Последен гледан филм со кратка рецензија

Z

zmej gorjanin

Гостин
Gattaca

СФ драма што маестрално поентира. Гатака претставува обид во кој генетската предодреденост и супериорност се претставени како релативна предност. Доказ дека човековата упорност, посветеност и верба во самиот себе се најголемиот двигател кон успехот. 7,5/10
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
The Wolfman (2010).


Па добро го гледав само заради актерската екипа, не е нешто посебно просечен филм дури и Ентони Хопкинс малку ми е излезен од колосек секогаш со својата глума импресионирал само овојпат не. Ама добар просечен филм....

Brooklyn's Finest.


И овај го гледав заради актерската екипа и поради режисорот (Антон Фукуа) само овај филм не е нешто просечно, знам сега коментарите што ќе следат уште еден полициски филм бла бла бла, не судете на книгата по корицата или на филмот по трејлерот.
Се прикажува животот на тројца полицајци во временски период од една недела, секој со својот багаж од лични и професионални дилеми и проблеми, заебан филм и неочекуван крај, а можеби и јас придонесувам каков крај да очекувате од него затоа што пишав овде дека има неочекуван крај. Кој сака филм со добра полициска приказна овај филм е за него, кој гледа глупи хорори или комедии да не го гледа :icon_lol:.
 

iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.184


Once a mercenary of Queen Elizabeth I fighting Spainards in Africa, He met the Devil's Reaper and discovered he was bound for hell! Barely escaping he soon renounced violence to atone for his past sins, seeking out redemption in a life of peace.

Му давам 7/10

 
С

Спенсер

Гостин


Добро филмче,интересно... група криминалци,ограбуваат банки и сл (во америка)... па лидерот на групата ке го избркаат,па после избрканиот ке им се одмаздува... да не пишувам повеќе,накратко ова,доста е...:vozbud:
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
The Blind Side.


Ретко гледам драми ама ова е еден од тие ретки филмови кој што го гледав. Правен е според вистинска приказна за вистински професионален рагби играч, дете од улица кое што по игра на околности ќе заврши да живее со една фамилија. Морам да ве предупредам ќе ве растажи, па ќе ве насмее содржината од овај филм......
 
Z

ZeroStyle

Гостин
http://www.imdb.com/title/tt0380389/

Ги изгледав сите 3 дела од трилогијата Goal!, Goal! II и Goal III.

Приказната е остварување на сонот на едно сиромашно момче(Santiago Munez)-станува светски познат фудбалер, со тоа што успеа да се извлече од беда и сиромаштија. Во филмот е опишан како приватниот така и професионалниот живот на главниот лик. Првиот и вториот дел се далеку поинтересни од 3тиот каде што и главните ликови се други. Друго нема што да пишувам, топло го препорачувам посебно првиот дел.
zz:smir:
 
Член од
26 јули 2009
Мислења
424
Поени од реакции
179
The Blind Side.

Ретко гледам драми ама ова е еден од тие ретки филмови кој што го гледав. Правен е според вистинска приказна за вистински професионален рагби играч, дете од улица кое што по игра на околности ќе заврши да живее со една фамилија. Морам да ве предупредам ќе ве растажи, па ќе ве насмее содржината од овај филм......
И јас вчера го гледав баш овој филм и иако правен по вистинска приказна некако многу вештачки и без чувства ми беше направен, како и повеќето филмови овие последни години, добар е за тепање време, но очекував повеќе од филм номиниран за Оскар и актерка која го доби оскарот...едноставно ги нема оние филмови кои воодушевуваат и ве оставаат без зборови :toe:
7/10
 

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.916
Поени од реакции
7.010
http://www.imdb.com/title/tt0097576/


Што да се каже за еден од класичните филмови на Стивен Спилберг со легендарните Харисон Форд и Шон Конери? 102-ри најдобар филм на сите времиња според ИМДБ. Немојте да ми се смеете ако ви кажам дека вчера за прв пат го гледав овој филм. Првиот ми беше гледан одамна, а вториов така седеше во комп. па дури вчера му дојде времето. Најновиот пак не сакав да го гледам пред стариве. Не знам како порано сум ги пропуштил ама тоа е оти никој од нашиве телевизии (барем МТВ) не се потрудува да прикаже некој постар докажан филм (класика). Полн со акција, авантура, откривање и решавање загатки, пештери, гробници и доста ефекти за филм од тоа време. Одлично 2-часовно уживање со едни од најдобрите глумци кои некогаш ги имал Холивуд. Ќе ги симнам и останатите два дела...
 

radica

never mind
Член од
21 октомври 2007
Мислења
599
Поени од реакции
36
The Da Vinci Code


Конечно го гледав и овој филм. Имав поголеми очекувања врз основа на приказната на овој бестселер, но останав со празни очи, останав шокирана од бесмисленоста на доказите за побивањето на една голема теорија.Но, засекогаш само теорија!

Се случува убиство во Лувр, при што е викнат еден професор, експерт за симболи да открие која е причината за убиството.Тој открива дека тајната се крие во сликите на Да Винчи. Една жена која е на местото на настанот ќе се обиде да му објасни во каква невоља се наоѓа, двајцата успеваат да побегнат на место на кое мислат дека се безбедни.
Потрагата по 'Светиот Грал' започнува....
 

Песимист

Добро информиран оптимист
Член од
11 ноември 2008
Мислења
1.676
Поени од реакции
181
FROM PARIS WITH LOVE

Леле од кога не сум пишал тука еј....него околу филмо....Знаеше дека ке биде онака лајт муви ама изгледа го филм ко филм со Џон со три волти е тоа...он сам против цел свет единствено нешто интересно беа неколку конверзации и моменти исполнети со хумор и иронија другото е тоа....Значи ако сакате да гледа филм гледајте го а ако сакате да гледате ФИЛМ,ФИЛМ со две "Ф" тогај немојте не си правите нервози.Моја оцена 5/10 значи просечен.
 

Vespertine

The Ugly Duckling
Член од
22 септември 2009
Мислења
2.932
Поени од реакции
3.387

Kick-ass
Добар филм, комедија-акција-тинејџерски. Вреди да се погледне, филм за у друштво, онака да се посмеете малце. Све е ок во филмот, освен девојчето кое беше претеризам во убиства. оцена 7/10 според мене.
 

burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500
Последен гледав еден што го имам гледано претходно преска кога се вратив од град,
Но денеска сабајле го гледав The Informant со Мет Дејмон во главна улога и Стивен Содерберг на режисерското столче.
Значи филмот е според вистинска приказна. ФБИ се одлучува да спореведе истрага врз голема компанија за прехрамбени производи врз основа на ифнормации кој што ги добива од еден од потпретседателите на компанијата (Мет Дејмон). Но се случува нешто (расплетот) :) - не би сакал да го расишувам за тие што сакаат да го гледаат. Од 1 до 10 би го оценил со 7.

 

-={K-O-R-U-N}=-

Wanna play a game?
Член од
14 февруари 2007
Мислења
13.045
Поени од реакции
3.301


IRONMAN 2!!!


Лудило! Пример за филм во кој вториот дел го јаде првиот у пм! Многу добра приказна, добро споена со кецот, НЕНОРМАЛНО ДОБРИ СПЕЦИЈАЛНИ ЕФЕКТИ, многу добра смисла за хумор кој го прати целиот филм и плус Audi R8!!! (да бе, и оваа Scarlett Johansson :))

Филмов има 12 од 10! Браво!
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Ip Man 2.


Втор дел посветен на Ип ман големиот кунг фу мајстор и учител на Брус Ли. Е сега знаете како викаат за продолженијата скоро секогаш се послаби од првиот оригинален дел, ама опуштете се и гледајте добар филм со боречки вештини, мене лично ми се допадна. Стилот е малку поинаков и борбите понереални ама добар е....
 

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.916
Поени од реакции
7.010
John Tucker must die



Уште една од америчките тинејџ-комедии ама сосема ок филмче. Добра идеја со предвидлив тек на настаните и сл. Единствено нешто за што вреди да се гледа филмов се убавите девојки :cuc:

Како и на ИМДБ 6/10 и од мене.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom