The curious case of Benjamin Button (2008)
Прилично ме изненади филмов. Интересно склопен приказна за Бенџамин кој го живее својот живот обратно од целата човечка популација. Тој е феномен, роден е како старец. Одбиен од свото семејство, вдомен е од црнци и тоа не било каде, туку во старечки дом. Целото свое `детство` го поминуваа соочувајќи се со најстрашните моменти од човечкиот живот, загубата на најблиските. Секојдневно гледа како некој доаѓа во домот и како некој засекогаш си заминува. Неговиот живот не е воопшто поинаков од животот на било кој, освен што неговиот изглед не соодветствува со годините кои ги има. Паралелно со неговиот живот се одвива и животот на Дејзи, но во `правилниот` правец. Го сретнува Бенџамин како старец, а таа е дете. И знае дека тој е посебен. По долго време, некаде на половината од својот живот тие се сретнуваат и вљубуваат. Тоа е периодот кога изгледот на Бенџамин се поклопува со неговите години... Како продолжува нивниот живот, како Бенџамин ќе се соочи со бракот и фактот дека ќе биде татко... нема да откривам.
10/10
Unthinkable (2010)
Последен гледан филм. Сеуште сум под импресии...Се работи за вечната борба на САД со тероризмот. Терорист со американко државјанство се заканува со 3 нуклеарни бомби доколку не бидат исполнети неговите услови. 3 града ќе бидат кренати во воздух и милиони луѓе ќе го загубат својот живот. Во потрагата е вклучува ФБИ, војската и уште нколку `тајни` безбедносни служби. Терористот е изложен на монструозна тортура од страна на Х. се со цел да ја изнесе вистината за бомбите. Додека Х. е ладен и подготвен на незамисливи методи за да дојде до целта, агентката Броди од ФБИ се обидува да допре до емоциите на човекот. Но, и двајцата се безуспешни во тоа... Филмот нема целосно среќен крај најверојатно со цел да не остави да размислиме, нас гледачите, дали луѓето кои требаше да дојдат до вистината, ја извршија својата задача или не....
Интересно кај овој филм се условите кои ги поставува терористот. Тоа се улови кои денес ги сака секој Американец, а и секој човек на светов. Но, услови со кои владата на САД ни под `разно` не би се согласила. Со тоа, кај нас останува отворено прашањето за оправданост на делото кое го прави терористот, но и за (не)оправдувњето на примената на тортура врз било кого. и за било која причина. На крајот на филмот режисерот најверојатно сака да ни укаже на тврдогавоста на Американската влада и за последиците до кои може да доведе таа.... Свесни сме дека денес целиот свет трпи поради таа тврдоглавост.
9/10