Последен гледан филм со кратка рецензија

Член од
23 мај 2009
Мислења
958
Поени од реакции
727
The Blind Side

Се работи за едно црно дете (!), сиромашно и отфрлено, надпросечно глупо, незаинтересирано за било што и непоправливо у секоја смисла... Арно ама, испаѓа дека детево имало среќа, бидејќи "потенцијалот" му го заприметува бела (нормално) жена која, заедно со нејзиното бело семејство и бели пријатели успеваат од ова големо црно НИШТО да направат НЕШТО. И плус, сите се екстремно добри во тоа богато бело семејство (што особено нервира); нема предрасуди, нема сомнежи од било каков вид, само желба за делење на просторот и парите и многу љубов и разбирање.

И така, кој сака да гледа ГОЛЕМО срање (отприлика колку што е црниов џин во филмот), слободно нека седне и нека губи време. Мене ми го сјеба вчерашниот ден.
 
Н

'Никола'

Гостин
The Next Three Days (2010)

Russel Crowe, Elizabeth Banks, Daniel Stern, Liam Neeson, Brian Dennehy...

Одличен трилер, каков што немам гледано поодамна. Благодарам за препораката.
Џон е професор на колеџ, има мирен живот, жена и син. Нормално американско семејство. Но уште на старт, филмот добива брзина, кога нешто неочекувано ќе се случи. Не пишувам ништо од дејствието за да не откривам ништо, Се е поврзано. Нема неинтересна минута во овој филм, кој трае околу 2 часа и 20тина минути.
Иначе филмов е базиран на некој француски трилер, "Pour Elle" од 2008.
Да не должам, и така нема што да се пише од дејствието, а да не се открија нешто, од мене му давам 9/10 и секако препорака сите да го гледате.
 

jasisamojas

Не ми треба титула
Член од
26 ноември 2008
Мислења
762
Поени од реакции
423
Four Minutes



Во еден германски затвор за жени, постара учителка држи часови по пијано на заинтересираните затворенички. Меѓу нив е и агресивната и ладнокрвна Џени, чиј музички потенцијал и талент ќе биде откриен од учителката. Таа сака да ја пријави на натпревар за млади пијанисти, бидејќи верува во нејзинатата музикалност, која Џени треба да ја покаже на сцената за 4 минути.

Филмот би бил занимлив за љубителите на германскиот филм и класичната музика.

Оцена: 7,3 IMDb
 

Вондерфул

Chemical love
Член од
2 јуни 2008
Мислења
251
Поени од реакции
157
House of 9

Can I say....stupeeeed??

Приказна видена 560 миљони пати. Од Пила, па Кјуб па House on the haunted hill. Ај то, барем уба реализација нешто да имаше. Камера катастрофа, глумата на незавидно ниво, а за атмосферата не можам доволно да се доискажам. Е немам видено понеадекватна атмосфера во филм евр. Тотално неуспешен обид за casual атмосферче или шоидасеобидваја да напрат.

И нели
На крајо женско останва жива, oh what a surprise

3/10
Колку за трудо онака
 

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.278
Поени од реакции
17.958
Unknown


Ова се тие филмови во кои јас уживам. Се случува во една соба, со малку актери, никој незнае зошто или како е стасан таму.
Накратко: Пет мажи се будат, после некое време и сфаќаат дека имаат моментално губење на памтењето. Знаат дека се киднапирани и дека некој од нив е киднаперот. Ако раскажам уште нешто натаму отиде се ова во спојлер, така да тука ќе прекинам да го раскажувам филмов и само ќе ви препорачам ако сакате трилер филмови посебно од типот на Cube, Nine Dead па и Saw, овој едно 99% би требало да ви се допадне.
Одлична глума, приказната одлична, се на се добро реализирано.
8/10(можда и ќе претерам со оценкава, како што кажав уживам јас во оваков тип на филмови)
 

Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
9.039
Поени од реакции
7.635
Hall Pass 2011

Гледав една комедија Hall Pass и очекувава многу видов на имбд дека има 6 оценка што за комедија искрено е многу но јас се разочарав и не би ја преорачал како нешто посебно
Се работи за двајца возрасни оженети мажи кој се оболени(желни) за секс односно не се баш задоволни од нормалниот семеен(љубовен) живот Често манјачат по жени што поминуваат покрај нив и само за тоа9секс) зборуваат со друштвото Нивните жени тоа го приметуваат и по предлог на една нивна другарка ќе му дадат тај-аут(Hall Pass) и слободна недела и можност слободно да ги изневеруваат жените ....

Се се ама многу ми е криво како ги прават будали мажите во овие последни американски филмови и стално се од ебанта страна и излегуваат тотални глупаци и нешто поштени дечковци
Значи моја оценка 3/10
 

Ddime

████████████████████
Член од
18 февруари 2007
Мислења
5.076
Поени од реакции
212
The Next Three Days (2010)

Ете и јас да се надоврзам на пофалните зборови за трилеров. Расел дефинитивно знае како да одигра интелект човек во филм.. па исто како и бјутифул мајнд, и овој филм ме натера да го изгледам со полно внимание. Приказната на почетокот ми беше шит т.е веќе видена и со однапред предвиден крај, но има неколку делови кои страшно потсетуваат на реалниот живот.. сцени кои многу тешко се реализираат во ваков филм.

Thumbs up за трилеров, оцена 8/10.
 

jasisamojas

Не ми треба титула
Член од
26 ноември 2008
Мислења
762
Поени од реакции
423
After The Wedding



Јакоб е професор по англиски во Индија, кој скоро 20 години води хуманитарна мисија. За подобрување на условите на своите ученици во Индија и за да им овозможи нови училишни згради и основи средства за живот, се враќa тој на кратко во родната Данска со цел да најде финансии за својот нов проект. Еден богат бизнисмен делува дека е заинтересиран за проектот (иако ништо не ветува), и го поканува Јакоб на свадбата на својата ќерка. Заплетот почнува токму after the wedding кога Јакоб открива семејна тајна, која ќе му го промени животот.

Филмот ја отсликува апсолутната немоќност на човекот (над себе) и покрај материјалното богатство кое го поседува. Многу пластично е претставено дека среќата не е во парите, и понекогаш колку и да ги имаме не можеме да имаме моќ во секоја смисла на зборот. Штета само што доцна ја сфаќаме оваа животна филозофија, најчесто преку загубата на нешто или некого.

За оние кои барем 2 часа сакаат да побегнат од Холивуд филмовите, слободно може да уживаат во овој филм.

Оцена на IMDb: 7,8/10
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.372
Поени од реакции
25.123
Hereafter

Филм над филмојте. Уште неможам да се соземам од него. Чиста десетка, и пак малку му е.
 

Борче

Мадридиста
Член од
9 октомври 2010
Мислења
215
Поени од реакции
290
Torque

Акционен филм,моторите се главна цел..многу е брз и динамичен со солидна акција..
Ефектите се за никаде.. :D Особено крајот е направен како игра ..Не е ни чудо што на ИМДБ има оцекна 3.6
Форд е познат моторџија кој се враќа од Азија во САД за решавање на недовршена работа и истовремено да и се врати во поранешна љубов.Но е наместен за убиство и е бркан од полиција и една банда на мотори ..
од мене 5-6/10 ..

Slither

Необичен филм во кој се споени црн хумор и хорор..Дејствието се случува во еден мал град во кој што паѓа метеор,во него се наоѓа еден паразит(како црв) кој може да поседува луѓе и се размножува во голем број ...
оценка 5/10
 

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
13.501
Поени од реакции
28.862
Hachiko: a dog's story

Вистинска приказна за поврзаноста и верноста помеѓу еден професор и куче од јапонската раса акита-Хачи.
Одамна немам плачено на филм волку... Пред да го гледате земете си пакетче паломи.
 

zee German

mpkfa
Член од
12 август 2009
Мислења
6.408
Поени од реакции
6.028
Глеав неколку филмови неделава и збор два околу нив.

El Laberinto del fauno
3 пати поради икс причини ќе го пуштев и нешто ќе ме прекинеше во гледање ,а тоа многу го мразам...затоа најдов супер термин кога никој неможе да ме ремети и си го гледав на раат.И само пофални зборови иако најпрвин кога ке прочитате за филмов дека е спој од детска фантазија (и тоа дарк стил) и воена драма за партизаните за време на Франкова Шпанија ќе имате некое подредено неубаво мислење но од како ќе го изгледате ќе доживеете нешто измеѓу филмска ренесанса и филмска готика.
За филмов знаев одамна(прв пат разбрав од една емисија за филмови на Охридска локална тв ) но го гледав ради тоа што беше спомнат во темата ЛОТР а нема големи допирни точки .(Освен дека Дел Торо ќе беше го снимал Хобитот)

(500) days of summer
Единствено што имам гледано од оваа "франшиза"(не зборувам за романса фантази филмовите ) а ми оставил впечаток е Love Actually .
Прво што забележав за филмов е урнебесно високата оценка со оглед на типот на кој спаѓа филмов и посраното име на филмов, затоа што пред да го гледаш асоцира на нешто сосема друго( и пред гледање може да се запрашаш кој кур 500дена од летото кога едно лето е 3 месеци :D ). Ама америве кога можат да крстат машко Дик ништо чудно и женско да крстат Summer.
Главно што му дава голем плус на филмов е не-хронолошкото разкажување на приказната и тоа е направено на лесен начин па ако сте за филм да го гледате во лагана атмосфера топло препорачувам .Но ако очекувате некоја шокантна драма што ќе ве остави со подотворена уста на некои сцени ,прескокнете го.

The Animatrix


Анимирано филмче кое дава неколку објаснувања околу матрицата . Се состои од мал број кратки анимирани филмови сите правени во различен стил и сите обработуваат малце различна тематика но се разбира околу матрицата. Како некој кој не гледа анимирани филмови често(пошо скапа во хард дисков скоро година и нешто),ова беше нешто интересантно и напросто бев изненаден,позитивно.

Black death


Црна се чума зададе...Се на се најсила што можам да кажам е дека е одличен филм за тепање време иако разработува малце посериозна тема сепак ради тоа што режисерот(и целата филмска екипа) не успеал/а да ги усогласи сите делови во одлична целина ,па како што реков филм за тепање време . Просто како буквар се гледа како има ептен добри сцени и тензија на моменти во филмов но и некои ептен не потребни ствари. И Шон Бин повторно со меч во рака :D .

И за на крај ,не пишувам рецензија пошо сите го имате гледано , туку само ќе го пофалам пошто вреди да се спомне,the Shining. Му спуштам капа на Кјубрик за филмов.
 
Г

Грејвдигер

Гостин
Rango (2011) - http://www.imdb.com/title/tt1192628/



Одличен анимиран филм. Супер визуелна обработка, гласовна глума, музика. Има добар хумор и добра приказна со сатирични моменти, симпатични ликови. Во филмов има за секого по нешто, добра авантура.
 

wot

њ
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.531
Поени од реакции
33.727
Basquiat (1996)

Види постер. Се попаливте по екипата? :vozbud: Додадете и Willem Dafoe, Christopher Walken и преубавата Claire Forlani која беше со Пит најдобрар филмски пар.

Него, не се лажете. Не сте испуштиле ништо култно, филмот е биографска драма. А знаеме тие какви се, ве оставаат со аматерски вкус во уста. Сепак филмов обработува многу интересни теми својствени за тоа време. Приказната е за младиот Basquiat и неговиот пат кон познатите и паралелно учејќи како функционира светот. Многу ќе се соживеате со бунтовноста и карактерот на артистот, но е прикажано и како славата удира во глава. Во споредба со филмовите 5ка, не се споредува, ама онака за опуштање, дознавање за нешто ново, досадно попладне и имате својствена бунтовност која незнае како да се манифестира, штознам, препорачувам. Ама не очекувајте WOW.

HereAfter (2010)

Уште немам храброст еј.. Не ми се допадна. Мислам, имам изгледано многу во тој стил филмови и немало потреба бегање од добитниот начин на реализирање. Ама Иствуд си го оставил својот потпис. Уникатно од човекот, знае да раскаже приказна, но неубав склоп ми беше неговиот стил со таквиот стил на филм. Јас лично сум негов фан, на стилот и истотака и на долги, тешки и емотивни драми, ама овој некако не ме импресионираше. Друго, timelinе-от не беше убаво среден, ниту кратко ниту доволно долго, за да се конектираме со приказната, исто како и со глумците, кои безразлика на тоа, беа стварно на ниво. И иако веќе очигледен беше, крајот не го извади филмот, според мене. Ми се допадна, ама за да има ефект посакуваниот крај бара динамичност, овој дојде како одолговлекување. Интересен концепт има, многу реална и допирна приказна, но мене ми требаше доза повеќе динамичност за да е филмот чиста 10ка. Сепак ќе напоменам дека обожавам долги и бавни филмови, и дека не беше тоа круцијалното во филмот за малку негативните критики. 6 максимум 7.

Се извинувам за примитивните рецензии, ама не ми се пишува многу.
 
¯

¯\_(ツ)_/¯

Гостин
The Lost Room - Мини серијал, од три делови. Ниско буџетен sci-fi серијал, во кој се работи за собата број 10 на еден мотел, која е некој си вид на портал за паралелни универзуми, приказната е многу добра, има неколку клише моменти и еден воопшто непотребен дел, кој освен што е мизерно глумен, туку и ако го гледате филмчево со некој друг онака во истовреме ке се свртите еден кон друг со поглед, WTF??? (hint: dont break my heart).

Значи се работи за една соба и предметите во неа, собава е ептен мистериозна и во неа може да се влезе само со нејзиниот клуч, клуч кој во која било брава да го пикате ја отвара мистериозната соба, нема друга опција да се влезе во собава, дека физички и не постои, т.е. гореспоменатиот мотел има само 9 соби, а ова соба е број 10. Освен клучов има и стотици други предмети кои имат свои моќи. Ај да не ја тупам многу дека ке почнам и да спојлеросувам.

+ Има две страни, онака малце поголеми, и индивидуалци кои се обидуваат да ги соберат сите предмети од собата. Постојат различни верувања, кој успева да ги собере сите предмети има шанса да стане господ, други викаат дека ке може да контактира со господ, итн, и така наваму.

Оценка 8/10, само заради идеата, глумата е онака, баш документарна :)

За сите љубители на сај-фај a must. :)

--- надополнето ---

Hereafter

Филм над филмојте. Уште неможам да се соземам од него. Чиста десетка, и пак малку му е.
4/10 - Да.

10/10 и пак малку да му е, фуцк но!

Без некоја си поента филм, глума ко глума океј,
поготово делот каде Дејмон му помага на детево да контактира со братот близнак, освен ова, ништо друго.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom