Олимпија
Македонија во срцето!!!
- Член од
- 26 март 2008
- Мислења
- 5.624
- Поени од реакции
- 9.146
Па што е побитно? Здравјето и животот на најмилитите или да ги изгубиш и жената и бебето поради пијанство на доктори/анестезиолози?Да нема забуна, секако дека е боље у приватна, али ако не ги земеш у предвид парите.
Парите се печалат, ама изгубените животи никој не ги враќа.
Не го сфаќам начинот на размислување дека се многу пари за пораѓај на приватно, а истите тие дигаат кредит за одмор
Има ли нешто повредно од живо и здраво бебенце и неистрауматизирана сопруга?
Јас кога бев бремена прокрварев во 6та недела. Со сопругот веднаш се упативме на ГАК за да видиме што се случува. Прво немаше кој да ни каже каде е собата за итни случаи. Второ откако ја најдовме немаше доктор. Не знаев ни каде е ВЦто за да проверам каква е состојбата со крварењето. После 45 мин се појави сестрата и кога ја прашавме за доктор и и кажавме дека крварам ми рече дека секако ќе дојде да си чекам За пола саат се појави докторката ме прегледа и ми кажа дека е се ок. Кога излеговме со сопругот од ГАК се погледнавме и си рековме дека ќе се откажеме од одмор, ќе намалиме излегувања ама наша нога не стапнува во државна болница. Бевме спремни ако требаше и кредит да земеме, но заштедивме и се пораѓав во приватна клиника. Многу тежок пораѓај имав, но доколку бев во државна или мене или бебето ќе не немаше. Односот и третманот во приватна и државна клиника не се споредува. На ЦТГ ме ставаа од 36 недела. За време на пораѓај бев под постојан надзор од доктор, сестри, бабица. Кога се породив постојано доаѓаа доктори за мене и педијатар за малото.
Парите се печалат, ама животот на мајката и бебето немаат цена. Не можам да ги сфатам оние кои одат да се пораѓаат во државни клиники а фукаат по 1000 евра за мекици, а при тоа се жалат дека не можат да ги видат сопругите и бебето. Па што е побитно?Мекиците или двата живота? И кога би останала бремена со второ-трето дете пак би се пораѓала приватно. Налет и пари и се. Битен ми е односот, пристапот, грижата за мене и бебето...тоа за жал во државна клиника гонема.
И не, не сум разгалена да сакам да ми трчкаат доктори и да ме носат на раце само барам човечки однос, пристап и грижа а јавното здравство е отидено кај што не треба.[DOUBLEPOST=1448472833][/DOUBLEPOST]
Се јави експертот од Бугарија кој нема стапнато ни во државна ни во приватна клиника во Македонија. Ај глеј си таму бугарките и не не убедувај дека јавното здравство овде е супер..А според тебе каква би била ако комплицираните случаи се праќаат експресно на државна?