Последен гледан филм со кратка рецензија

T

Tetro

Гостин
Grotesque (2009) aka Gurotesuku



So, need some words about this film?
Најнапред да кажам дека е некое срање филмов, тешко срање. Така да, кој сака да го гледа нека го гледа на свој ризик. Се` она што може да ви се крене од стомак, дефинитивно ќе излезе преку уста*. :)
Еден доктор, хирург уствари, ќе киднапира момче и девојка, млади и ќе ги затвори во една просторија. Видете до каде може да отиде бизарноста во човековиот ум. Се` што ќе напишам натаму од филмов е спољер, затоа ќе се задржам само на ова.

6/10 - можеле и подобро.

*Не, не повраќам никогаш на филмови, колку и да е гадно. Само со овој филм, ме пратеше некое слично чувство.
 
F

FilipMacedon

Гостин
Окупација во 26 слики

Филмот е од ју-филмографија и еден од поценетите филмови од мене кои се посветени на втора светска војна(значи не е Чак Норис со титовка).
Страшно добар филм кој прикажува како некои изроди од национализмот можат да направат кланица заради сопствени фрустрации...
Приказната се случува во Дубровник,тројца другари,еден Италијанин еден Хрват и Евреин, доаѓаат Германци,па Италијанци и накрај НДХ поставува своја власт...
филмот го има на јутјуб...
ПС Не го препорачувам за лицата под 18 години,припадници од понежен пол и оние со слаби нерви...
 
T

Tetro

Гостин
Кога последен пат сте гледале филм без звук? Кога последен пат сте гледале навистина добар филм во црно-бела техника? Иако филмов е толку стар, сепак заслужува да се погледне.





Moran of the Lady Letty (1922)

Улоѓи:
Dorothy Dalton ... Moran Letty Sternersen
Charles Brinley ... Captain Eilert Sternersen
Emil Jorgenson ... Nels Larsen (as Emilius Jorgenson)
Rudolph Valentino ... Ramon Laredo


Moran of the Lady Letty е авантура на George Melford направен по новелата на Frank Norris Moran of the "Lady Letty": A Story of Adventure Off the California Coast (1898).
Рамон Ларедо е млад дечко кој работи на пристаниште во Сан Франциско. Еден ден ќе биде киднапиран од страна на една група бунтовници и ќе биде приморан да работи на истиот. Во текот на патувањето ќе се сретне со една млада дама во која ќе се вљуби......


Филмот заслужува чиста 10-ка со оглед на староста. :)
 

S&M

Детектив
Член од
2 март 2011
Мислења
31
Поени од реакции
3



Во филмов Џони Деп може да го видите во малку поинкво издание :)) .. здебелен ,со малку поинаква улога ..
а Џоли .. мислам ништо ново од неа ,ама вреди да се гледа ,интересен филм :))

--- надополнето ---


Остварување на годината... добра идеја ,сценарио ,режија ,актери .. се се!!!
 

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.278
Поени од реакции
17.958
My Cousin Vinny
Зарем треба нешто посебно да се каже за филмов. Џо Пеши и Мариса Томеи(една од моите најсимпатични и најхаризматични актерки:back:) во едни од нивните најдобри улоги.
Две момчиња ќе бидат обвинети за убиство во Алабама. Братучедот на едниот од нив е еден необичен адвокат, со голема уста која многу тешко ја затвора ќе проба да ги спаси од затвор.
Го имам гледано филмов преку 10 пати и уште 110 да го гледам пак ќе се смеам посебно на сцените при крајот. Класика од филмче, Мариса Томеи има добиено и Оскар за него. Не верувам дека има некој на форумов што го нема гледано филмов, ама ако случајно се наоѓа и таков веднаш на Замунда да го симне. Комедија која како што кажав секогаш ме смее и нема шанси да не те расположи.
9/10
 

Max Legend

The black swordsman
Член од
27 септември 2010
Мислења
4.339
Поени од реакции
6.478
Петтиот елемент.

http://www.imdb.com/title/tt0119116/

Добро позната тема-вечна борба помеѓу доброто и злото ала Лук Бесон.Корбен Далас,воен ветеран кој завршува како таксист еден ден добива необичен патник кој буквално ќе му падне од небо.Патникот не е било кој патник,туку петтиот елемент-оружје кое се користи секои 5000 години да го победи Злото кое сака вечна смрт.

Еден од оние филмови кои никогаш нема да ми здосадат.

10/10
 

karlovic

имам срце ама имам и фрижидер
Член од
5 ноември 2010
Мислења
616
Поени од реакции
161
Unstoppable
MV5BMjI4NDQwMDM0N15BMl5BanBnXkFtZTcwMzY1ODMwNA@@._V1._SY317_CR0,0,214,317_.jpg
Уште едно јуначко дело на Дензел...
Напнат филм(по малку)но сите можиме да бидиме сигурни дека на крајот
Дензел нема да умре
:)ова малку дава јанса слика за филмот каков епилог ке има на крајот..А1 ги има екслузинвите снимки во живо од залутан воз во руралните средини на пенсилваниа.


Навистина мислам дека улогите на негативец му носат повеќе поени за оскар:)не??
 
Член од
14 април 2010
Мислења
628
Поени од реакции
219
The King's Speech



Мислев дека е срање,ама испадна дека не е лош филмов.
Зборува за кралот на Англија пред втората светска војна King George VI.
Има проблеми со говорот всушност д'тка.Се запознава со еден човек шо лечи такви случаи..ама не е баш лесно крало да си го нагази егото и да се спушти на нивото на "обичните" луѓе.
Испадна дека корените со д'ткањето на кралов лежат во раното детство,кај што татко им бил заебан татко крал-таков со бркови :) и сакал да пука дисциплина и ред.Арно ама секој тие притисоци не ги восприема исто.Кај џорџ тоа резултирало со "повлекување" и неможност за изразување.
Ама Lionel Logue,му помага во тоа.Постепено работејќи на проблемот а воедно и како еден вид психо терапевт.А за да му помогне мора егата да дојдат на исто ниво..
Добро филмче и мора да се признае прекрасна глума и заслужен оскар за Colin Firth.
 
Член од
13 април 2008
Мислења
7.589
Поени од реакции
6.945


Синот на Кралот Џорџ V, има говорна мана и тој после смртта на неговиот татко треба да го наследи тронот на Обединетото Кралство, откако неговиот постар брат ќе се повлече од таа позиција. Говорната мана и притисокот од самото опкружување му прават големи проблеми на Берти во поглед на превземањето на престолот и тој е целосно без самодоверба сметајќи дека нема да може да се справи како Крал, се додека не го сретне Лајонел кој ќе стане негов терапевт ..

- Фамозниот филм кој оствари толку голем на Оскарите пред неколку дена, не ме воодушеви воопшто. Од никогаш не сум сакал филмови во кои 10 мин. од напред ќе знаеш што и како ќе се деси во филмот. Очигледно членовите на Академијата уште свршуваат на олд тајмери, посебно пред II СВ и тоа ги возбудува до тој степен, што филмот го прават најголем победник на Оскарите. Some things got to be changed here ! :toe:
 
Член од
6 април 2009
Мислења
6.146
Поени од реакции
2.985
The Green Hornet



По смртта на неговиот татко, Брит Рид добива големо наследство. Тој е избезумен од својот живот и не знае што да прави. Го запознава Като, механичарот на неговиот татко. Добиваат идеја да направат нешто по што ќе бидат познати. Одлучуваат да бидат маскиран тим кој ќе им помага на луѓето ... но секоја мисија носи поголема опасност.

Интересен филм, акција со комедични ситуации. Вреди да се гледа. Од мене има 8/10.
 
Член од
7 март 2011
Мислења
93
Поени од реакции
125
Attack on Leningrad
Филм од 2009 година снимен според вистински настан, вреди да се погледне. Станува збор за англиска новинарка која ќе биде заробена во Ленинград, СССР. Татко и бил поранешен ројалист и офицер во Белата Гарда....
 

Mark Renton

I live by the tune, I die by the book
Член од
12 ноември 2009
Мислења
5.362
Поени од реакции
4.884
Spun (2002)

Незнам што да кажам за филмов освен дека се работи за зависник од дрога и неговите авантури во едно мало градче.

Оцена - 8.0/10

Солидно филмче =)
 

jasisamojas

Не ми треба титула
Член од
26 ноември 2008
Мислења
762
Поени од реакции
423
When We Leave
(оригинален наслов "Die Fremde")




Германско-турски филм за животот на една млада 25-годишна Турчинка по име Умај, која заедно со својот малечок син се решава да го напушти насилниот сопруг и да продолжи да живее со своите родители во Германија. За време на нејзиниот престој кај родителите, двајцата браќа и сестра и', се отвораат прашањата за зачувување на честа, угледот и достоинството на фамилијата, кои очигледно во исламскиот свет се на второ место после религијата.

За жал Умај наидува на (насилен) отпор и тортура од сопствената фамилија, па е принудена и по втор пат да побегне за да го заштити својот син. Кошмарот за неа и понатаму продолжува, кога сопствената фамилија се свртува против неа и упорно се обидува да и го одземе т.е. украде синот. Но, таа не ја губи вербата во своите родители и браќа, иако е во бегство од нив.
Ех, само зошто ли се прашував. Кога удираш со сопствена глава во ѕид, после некое време треба и да запреш. Умај е изгледа од ретките, која не запира.

Забелешка: Лично мене ми сметаше забавеното темпо на дејството, и прилично кратките дијалози.

Оценка 6.9/10 (поради горенаведената забелешка)
 
T

Tetro

Гостин
Rubber (2010)



Еден сончев ден, во некоја пустина во Америка, една гума, автомобилска, црна, ќе започне да се тркала по патот. Комедија на почеток, ќе има неколку сцени падни-стани, пак падни,... како мало бебенце кое се учи да оди. :) Но, набрзо се научува да се движи доста брзо и координирано. Ќе сретне еден зајко, после една грмушка, па еден гавран,.... се додека не забележи на патот еден автомобил, кој ќе биде управуван од една млада жена со црна коса и сака да ја стигне неа.... Иако филмов по ова што ќе го прочитате, ќе ви изгледа некоја приказна без врска, вреди да се гледа, како интересен концепт за филм.... А ќе има и втор дел, најверојатно.

8/10 од мене.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.443
Поени од реакции
58.531
The Next Three Days (2010)
Next+Three+Days+Movie+Poster.jpg

После подолго време еден трилер во кој навистина уживав од почеток до крај.

Дејство: еден убав ден, животот на семејството Бренан се врти наопаку кога Лара Бренан (Елизабет Банкс) е обвинета за убиство. Нејзиниот сопруг Џон (Расел Кроу) прави се што може да ја ослободи, а кога ќе ги исцрпи сите правни опции, почнува да размислува за организирање на бегство.

Сега, да се навратам на делот во кој пишав дека уживав во филмот, и зошто е тоа така. Повеќето акциони трилери во последно време се „празни“, во смисла дека има некаква случка која треба да се реши, некој некому му должи пари па го бркаат, некој некого го мести за убиство па го решаваат случајот, возот избегал па сакаат да го запрат... скоро никакви емоции во филмовите нема. Eве за последниот пример, филмот Unstoppable, или што би рекла Миланка Рашиќ, „Воз прегазио шине“, Дензел е во живот-или-смрт ситуација а неговите ќерки го гледаат на ТВ и аплаудираат „Браво татооо“... мислам дајте, тоа врска нема со реалноста, во реалноста има да се тресеш како лист, да плачеш, прашање дали ќе можеш да кажеш и збор... Но како што реков, новите трилери се скоро сите лишени од емоции или се бават со приказни кои не го отсликуваат секојдневието на обичниот човек. Покрај тоа, на главниот јунак му се даваат скоро-супер-моќи со кои треба да излезе од ситуацијата во која се наоѓа. Тој е најпаметен, најхрабар, најснаодлив и нај нај се...

Назад на филмот, значи прво уживав во првата половина која е многу емотивна. Џон преку ноќ ја губи љубовта на својот живот и останува сам со нивното дете. Во овој период, Џон прави она што секој би го правел, се труди да најде излез на сите начини и да ја задржи вербата. Расел Кроу ова го изведе за 10-ка, со малку текст, повеќе со говор на телото (нешто како во Cinderella Man) успеа да ја долови очајната ситуацијата во која се наоѓа неговото семејство но и да покаже дека е решен да се бори до крај. Планирајќи како да го изведе невозможното, Џон нема супер моќи, тој е тотален аматер кој неколку пати е на работ да настрада поради своите постапки, а некогаш му фали и храброст да го изведе замисленото. Но најважно од се е што е упорен и не се предава.

Вториот дел од филмот е повеќе акционен и тука како и во секоја акција има малку претеризам, но она што ми се допадна е што тензијата трае долго време и не попушта. Неизвесноста трае до крајот.

За крајот исто сакав да пишам збор два ама друг пат, од разбирливи причини.

Одлично одглумено од Расел и Елизабет, одлична музика (инструменталниот дел) кој му даде филинг на филмот, две многу неадекватни песни кои ги уфрлија на сред филм, не знам зошто... Тука беше и Брајан Денехју, човек кој го имам видено во 100 филмови и во сите изгледа исто, едно 20 години наназад. Зборуваше помалку од Тивкиот Боб а кажа многу.

Инаку во Холивуд изгледа стана мода да се прави римејк на странски филм само 2-3 години откако ќе излезе оригиналот. Очигледно се следи се што е добро во Европа па и пошироко. Значи ова е римејк. Само мала препорака: не читајте ништо за оригиналот на IMDB и не го гледајте трејлерот/спојлерот пред да го гледате филмот. Мислам дека ќе ви гу уништи филмот барем за 50%, со оглед на тоа што мене цело време ме држеше неизвесност што ќе се случува, а во трејлерот се си е раскажано, уште крајот фали. Така да не очекувам на тие кои го гледале трејлерот да бидат изненадени во било кој дел од филмот и невозможно е да имаат вистински впечаток.

Од мене, 9/10, може малку субјективно ама како што кажав 2-3 пати до сега, навистина уживав во филмот.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom