Последен гледан филм со кратка рецензија

Член од
23 мај 2009
Мислења
958
Поени од реакции
727
Пак се заебав вчера:

Battle: Los Angeles

Инвазија од вонземјани. Амерички маринци се борат за слобода.
Кретенска представа за вонземјаните. Не така лоши ефекти.

Од мене двојка!


[video]http://www.imdb.com/title/tt1217613/[/video]
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.329
Поени од реакции
7.796
Battle: Los Angeles.


Велат дека има претскажувачко нешто во овај филм, така да пазете на 12 Август 2011 што ќе се случува во Лос Ангелос :icon_lol:, затоа што битката во филмот е на таа дата.
Инаку добри се ова американциве со прикажувањето на нивните војници во добро светло, храброст пожртвуваност итн. Во поранешните филмови авијацијата и морнарицата го имаа главниот удел во спасувањето од вонземјаните во скоро сите, единствена разлика е што овде нивните прашинари го прават тоа.
 

zee German

mpkfa
Член од
12 август 2009
Мислења
6.409
Поени од реакции
6.031
Stardust (2007)

Филмов како фамилијарна авантура(потенцирам фамилијарна) е интересен за да отепаш време ,нешто налик хрониките на наринија али во филмов нема ништо посебно (освен убавите глумици) да ве воодушеви. Обработува приказна која многупати е видена а не прави ништо да биде нешто подобар од другите налик него филмови . Де Ниро се појави онака шалабајзерски колку само да се речи дека глуми а Иан МеКелен во улога на наратор во првите 5 и последните 5 минути. Сепак позитивна страна е што глуми и Claire Danes (која незнам зошто на моменти многу ми заличи на Гвинет Палтроу) и ме изненади и со убавина и со харизма :).
 

Vespertine

The Ugly Duckling
Член од
22 септември 2009
Мислења
2.932
Поени од реакции
3.386
The Way Back

Филмот е инспириран од вистински настан за некои луѓе што пешачеле 4000+ км од сибир до индија за време Сталин и комунизмот. Иначе во главно ништо посебно не се случува во филмот. Ќе гледате преживување на 5-8 луѓе од најладни до најтопли предели на планетава. Ни крајот не ми беше некако за да се испуни празниот филм.
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
The Pianist (мислам дека ми трет пат)
Polanski дефинитивно знае како да раскаже приказна, биографска сторија за пијанистот Шпилман слична на Спилберговата култна Шиндлерова листа за егзодусот на Евреите во текот на втората светска војна. Костимографијата, сценографијата, музиката и според мене фотографијата во филмот се извонредни (три освоени оскари).
Мене ме остава нихилистички расположен после секое гледање.
 

ficdogg

221b
Член од
29 септември 2008
Мислења
1.105
Поени од реакции
699
The Sunset Limited



Одличен филм, штета што е Made for TV од страна на HBO, ама темата што ја обработува и стилот не верувам дека би направиле некој профит на бокс офисот.

Целиот филм се случува во станот на Sam L Jackson(Black), и во целиот филм се само тој и Tommy Lee Jones(White). Целиот филм е дебата помеѓу Black и White за нивните погледи кон животот и човештвото генерално гледано, целото тоа е одлично измешано со дебата помеѓу верување и неверување во господ, Black е верник White e атеистот.

Неможам повеќе да кажувам затоа што, што и да кажам ќе биде спојлер. Очекувајте 91 минута активен разговор за следење.
 

zee German

mpkfa
Член од
12 август 2009
Мислења
6.409
Поени од реакции
6.031
The Sunset Limited



Одличен филм, штета што е Made for TV од страна на HBO, ама темата што ја обработува и стилот не верувам дека би направиле некој профит на бокс офисот.

Целиот филм се случува во станот на Sam L Jackson(Black), и во целиот филм се само тој и Tommy Lee Jones(White). Целиот филм е дебата помеѓу Black и White за нивните погледи кон животот и човештвото генерално гледано, целото тоа е одлично измешано со дебата помеѓу верување и неверување во господ, Black е верник White e атеистот.

Неможам повеќе да кажувам затоа што, што и да кажам ќе биде спојлер. Очекувајте 91 минута активен разговор за следење.
Пошто го гледав вчера а сеуште сум под импресии да ја пофалам глумата ,пошто за другото(под друго мислам поентата) мора да гледате. Значи глумата е неверојатна и неможам да најдам зборови со која би ја опишал,само ќе спомнам дека имаше еден момент во филмов кога Л. Џексон -Блек разкажуваше и опишуваше една случка,тоа го направи толку добро како да сум го видел со мои очи.

9ка од мене ,долга 9ка

Unthinkable


Филмов би го ставил во исти кош со Buried . Иако во целиот филм е застапен тероризмот и како(со кои методи) се справуваат американците со него ,сепак дава малце поостра критика за она што го прави Сад на надворешен план. Л. Џексон како што старее пополека се враќа на старите патеки со помалце акциони улоги :) .

8/10
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
Primal Fear




Навистина не ми е јасно како ми избегал филмов досега да не го гледам а секогаш ми бил на дофат, а и неколку пати емитуван на тв и тоа од нашиве националниве. Обично не пишувам рецензии оти сум мрза за тоа, еве ја првата која ќе е кратка но доволна.
Филмов повеќето го немаат гледано,а кој не го гледал нека го гледа. Приказна која до самиот крај не знаеш како ќе заврши и кога си сигурен во својот заклучок тука те чека пресвртот да ве тресне на земја. Гир е одличен но Нортон е феноменален, секоја му чест.
Плус филмот има одличен саундтрак.
Оценка од мене 10. Пресуден беше крајот кој е различен од мнозинство филмови, а и паѓам на добар саундтрак.
 

Scorpia

The one and only
Член од
4 април 2011
Мислења
86
Поени од реакции
16

Филмов е од 2010 мислам, Родриго Кортез е режисерот. Искрено мислев дека ке биде тапа со оглед на тоа кој глумец го одбрале за главната, и воедно единствената улога. Сепак, на крајот бев ненормално позитивно изненадена и од глумата и од самиот филм и начинот на којшто се замислени сите сцени. Имено, се работи за дечко што се буди закопан под земја и неговиот обид да излезе од таму. Натака не раскажувам да не ви го расипам крајот :smir: Изобилува со неочекувани дешавки и те држи заинтересиран до крај. Како и да е, прилично различен филм од тоа што сме навикнати да гледаме и срдечно ви го препорачувам
 

Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
http://www.imdb.com/title/tt1178663/
Еден од најдобрите филмови што ме освои тотално. Типов е некој гениј, иако не мораа да го прават тежок физичар за да ни потврдат колку е уствари паметен, кога тоа е толку видливо. Ги кажува вистините човеков. Некоја многу попаметна и помизантропски настроена верзија на мене можеби. Сепак испаѓа дека потребни ни се луѓе, тие суштества што на моменти изгледаат толку изгубено, вкалапено и телесто! и мене овој филм не ми вреди доволно доколку не го споделам со луѓето наоколу. На крајот на денот луѓето се битните.
Очи-отварачки за преамбициозните или луѓето што не можат да ја живеат сегашноста зошто се оптоварени со тоа што можеби пропуштаат/пропуштиле. Очи-отварачки за оние што се замараат со туѓите мислења и не го живеат животот како што би го живееле кога би биле незамарани. А замарани секогаш сме, дури и од медиуми.
Крајно битно е да сме среќни, како ќе го оствариме тоа не е битно се` додека не повредуваме некој. Пошо среќата е еден ептен индивидуален поим и има преголеми разлики од тоа како си ја перцепира еден а како друг човек. За некој среќа е да се поти 12 саати на работа под команда на шефот зошто на крајот на денот е занесен дека направил нешто паметно/корисно. Добро, мора да има и такви иначе кој ќе ги вршеше сите административни и досадни работи. Да не забегувам, гледајте го.
 
T

Tetro

Гостин
Ми изгледа како одамна да немам пишано на темава. :)


Гледав Sanctum (2011)
Adventure, Drama





Судејќи по добрата камера која ја забележев на еден поглед пред неколку дена, помислив дека филмов нема да ми се допадне. Но, сепак му дадов шанса иако претходно не гледав трејлери за истиот (што се покажа и некако подобро). Не гледајте трејлери за филмов, кои можат максимално да ви го расипат задоволството кога ќе се решите да го гледате.

Неколку збора околу приказната:
Група на луѓе одат во Нова Гвинеја со цел да го истражуваат недостапниот дел од една пештера, за која се претпоставува дека крие прекрасни предели. What could possibly go wrong diving in caves?


Ми се допадна, како уживател на авантури од ваков карактер.
Сеуште сум под импресии и не би дал оценка, додека не погледнам уште неколку дела каде учествувал Andrew Wight.
Фалачаопријатно.
 

Болиглава

A cold fact
Член од
16 јуни 2007
Мислења
4.701
Поени од реакции
2.353
Го гледав Limitless и се разочарав.

Све почна ко супер вечер, јас и другариве на кино, прилично сигурен дека ќе гледам супер филм (7,4 на имдб алооо), седнавме во нашето мало и напатено кино во Рамстор и филмот почна.
Океј, првите 30 минути беа забавни, наговестуваја добар развој понатаму. Арно ама се деси спротивното. Филмот почна да е предвидлив до бол со некој стварно дебилни безмислици уфрлени без потреба.
Оттаму до крај беше падни-стани работава. 70 посто од американските клишеа беа застапени, како и некои смешки без потреба. Немат ни потреба да кажам каков би бил завршетокот.

И дај Де Ниро нека се пензионират, иако е врвен актер, вакви филмој му се беспотребни.

+ е глумата на двајцата и брзото темпо кој не го прает филмов да ти е досаден. Ама едноставно мразам филмој со "издупчено" сценарио.

4ка.
 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
7.733
Поени од реакции
7.549


Paul

Во филмов се работи за двајца англиски sci-fi geeks кои одат на некоја Comiccon конвенција и додека ги разгледуваат најпознатите sci-fi места (Ареа 51 , Розвел итн.), на патот ќе сретнат вонземјанин кој треба да го заштитат од тајните владини служби кои го чуваат за експерименти.

Лесна, пријатна комедија од која не очекував многу, но која навистина ми се допадна. Изгледот на Пол е клише, реакцијата на луѓето кога ќе го видат вонземјанинот е клише, но се останато во филмов е доста оригинално и креативно. Филмов има дупки во приказната, но тоа и не е толку важно бидејќи филмов е далеку од сериозен и не треба да се сфати како таков.
Фимов има убав крај, кога се работи за sci-fi комедии ќе се осмелам да го ставам на врвот заедно со Марс Напаѓа, иако Пол е доста попријатен лик од марсовците во тој филм.

Препорака за сите кои сакаат лесен, пријатен филм.

7/10
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.797
Поени од реакции
18.431
Blue Valentine

Ми се чини дека после гледањето на Blue Valentine никогаш посилно не сум го осетил реалниот живот прикажан низ филм. Ова не е филм на лажни идеали, не е филм каде среќниот или несреќниот крај треба да не трогнат, едноставно е филм кој ни покажува колку нашите животи се клише, депресивни и рутинирани. Покажува колку треба да се жртвуваш за да си го обезбедиш лажниот превез на среќата и сигурноста. На почеток си сингл и полн со надежи во потрага по сродната душа, едноставно морето е толку големо што не веруваш во неуспех, се друго би било еднакво на депресија и паѓање во состојба на самосожалување. По одредено време ја наоѓаш "сродната душа" и конечно сметаш дека си ја завршил потрагата. Добриот дел е што во оваа фаза навистина си среќен и мислиш дека си успеал, се додека не помине доволно време за да сватиш дека некој од вас двајца зема или дава повеќе. Е сега во оваа вожња секогаш ќе има некој што ќе дава и некој што ќе зема повеќе. Кога и двајцата ќе станете свесни дека балансот е нарушен, идеалите почнуваат да се кршат. Единствениот идеал кој можеби трае најдолго е сексот, но и тој на крај ќе се вклопи во сивилото. Имам да додадам дека ова е филм со прилично проста приказна и не би им го препорачал на оние кои сакаат или очекуваат нешто повеќе. Филмот е снимен во стил на 500 days of Summer, иако по тематиката и впечатокот кој го доловува не е ни блиску до него. 9 од 10

All good things
Сосема солидна трилер мистерија, приказна за љубовта која ќе тргне во неочекуван правец. Во претходната рецензија испуштив да кажам колку Рајан Гослинг е добар глумец, не ми е јасно зошто човеков не беше номиниран за оскар. Има неверојатна психолошка трансформација во филмов, човеков слободно може да се каже дека докторирал по прашањето -Психолошка тортура врз жените, во овие два филма. Ми стана еден од омилените актери дефинитивно. 8 од 10 за овој филм
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.329
Поени од реакции
7.796
Star Wars
The Phantom Menace
Attack of the Clones
Revenge of the Sith




Па добро серијалот го гледав како еден филм.Тоа е приказна за една далечна далечна галаксија, или не баш толку далечна :icon_lol: и за Џедаите витези нивниот начин на живот и правилата на кои мора да се повинуваат.
Има доста Таозизам Будизам и други филозофии вметнати во нивниот код или правило на живот, но најмногу тоа што ме фасцинираше е правилото на аскетизам и целибат кој што земено од Витезеите Темплари. Потоа начинот на борба соочување со непријателот, милост кон заробениците итн. Во серијалот Оби Ван му вика на Скајвокер дека не треба да им се верува на политичарите, но Советото на Џедаи и тоа како се маша во политиката на таа таканаречена Република така да и бркаат некој вид на политика односно се политичари. Го имаат прекршено своето правило затоа не можеа да ја видат темната страна која што е толку блиску до нив. Тоа е една причина за нивниот пад, другата е егото на Скајвокер кој што сакаше да ја научи тајната на смртта односно сакаше да го спречи природниот тек на настаните, и го прекрши правилото на целибат. Тука е и темната страна со Сит лордот која што основна карактеристика за нејзе е да манипулира и креира немири хаос и војни, Џедаите премногу беа вмешани во политиката па заради тоа не можеа да ја забележат оваа манипулација.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom