Последен гледан филм со кратка рецензија

Член од
26 јануари 2010
Мислења
908
Поени од реакции
186
Шишање
Па приказната е за едно момче кое е јак математичар,но се здружува со скинхедски и станува хулиган и тако даље :P ви го препорачувам да го глеате
10/10
 

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.360
Поени од реакции
30.754
Tangled

Here comes the smoulder :)
Прв пат чув дека Дизни прават филм за Рапунзел во 2008. Тогаш им беше планот нешто да биде изработен како на слика во рококо стил, но изгледа анимирањето е популарно деновиве, и не се противам баш.
Малце Ариел, малце Тарзан, но солиден филм, го заслужува публицитетот што го има. Доста хумористични сцени, па и акција донекаде. Имаме нова дизни принцеза јеах!
Инаку се работи за Рапунзел, со прекрасна долга коса, која е заробена во нејзината кула додека не дојде Флин...
8/10
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: S&M

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.406
Поени од реакции
5.969
Poetry



Филм за жена која ги живее 60тите години од својот живот заедно со својот внук. Таа е уметничка душа, има поинаков поглед на светот. Почнува да посетува часови каде што се чита поезија и таа самата се обидува да напише нешто, но никако не и оди. Се соочува со една непријатна ситуација, но во филмот сето тоа е прикажано како небитно или најмалку важно. Изобилува со убави сцени, пријатни глетки кои ќе го задржат вашето внимание. Филмот е јапонски, но го гледав со руска синхронизација и тоа уште толку му даде дух. Пријатно е чувството додека се гледа, топло препорачувам, особено ако сте љубители на убавиот збор. Оценка 9/10 заради тоа што некако предолго траеше.

Grave of the firefiles



Единствен филм кој ме натера да пуштам солзи и покрај тоа што не го гледав сама. Многу топол филм, всушност цртан филм. Станува збор за деца, брат и сестра кои во виорот на војната остануваат сами и мораат да се грижат еден за друг. Љубов, во својата најчиста форма. Топло, искрено и прекрасно. Оценка 10/10. Можев да го гледам цела вечност.
 
Член од
13 април 2008
Мислења
7.592
Поени од реакции
6.959


Девојче form the middle of nowhere доаѓа во нов град, заедно со својот сон, каде треба да заврши 4та година т.е. да матурира. Нејзе не и е до приајтелства, љубов и сл. , но во ова учи. царуваат The Plastics и сите им се тресат. Она им се спротиставува .. Ииии понатаму и самите може да заклучите.


Како ме наговорија да го гледам и јас не знам. Дали беше поради тоа што во првиот дел глумеше Рејчл МекАдамс, па мислев дека пак ќе има некоја слична на неа ??? - Хммм .. Како и да е, кецот мене ми беше далеку подобар. Имаше пооригинални сопки, подобра актерска екипа, аа и Рејчл беше мејн пластик .. Pleeeaaaaase. :wub:
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Caligula.



Филмот е ненормален прв пат го гледам, ама толку развратност декаденција корупција, моќ расипништво прикажано во филм немам видено. Сигурно и така било со историскиот Калигула ако не и полошо. Ова уметничко дело е 18+ поради порнографски сцени, одсекување на полови органи и слични егзотични нешта. Ја одсликува опоиеноста од моќ на владеење потоа се прикажува симболични и буквално пирамидалното опшество кое што го имаме и денес. Калигула е филм за владетел кој што нема граница во своето владеење....
 

Mark Renton

I live by the tune, I die by the book
Член од
12 ноември 2009
Мислења
5.376
Поени од реакции
4.918
Autumn in New York (2000)

Film review.. take 2..
Таман си напишав ривју за филмов и снемав нет. Па сега не планирам по втор пат да пишам некој долг пост, само ќе кажам дека филмов е добра романса и ме потсеќа на The FOuntain from Aronofsky и се разбира без mind fuck деловите. незнам зошто на имдб има толку ниска оцена, кога глумата им беше на врвно ниво, посебно на Winona Ryder..

Оцена - 8.5 / 10 :smir:
 
Член од
23 февруари 2011
Мислења
14
Поени од реакции
2
The colour of money

Го препорачувам на сите мераклии на билијардот. Том Круз во улога на млад талентиран играч во играта 9ка, тргнува на турнеа низ САД заедно со својот менаџер во потрага по добра заработка од маалски билијардџилници. :)
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
The next three days

Оодличен филм, глума + приказна, најдоброто гледано оваа година. Препорака за сите да го изгледате. Во глобала... жената на Расел Кроу е осудена на доживотна, работите во животот се комплицираат, па Расел мора да дејствува бргу и некако да ја извади од затвор... колку само реална е приказната...

10/10 - и ОДЛИЧНА музика :)
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.677
Поени од реакции
34.161
Голема мрза ме има фатено.. :) Оскар-номинираните не ги рецензирам, плус секогаш сум обратно, како лани каде само јас си ја сакав Сандра Булок, само јас си ја гласав и си доби. Haha, suckers! Go go Black Swan! Чек.. имав поента некаде. А да, сакав да рецензирам едно, во најмала рака, феноменално ремек дело. Станува збор за:

El Laberinto del Fauno (2006)

Вивидна. Зборот што ја опишува оваа мрачна, брутална, морбидна фантазија. Во 1944 за време на цивилната војна, девојчето Офелија која е изложена на фашистичкиот режим на капетанот Видал, трудната и болна мајка, и целотот тоа насилство се повелкува во себе, во еден сосема поинаков свет, во еден лавиринт каде запознава едно сомнително чудно суштество (faun, pan, w/e) кое и вели дека е оддамна изгубената принцеза на подземно кралство и дека треба да обработи три задачи за да може да се врати. Двосмисленоста на опасните задачи е очигледна, гледаме како се соочува со нејзините стравови и како полесно почнува да соработува со реалноста во тогаш-суровата-околина во која е сместена без предтоа доволно време за адаптација.

Во паралела оди војната и обидите за задушување на бунтовниците каде акцентот се става на поквареноста на капетанот Видал кој е здиво-одземувачки одглумен негативец. Нешто као Christoph Waltz, but less creepy. И значително побрутален. Девојчето истотака е солидно одглумено и покрај тие квалитети додај феноменални анимации, имагинација која нема крај и Guillermo del Toro - 3 оскари и хорор-бајка за возрасни. A замисли, ретко давам шанса на странски филм. Еј, на шпански е by the way.

Стварно ја доловува детската невиност и безграничната фантазија. Каде ни смртта не е крајна дестинација и каде во тој свет ни таа нема јурисдикција. Секоја чест 10/10. И RocknRolaa ако не го гледа ќе ја тргнуваме од модератор. :P

О, и чудово го о-б-о-жавам!

 

Вештица

love&reason
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.524
Поени од реакции
856
Lawrence of Arabia (1962)



Приказна за необично комплексен човек. Лоренс е англиски војник во Арабија, кој е заљубен во пустината и се обидува да го соедини Арапскиот народ. Тој ги поминува сите социјални статуси, идиот, херој, садист, чудак, лудак, фанатик... Филмот трае три саати, и според мене најмногу вреди да се гледа заради крајот. 8/10

Empire of the Sun (1987)


Ова е филм за едно момче кое под Јапонската окупација во втората светска војна, од богат аристократ завршува во логор, губејќи ги родителите. Под неверојатно тешки услови детето преживува и успева нормално да се развие. Ова е приказна за едно преживување, интелигенција, морал... Исто трае три саати.
9/10

Coco Before Chanel (2009)


Очигледно по насловот, животната приказна на Шанел, од детството до достигнување врвот на нејзината кариера. Има доста добри цитати, иако не сум сигурна дека се оригинално нејзини зошто ги немам видено предходно, а ниеден од нејзините попознати цитати не го приметив во филмот. Како и да е, интересна животна приказна, добри модни совети и за девојките денес. Некои работи едноставно не се менуваат.

Doctor Zhivago (1965)



Е овој филм го обожавам. Во почетокот на социјалистичка Русија, почитуваниот доктор и поет, иако оженет, се заљубува во жената на еден од повлијателните политички активисти. Лоренс од Арабија го гледав повеќе заради Омар Шариф. Преубава приказна, и стварно добро прикажана.
10/10
 
Член од
31 октомври 2010
Мислења
338
Поени од реакции
59
БЕСА- Завет, добро филмче од 2009та. Даден е завет од соседот албанец дека ќе ја штити и чува жената на директорот од училиштето, млада и убава словенка. Добро доловена психологија на националностите на Балканот.

 
Z

zmej gorjanin

Гостин
Due Date

WOW каков булшит од филм, јас не знам што се мачам веќе околу комедии. Треба официјално да го забранат овој жанр, пошто прават неверојатно лоши филмови.
Ја подосаден, понеоригинален филм и потапа хумор немам сретнато до сега. Како поминува времето Зохан станува филмиште за новиве комедии, таму бар на нешто се насмеав.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Walk The Line



Таман пред Оскари, си гледав филм за кој Рис Витерспун си доби оскар за главна женска улога. И ако можам да кажам едно WOW за филмов. Филмов на субјективна база го гледав најмногу заради Жоакин Феникс, кој е еден од моите омилени актери и дефинитивно по којзнае кој пат си потврдив дека тој е талент во движење. Ова што го направил за улогава е неверојатно. Џони Кеш би бил задоволен со неговото потртретирање. Толку добро доловува емоции, ранливост, збунетост и љубов што човек не може да не се соживее со него. Ма прекрасен е..:)
Рис исто така. Не за џабе добила Оскар за улогава. Беше слатка, недопирлива и помалку дива. Прекрасно одиграно. (Baby, Baby, Baby..:))
Задачата на двајцата станува уште потешка ако се има предвид дека портретирале ликови кои реално постојат.
Филмот ја следи животната патека на легендата Џони Кеш, што би се рекло од трњата до ѕвездите, и се со што се соочувал тој на таквиот пат. Борбата со зависноста, разводот и љубовта со Џун (Витерспун).

По долго време ќе оценам филм. Може не постои филм кој заслужува чиста 10-ка, но овој заслужува многу високо рангирање. Од мене има 9.5
 
Z

zmej gorjanin

Гостин
Crash

Ама се зезнав што не прочитав некоја рецензија пред филмов. Значи сега сум сигурен дека филмови во кои главна тематика се правата на малцинствата, расизмот (освен American History X), правата на хомосексуалците и сите други филмови кои се наменски правени, како што имаме и еден годинава, треба да се избегнуваат. Филмовите не треба да пропагираат, филмовите треба да понудат добра приказна. Нема да ме изненади ако во иднина оскар добие и филм за помор на фоки.
 

Филозофка

Amelie Poulain
Член од
21 јануари 2009
Мислења
1.680
Поени од реакции
525

Прееска го гледав на Алфа btw,
Продукција 1974 год. настанот се одвива во Сараево, опишана е политичката ситуација во Босна во тој период,нема да навлегувам во делот за општата клима што владее туку само ќе спомнам дека овде е прикажан, животот на еден напатен дервиш, што живее испоснички живот, трагична љубовна приказна, човекот ја губи љубовта на својот живот, заминува во војна и кога се враќа здрав и жив од војна, губат контакт, таа не знае дека тој се вратил жив, мислејќи дека погинал, таа се премажува за друг човек и нивните животни приказни се испреплетуваат, при крајот, филмот е изрежиран според истоимениот роман на Меша Селимовиќ, кој патем му ја има донесено најголемата слава почнав да го читам и после филмов ми се створи уште поголема желба да го довршам романот.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom