Последен гледан филм со кратка рецензија

~DaRko

Поштен лопов
Член од
29 март 2009
Мислења
5.888
Поени од реакции
2.481
i_know_what_you_did_last_summer_blu-ray.jpg i know what you did last summer


сигурно повеќето го имате гледано, сега играше брзо на ТВ.
значи се работи за 4 тинејџери кои случајно ќе "убијат " или ќе прегазат еден човек за кој на крај сепак ќе се дознае дека тие не се неговите убијци. меѓутоа после една година "некој" ќе им го загорчува животот постепено, на секој тинејџер на различен начин ќе му го најде крајот.
кој бил всушност убиецот на тој човек и кој им го загорчува животот на тинејџериве нема да откријам за тие што не го гледале, а што планираат да го гледаат. нема да биде интересно ако кажам.

 

zee German

mpkfa
Член од
12 август 2009
Мислења
6.409
Поени од реакции
6.031
13
Незнам зошто го гледав посраниов римејк а можев оригиналот прво ...па ја изгубив желбата за гледање на оригиналот со фактот дека двата филма се режирани од ист режисер.(можеби некоаш би се премислил и би го гледал 13 tzameti) .
Незнам од каде да почнам ,дали од солидната актерска екипа која во целиот филм беше калакурница ,без никакви емоции ,ни 1 процент соживување со ликовите кои ги толкуваат ,па имаше изглед како со сила да глумат,па дали од ептен лошо снимените сцени во поглед на тоа што во нив се прикажуваше се али она што еден филмски гледач очекува и вреди не.
И дете од 7 години можеше да примети дека сцените со пукањето беа тотална утка ,па добро бре една фиксна камера на таванот 100 пати подобро ќе ја завршеше работата али што е тука е....а и приказната колку беше лошо објаснета тоа чудо невидено...

максимум 4/10 ( можеби и помалце али има и некои убер по посрани филмови од овај )
 

Max Legend

The black swordsman
Член од
27 септември 2010
Мислења
4.339
Поени од реакции
6.478


Првиот филм го имам гледано 1000000000000000000 пати и никако да здосади.Краток опис:Човештвото е обединето,има една светска влада,општеството негува фашистички начин на живот и веќе има создадено многу колонии во вселената.Е сеа им се случува проблем,имено една човечка колонија е воспоставена на планета која им припаѓа на Арахнидите,колонијата е уништена и Арахнидите го уништуваат Буенос Аирес со метеорит.Со ова започнува долгата војна за превласт на две раси.Пред некој ден дознав дека филмот се базира на истоимената книга од Роберт Хајнлајн и фановите велат дека е многу подобра од филмот(за тоа морам лично да се уверам) и дека Верховен до толку се депримирал кога ја читал па ја оставил после 6 поглавја и се решил да направи своја верзија. XD

Во секој случај 10/10

Вториот филм.Па,овде ништо и не се случува.Една од теранските чети е заглавена во посебно засолниште како би се заштитиле од нападот на Арахнидите.Колку и да се трудам да го набљудувам ова од друга перспектива(Верховен не е режисер+ова е споредна приказна) филмот ужасно фејлува. 2/10

Третиот филм.Каспер ван Диен,еден од главните ликови се враќа што е за поздрав,има интересни борбени сцени,фашистичката атмосфера се враќа(овојпат и со примеси на исмевање на религијата).Приказната е од типот да се спасат лица кои имаат информации од витално значење за опстанокот на Федерацијата. 5/10 за ван Диен и Џолин Блелок и нормално песничево.


Предлагам песнава да ни стане нова државна химна. :)
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
American Psycho



Дојде на ред, да го изгледам според многумина најдоброто од Кристијан Бејл. Доцнам само 10 години, ама хеј има филмови за кои доцнам уште повеќе. Всушност многу наслови намерно ги оставам за вакви пeриоди кога добрите филмови се бројат на прсти. Не знам дали е најдоброто, но дека е добро тука нема сомнеж. Ма одлично е. Во секој случај, секој филм го оценувам преку две работи: Прво, приказната, второ, изведбата на главниот актер. Кога одат едно со друго тоа е целосен пакет. Па така и во случајов, одлично изведено сценарио и извонредна изведба. Бејл е полн погодок за улогава. Читав дека многумина му велеле дека не му е најпаметен потег да ја прифати улогава, бидејќи би можела да значи самоубиство за неговата кариера, но ја прифатил токму заради тоа.

Патрик Бејтмен е социолошки феномен. Човек со навидум совршен живот, русокоса свршеница, убав апартман и дебела сметка. Човекот пати по совршеност, не смее да има дамки никаде, станот му е целосно бел, а тој самиот не сака да го допираат. Патрик е психолошки нестабилен. Комплетно неурамнотежена личност, која не може да го поднесе туѓиот успех и токму таа компетитивност го буди садистот во него. Бејл со изведбата ме натера да чувствувам одвратност. Токму тоа е она што го прави филмов добар. Не начинот на кој постапува, ниту зошто, ниту како. Мене цело време вниманието ми го одземаше неговиот став. Не знаеше што да прави со себе. Единствено нешто што му беше својствено за цело време беше самољубието. Буквално секој негов потег беше одраз на тоа самољубие. Прашањата кои ги поставуваше беа исто така поврзани само со него. Патрик Бејтмен е навистина уникатен лик. А таков е најмногу заради изведбата на Бејл. Мајко моја какво лудачиште...:)

Кој не го гледал филмов нека не ја гледа сценава. Не е некој голем спојлер ама сепак подобро да не се гледа. Ова е најсмешната хорор сцена на сите времиња. Моментот кога ќе заигра е прајслес.

 

stick figure

#MiaSanArsenal
Член од
2 мај 2010
Мислења
4.811
Поени од реакции
3.705


Филмов е fuckin' awesome!!!
10/10 според мене, иако на IMDb e oценет со 6.7 .
Ви го препорачувам на сите што не сте го гледале, филмот е уште едно ремек дело на Todd Phillips. :)
[/CENTER]
 

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
13.512
Поени од реакции
28.872
Who's Afraid of Virginia Woolf?

Проблематичен пар чија врска се состои од караници и алкохол очекува гости кои се поканети од Марта(Елизабет Тејлор) кои ги вовлекува во горчливите игри на Џорџ и самата Марта, се додека Марта не го спомне нивниот син.
Одлична глума, одличен филм.
Класика.
9/10
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Antwone Fisher



Кој би рекол. На некоја наша телевизија најдов одлична драма и тоа режирана од Дензел Вашингтон кој ја игра споредната машка улога во филмов. Уште еден филм кој е доказ дека Дензел нема потреба да го спасува светот, зашто е роден за драми.

Приказната се врти околу младиот Антоан Фишер кој е член на морнарицата и има проблеми со своето однесување. Токму заради тоа ќе мора да го посетува психијатарот на морнарицата, на неколку сесии. Иако момчето во почетокот ќе одбива да соработува со психијатарот, полека ќе почне да се отвора, раскажувајќи многу потресна приказна за своето дество, откривајќи го така својот живот и своите стравови.

Прекрасен тандем се Дензел и дечково кој прв пат го гледам на екран, а се вика Дерек Лук. Како голем фан на драми го препорачувам филмов на луѓе како мене кои заборавиле што значи добра драма.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.329
Поени од реакции
7.796
The Way Back.



Авантура филм викаат за вистински настан што можеби и е. Но секако тука се клише сцените и актерските манири, што ги има во ваков тип на филм. Политички затвореници во гулаг и нивно бегство тоа е тоа воглавно другото филмот ќе си го гледате.
 

wot

њ
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.532
Поени од реакции
33.734
Cidade de Deus (2002) или на нашо City of God (2002)



:nesvest:

Уште сум под импресии. Многу добар филм. Како ме има извозено приказната само.. ретко преку 2 часа да ми поминат толку брзо. Толку реално доловено, толку добро реализирано, по вистинска сторија а плус и со наратор што мене ми дава некој посебен шмек во филмовите, на крајот ми дојде да ракоплескам. Се мразам дека ретко давам шанса на странски филмови.

Приказната се врти од 1960, 1970 до 1980 и е лоцирана на недалеку од Рио де Жанеиро, во гратче каде си риболовец, криминалец или полицаец, и за транзицијата на локалните деца во лидери на банди, криминалци и дилери. Дознав што е Гето во буквална смисла на зборот. Незнам што повеќе да напишам за филмот, едноставно топла препорака, квалитетен филм, нема да згрешите. 10/10.
 

jasisamojas

Не ми треба титула
Член од
26 ноември 2008
Мислења
762
Поени од реакции
423
My Name Is Khan (2010)



Индиски Боливуд филм кој ја раскажува животната биографија на Ризван Кан, кој страда од Аспергеров синдром - форма на аутизам. Кан не знае да лаже, се' сфаќа буквално, не подразбира иронија (на пр. ако му речеш „ќе се убијам!” тој тоа го сфаќа буквално), не покажува емоции и не може да ги насети чувствата или желбите на другите. По посетата на својот брат во Сан Франциско се жени тој со една млада Хинду-жена, што доведува до одредени конфликти во неговото семејство и во средината во која живеат, бидејќи Кан е Муслиман.

Веднаш по терористичкиот напад 9/11 нивниот, а и животите на другите невини Муслимани кои се веќе постојани Американски жители се претвора во пекол. Од нивната призма е прикажан потресниот пост-терористчки период и сите последици низ кои тие мораат да минат. Да се биде Муслиман во Америка после 9/11 било навистина неиздржливо, со оглед на тоа што голем број Муслимани биле изложени на тортура, омаловажување, исклучување од општеството, етикетирање дека се сите терористи кои водат света војна.

Заплетот на филмот почнува кога Кан се решава (не е негова лична идеја, но да не биде спојлер) да појде кај претседателот на САД и лично да му порача „Моето име е Кан, и јас не сум терорист!”

Филмот ја пропагира пораката дека луѓето во светот единствено се делат на добри и лоши, и дека други разлики меѓу нив не постојат.

Глумците беа на висина на задачата, а посебно Кан, кој одлично беше одглумен. Камера, слика и индиската музика беа исто многу добри. Лично мене ми се допадна тоа што приказната беше свртена и прикажана од страна на жртвеното јагне, во овој случај невините Муслимани кои се постојани жители во Америка.

Забелешка т.е. предупредување: Филмот трае околу 2 и пол часа.

Оцена на IMDb: 7,3/10 (а од мене лично 9.0)
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Едит од модератор : Дечки, да ви напоменам нешто пошто гледам дека има потреба (макар што Џими и Иосоно го имаат сто пати кажано ова).
ОВаа тема не служи за да ставите филмски постер и да пишете ТОП и да ставите оценка некоја (тоа ептен кога сте расположени). Ако пишувате пишете асална рецензија која ќе се состои од барем три четири реченици. Се друго ќе биде избришано.
Втора работа, во темава не одете оф топик. Се што имате да дискутирате за филмови правете го во темата за Генерална диксусија. Тенк ју вери мач.
 

zee German

mpkfa
Член од
12 август 2009
Мислења
6.409
Поени од реакции
6.031
Serpico (1973)

Вистинска приказна за чесниот(слободно можит да се кажи и голем нопак :) ) Френк Серпико и неговиот прогрес во њу јоршката полиција каде корумпираноста ја гледа на секое можно ниво...
Режија од Сидни Лумет (12 angry men) и Ал Пачино во главната улога(филм со кој самиот се пробил во филмската индустрија) со ептен кул фризура :) .

интересен филм за секој љубител на крими жанрот .
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
12 Angry Men



Како се трефнало со Zeegerman сме гледале два култни филмови од ист режисер...:)
Морам да признам филмов ме воодушеви. А ќе си речеш што има интересно во филм во кој цела приказна се состои од 12 поротници затворени во една просторија? Во тоа е шмекот на старите филмови. Глумата и самите агли на снимање се сосем поинакви. Уживав 1 и 30 минути во оваа драма.

Накратко за приказната. 12 поротници треба да одлучат дали е виновно едно 18 годишно момче за убиството на својот татко. Ако го прогласат за виновен ќе оди на електрична столица. Во просторијата 11 луѓе влегуваат убедени дека момчето е виновно, а само еден поротник се сомнева во тоа. На незадоволство на другите одлуката ќе се пролонгира, а единствениот кој уште на почеток се сомнева во вината на момчето ќе почне да образложува зошто стои на тоа мислење. Прашањето е, какви аргументи се потребни и дали се воопшто доволни за да се разубедат цврсто убедените поротници?
Одлична изведба.
9.5 само зашто не постои ништо совршено..:)
 

Борче

Мадридиста
Член од
9 октомври 2010
Мислења
215
Поени од реакции
290
And Soon the Darkness

Две другарки Стеф и Ели велосипедистки одлучуваат една ден да одат во Аргентина,во така помал град.Па една ноќ ке се забавуваат,едната девојка ќе биде пијана,па поради тоа утре дента ќе го испуштат автобусот.Ќе се скарат,напуштат една со друга..Но едната ќе ја снема(киднапирана) а другата ќе бара..
Оценка 5.5/10
Девојките се уфф..мада приказната е малку досадна

Devil (2010)

Едно утро во Филаделфија пет (нормални) луѓе влеват во лифт.Не се заинтересирани еден за друг..Па лифтот ќе заглави,и ќе се случуваат неочекувани работи,бидејќи еден од петте луѓе е ѓаволот..
Оценка 8/10


Unstoppable
Двајца луѓе вработени се обидуваат да запрат воз,речиси долг 1 километар..во возот нема луѓе но е полн со запалива течност,доволно да униште еден град..
7/10

Feast

Неколку луѓе се нападанати во еден Мотел од едни чудовишта..Се затварат во мотелот,барат решение како да се спасат..Добро хорорче :) 6.5/10
 

Figaro

la vita e bella
Член од
2 март 2009
Мислења
648
Поени од реакции
410
Zodiac (2007)
zodiac_movie_dvd_lancastria.jpg
Филм снимен според вистинска приказна . Почнуваат да се случуваат убиства,и убиецот своите убиства ги потврдува дека ги направил и дури ги најувува следните. убиецот се нарекува Зодијак, случајот станува општо познат во америка , се појавуваат многу сомнителни лица .....
 

Kajgana Shop

На врв Bottom