се пријавил во армијата заради својот татко. Но, на кукавиците кои се откажуваат од војната поради страв им подаруваат пера кои се симбол на нивното предавство и кукавичлук. Тоа Хари го добива од својата неодамнешна верeница (Кејт Хадсон) и длабоко ги повредува неговите чувства. Четвртото перо ќе го измени текот на неговите мисли и сите подоцнежни настани.

Ова е филм за тоа што човекот може да стори за зачувување на достоинството, за тоа што е вистинско пријателство и вистинска љубов. И за она дека секогаш ние не сме господари над туѓите животи, па дури ни над сопствениот. Репликата по која ќе го паметам ќе биде I have no choise, God put you on my way.

Оценка 9/10.
 

stick figure

#MiaSanArsenal
Член од
2 мај 2010
Мислења
4.811
Поени од реакции
3.705
Вдовец кој сака да се зближи повеќе со своите деца решава да тргне на пат за да ги види. Насловот на филмот е „Сите се добро“, а уствари никој не е. Тој иако е болен и не смее да патува, решава да ги посети своите ќерки и синови, кои сите живеат во различни градови. При секоја посета ги прашува дали е се во ред, дали живеат убаво, а тие секако му одговараат со да. Сфаќа дека тие повеќе биле блиску со мајка им, бидејќи и она е како и нив, односно се преправа. Но неа ја нема и човекот знае дека сите го лажеле. Според мене одличен филм.​
8/10


Филмов... уфф, еден од најдобрите што сум ги гледал, можеби затоа што сум фан на вакви спортски филмови.​
Се се случува седумдесетите во Вирџинија, кога имало војна помегу расите. Кога видите дека е нешто поврзано со спорт, сигурно си викате „Оф леле, знам како ќе заврши, нема да е интересен“. Епа, и другар ми тоа го викаше па се изненади. Значи овој филм ни покажува како можеме сите заедно да живееме без разлика на расата, религијата, националноста. Има една работа што сите во светот не поврзува, а тоа е спортот.​
Дензел Вашингтон е тренерот и "законот" кој мора да го почитуваат сите играчи. Мешајки ги играчите дознаваат дека не се разликуваат воопшто со другата раса и научија како да играат заедно. Сите тимови во државата беа без мешање на расите, но поради тоа Титаните беа посилни. Одличен, одличен филм!​
10/10
 

Kajgana Shop

На врв Bottom