Das Boot (1981)
Начекав негледан филм од листата па решив да го погледнам и да видам дали го заслужува неговото место во World Cinematography, и што да кажам друго освен одлична препорака од џимеј! Се оставив со филмов, ја симнав uncut верзијата која трае околу 4 саати, хех од 10 саат сабајле го почнав... Но, во ниеден момент не ми здосади иако скоро целото дејство се одвива во подморница, сепак одличниот дијалог и глума не дозволија. Тука беа и акционите сцени, психолошката војна и надмудрувањата помеѓу екипажот на подморницата и разорувачот (200 метри... 210 метри... 220 метри... незаборавно) кои ме оставија без здив. Највеќе ми остави впечаток тоа што и покрај безбројните демонизирања на Германските војници во скоро секој холивдуски филм das Boot ја покажува реалноста, и тие војници се луѓе како и сите други, а не некакви безлични зомбија, војници кои следат наредби како и сите други со единствена разлика што тие се наоѓаат на 'другата' страна од војната. Додека крајот ни ја пренесува пораката "There are no happy endings in war" и "War is not glorious". Едноставно филмот pulls no punches шо се вика и ја прикажува реалноста на војната таква каква што е, нема никакво глорификување, и тоа навистина ми се допадна.
10/10