Породување во државна или приватна болница?

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Да нема забуна, секако дека е боље у приватна, али ако не ги земеш у предвид парите.
Па што е побитно? Здравјето и животот на најмилитите или да ги изгубиш и жената и бебето поради пијанство на доктори/анестезиолози?
Парите се печалат, ама изгубените животи никој не ги враќа.
Не го сфаќам начинот на размислување дека се многу пари за пораѓај на приватно, а истите тие дигаат кредит за одмор :tapp:
Има ли нешто повредно од живо и здраво бебенце и неистрауматизирана сопруга?
Јас кога бев бремена прокрварев во 6та недела. Со сопругот веднаш се упативме на ГАК за да видиме што се случува. Прво немаше кој да ни каже каде е собата за итни случаи. Второ откако ја најдовме немаше доктор. Не знаев ни каде е ВЦто за да проверам каква е состојбата со крварењето. После 45 мин се појави сестрата и кога ја прашавме за доктор и и кажавме дека крварам ми рече дека секако ќе дојде да си чекам:eek: За пола саат се појави докторката ме прегледа и ми кажа дека е се ок. Кога излеговме со сопругот од ГАК се погледнавме и си рековме дека ќе се откажеме од одмор, ќе намалиме излегувања ама наша нога не стапнува во државна болница. Бевме спремни ако требаше и кредит да земеме, но заштедивме и се пораѓав во приватна клиника. Многу тежок пораѓај имав, но доколку бев во државна или мене или бебето ќе не немаше. Односот и третманот во приватна и државна клиника не се споредува. На ЦТГ ме ставаа од 36 недела. За време на пораѓај бев под постојан надзор од доктор, сестри, бабица. Кога се породив постојано доаѓаа доктори за мене и педијатар за малото.
Парите се печалат, ама животот на мајката и бебето немаат цена. Не можам да ги сфатам оние кои одат да се пораѓаат во државни клиники а фукаат по 1000 евра за мекици, а при тоа се жалат дека не можат да ги видат сопругите и бебето. Па што е побитно?Мекиците или двата живота? И кога би останала бремена со второ-трето дете пак би се пораѓала приватно. Налет и пари и се. Битен ми е односот, пристапот, грижата за мене и бебето...тоа за жал во државна клиника гонема.
И не, не сум разгалена да сакам да ми трчкаат доктори и да ме носат на раце само барам човечки однос, пристап и грижа а јавното здравство е отидено кај што не треба.[DOUBLEPOST=1448472833][/DOUBLEPOST]
А според тебе каква би била ако комплицираните случаи се праќаат експресно на државна?
Се јави експертот од Бугарија кој нема стапнато ни во државна ни во приватна клиника во Македонија. Ај глеј си таму бугарките и не не убедувај дека јавното здравство овде е супер..
 

Bitcoin

Член од
24 мај 2005
Мислења
5.530
Поени од реакции
13.903
Приватната болница не е само "хотел услуга". Син ми се (по)роди во Св.Лазар, и знам.. бев таму присутен 2 недели пред и 1 недела потоа. Задоволен сум од целокупната организација и услуги што ги пружи болницата. Ние конкретно одбравме таму за во пакет да добиеме и 10годишно чување на матични клетки. Можевме и во Систина, но ето одбравме таму.
Хигиена 10ка. Храна 10ка. Персоналот, ај да речам 9ка. Во текот на денот, на секој пола сат доаѓаше сестрата (задолжена конкретно за нас), а 2 пати во денот - бабицата која делуваше психички-позитивно во пресрет на денот на пораѓањето.
Значи далеку е од државна болница. Се грижеа ко за сопствено дете, ко за сопствена мајка. Ги гледав, ги пратев, ги анализирав... значи освен професионалост, атмосферата беше како дома. Тоа е тоа. Да се ослободи мајката, да се чувствува негувана и почитувана. Докторите до крајот сакаа проодувањето да биде природно, а не царски рез. Значи не беа залетани за екстра пари, туку го почитуваа изборот на мајката.
Освен тоа, сите тестови, прегледи, педијатар, анализи.. итн итн беа во рамките на цената.
Дел од генетичките анализи беа праќани во германска лабараторија, и до пред самото пораѓање се исфрлија најголем број од ризиците за некакви пореметувања на плодот, односно бебето.

Абе Господова работа е се... ама ето. Ние поминавме во најдобар ред, и сме презадоволни од услугата. Една година после тоа, ни следеа уште 5-6 прегледи како пост-породилни... и тоа заврши најдобро. Точни на време, без чекање, без екстра наплата. Знаеа дека сме од Охрид, и кога идавме на обичен преглед, ни нудеа смештај (во цената) ако немавме каде да преноќиме.

Тогаш Охридската болница не работеше, и мајките се пораѓаа во Струга. Страшно било... Нешто како мобилна амбуланта што работи во воена зона. По 10 мајки во соба, бебињата да пиштат да вриштат, никој да нема мир по цели деној. Со докторите да се бркаш, да се молиш да дојдат да те видат.
Значи јасно дека приватното е поскапо... меѓутоа во животот тоа се случува најчесто 2-3 пати, па да муебемматер, заслужила мајката тоа да го памти по добро, а не да доживува трауми.

То е то, на секој му посакувам да има услов да оди приватно. Сепак, Македонија сме. Тоа што кај нас значи приватно, во Европава е државно. Така стојат работите.
 
Последно уредено:
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Жена на еден другар се пораѓала во државна и тоа царски рез и после тоа ја ставиле во некоја соба, каде имало повеќе пациенти. Таа ноќ починала некоја што била до нејзиниот кревет.
Ја викнла сестрата и ја прашала што ќе прават со починатата, дали ќе ја носат кај фамилијата?
- Не, нејзината ќерка ни кажа ако мајка и почине, да ја известиме утредента. Значи цела ноќ ќе биде овде.

Цела ноќ во соба со мртовец. Кој хорор еј.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Жена на еден другар се пораѓала во државна и тоа царски рез и после тоа ја ставиле во некоја соба, каде имало повеќе пациенти. Таа ноќ починала некоја што била до нејзиниот кревет.
Ја викнла сестрата и ја прашала што ќе прават со починатата, дали ќе ја носат кај фамилијата?
- Не, нејзината ќерка ни кажа ако мајка и почине, да ја известиме утредента. Значи цела ноќ ќе биде овде.

Цела ноќ во соба со мртовец. Кој хорор еј.
Сериозно? Сериозно?????????????????
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Татко ми `85 некаде кога бил стажант на една од клиникиве го имаат казнето пола надоместок затоа што починат човек не го пренел веднаш во мртовечница туку почекал 5 минути да ја извести фамилијата. До кое дно се западнати клиникиве ама џабе коментираме, кога ќе вработиш и шуто и рогато не можеш да очекуваш повеќе.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Татко ми `85 некаде кога бил стажант на една од клиникиве го имаат казнето пола надоместок затоа што починат човек не го пренел веднаш во мртовечница туку почекал 5 минути да ја извести фамилијата. До кое дно се западнати клиникиве ама џабе коментираме, кога ќе вработиш и шуто и рогато не можеш да очекуваш повеќе.
Во некои градови нема мртовечници и најмалку два саати ги чуваат во истата болничка соба, па после ја известуваат фамилијата. А фамилијата додека да дојде...
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Во некои градови нема мртовечници и најмалку два саати ги чуваат во истата болничка соба, па после ја известуваат фамилијата. А фамилијата додека да дојде...
Ама се крши принцип ако седи во иста соба. Еден куп работи излагаат од нормала. Прво, психички многу лошо делува на другите. Второ, секунда по смртта во телото се котат бактерии и започнува фаза на распаѓање, не можеш такво жариште да чуваш со родилки. Не мора мртовечница, нека импровизираат нешто. Невидена работа.
 

Луси

extreme
Член од
17 септември 2008
Мислења
6.678
Поени од реакции
19.589
Koj horor ej, srekja shto mene ne mi se desilo..
So sinot koga se poragjav donesoa edna romka, posle saat dva pochna da se prepotuva , da menja boi ranata I se otvori .. odma se javiv na mazh mi pod itno da doe da me zeme zatoa shto nikoj ne znaeshe shto I e na zhenata, dojdoa seatri me uneduvaa deka nishto opasno ne bilo da ne sum gi plashela drugite pacientki, vikam trgajte mi se od pred ochi, jas si odam od zdravo pravo dete nejkam bolno da go donesam doma, vo toj moment dojde mazh mi so kolegi I da vidish kako vo rok od 10 min I otpusna I se mi spremija I da me nema, neznam sto se sluchilo ponataka ama jas bev izvadena bukvalno od pamet, zaboraviv I na operativna bolka I sve edino na pamet mi bese deteto da go izvadam od tuka najbrzo shto mozham.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
1.432
Поени од реакции
2.543
Квалитетот на услугите во јавните и приватни породилишта е неспоредлив, јасно е тоа...Јасно е и моето мислење за јавното здравство во глобала...Но, реално нема секој средства да си дозволи породување во приватна болница, колку и да крати од разни задоволства - сепак нема...Според тоа што сум имала прилика да го видам до сега, гинеколошката болница во Чаир не е за потценување воопшто, работат доста стручни гинеколози акушери таму...
И препораката е доста битна...
А, кога ќе дојде момент за породување и на слепо да се отиде во државна, да не знаеш во чии раце ќе паднеш и кој специјализант ќе се учи на тебе - тоа не смее никој да си го дозволи, барем тоа НЕ...
 

macedon89

Провокатор по вокација
Член од
22 јули 2008
Мислења
783
Поени од реакции
582
Квалитетот на услугите во јавните и приватни породилишта е неспоредлив, јасно е тоа...Јасно е и моето мислење за јавното здравство во глобала...Но, реално нема секој средства да си дозволи породување во приватна болница, колку и да крати од разни задоволства - сепак нема...Според тоа што сум имала прилика да го видам до сега, гинеколошката болница во Чаир не е за потценување воопшто, работат доста стручни гинеколози акушери таму...
И препораката е доста битна...
А, кога ќе дојде момент за породување и на слепо да се отиде во државна, да не знаеш во чии раце ќе паднеш и кој специјализант ќе се учи на тебе - тоа не смее никој да си го дозволи, барем тоа НЕ...
Ако никоја родилка несакат специјализант да се „учит“ на нејзе, за 10тина години немат да имат гинеколог ни во државна ни во приватна болница.
 
Член од
5 ноември 2012
Мислења
2.526
Поени од реакции
5.706
Гладајте да ви се погоди докторот....

Жена ми со првото дете се породи во државна. Во катастрофални услови и со некои компликации пред пораѓај. Да му даде Господ здравје на гинекологот, се помина во надобар ред, најдобро што може...

Со второто дете, ( беше тоа период кога за кратко време во државата починаа 3-4 родилки на породување ) жена ми избра да биде Систина, чисто за подобра безбедност. Ја породуваше доктор “по препорака“
Ако тргнам на страна што сместување, храна, услови, се беше како во хотел, породувањето беше катастрофа. Од компликации на операција ( со оглед на тоа да и со првото беше царски рез, препорачуваа и второто да биде царски рез ).
Значи, прво докторот направил грешка со сечење на друг орган, 3 саати чекав ко ментол, без никој да ми каже што се случува. Кога најпосле ме викнаа, докторот , ,мртов ладен, вика- непланирано “ малку ја сецнале “ ( буквално со тие збориви ) ама, без гајле, веднаш викнале друг специјалист-интернист да ја сошие и среди. Инаку, 3-4 пати го барав тој специјалист, да ми каже за евентуални последици, дополнително лечење и сл. Не успеав да го најдам (!). Дента бил на операции, утредента бил слободен, после земал одмор, и така....Дури и гинеколог што ја породуваше кога го барав наредните денови, упорно ме избегнуваше, додека на крај дрско не му влезам во ординација, чисто да се информирам што се случува...
Како и да , поради тој, непланиран зафат, жена ми беше приморана да остане дополнителни 5 дена во Систина. Врв на се беше што на крај сакаа да ми ги наплатат дополнителните 5 дена болничко лекување, што беше солидна сума. Тука веќе збеснав и едноставно не сакав да плаќам за нивна грешка. Ме однесоа кај некоја директорка, на која едноставно и реков дека ќе тужам.
Добив попуст и не платив за дополнителните денови. Ми беше битно жената о детето да се здрави, живи и не сакав понатаму да се заебавам со тужби.

Мој впечаток дека самата болница (државна/приватна) не е толку битна, гледајте го докторот. Инаку, чувството од Систина ми е дека те гледаат само како ПАРИ. Исто и од Ремедика, претходно таму правевме некои тестови.

И уште нешто, после излегување од Систина, малото ми доби некоја инфекција на очињата. не знам колку е често и нормално ова кај бебиња, ама во период од 2 месеца уште на 2 другари жените се пораѓаа во Систина, и нивните дечиња имаа инфекција. Ама, можно е да нема поврзаност...
 

STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.620
Поени од реакции
14.357
@Олимпија

Колку ве фати и каде, ако не е тајна... Не прашувам за мене :D, туку ме интересираат цените како одат пошто никој на темава не пиша колку платил. Пишете и другите што се биле во приватно, сигурно нема од клиникиве да ве бараат по форуми.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
^^ Уште едно лошо искуство од Систина. :D
Ние сме задоволни од Ремедика и од докторот кој го избравме, престојот, негата и персоналот. Може така се погоди, затоа пишав секој со свое искуство. Тоа беше пред година и пол, сега може се сменети. И нормално дека те гледаат како пари, кога си го купуваш вниманието и љубезноста.
Фрлате пари за други работи, а за најважната некако не ви се даваат.

За во државна ќе треба цела книга да напишам. Од цела недела трчање по докторката, кавги, нервози и одозгора тие сестрите ми бараа да и купам пици за ручек. Срамота.

Цените се различни и зависи од тоа каков е порѓајот и колку дена ќе останеш во болницата. Обично се од 1200 до 1500 евра.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.184
Како што рече @Дињата на Анчо - секој со своето искуство. Нашето беше од Клинички центар и излеговме задоволни, а немавме којзнае какви врски. Пораѓајот се одвиваше во најдобар ред, а и после тоа сѐ беше ОК. Е сега, проблем беше што малиот доби жолтица што често се случува, и што постојано беше на сончање, но секој ден по неколку саати ѝ го носеа на сопругата, а и таа можеше да појде и да го види во секое време. Да ја прашате неа, сигурно ќе ви раскаже друга приказна - колку „трауматично“ и било нејзиното искуство, но тоа е последица само на фактот што мораше да се задржи цела недела таму и секој ден ми се жалеше и плачеше колку и било досадно, како ќе полудела ако останела таму уште некој час, и сл. Јас сум ги видел лично собите во клиниката, при прошетката како дел од предпородилните предавања кои ги посетувавме со сопругата, и не можам да кажам дека се лоши: во секоја соба има само 2 кревети, креветчиња за бебињата, тоалет, телевизор... Хигиената е на задоволително ниво, сестрите често поминуваат од тука, еднаш дневно има и посета од педијатар... Постојат соби тн. апартмани во кои е дозволена и посета од надвор, но за таква соба се плаќа, мислам дека 1000 денари од вечер, но не ме држете за збор. Ние не плативме за таква соба, па затоа посети не беа дозволени внатре, но жена ми излегуваше, а сестрите неколкупати ме прашаа дали сакам да ми го донесат бебето да го видам - јас не сакав, зашто за време на предавањата ни посочија колку е важно да бидеме трпеливи, да не го изложуваме бебето на опасност со инсистирањето да биде изнесено надвор. Од сестрите сме презадоволни и двајцата, особено од една млада девојка која многу ѝ помагала на сопругата. Единствена замерка имав што по пораѓајот, бидејќи немало празни соби, сопругата ја сместија во соба во која не се затворал убаво прозорот, па она се жалеше дека и дувало, но истиот ден, штом се ослободило место во друга соба, ја префрлија таму. Сѐ на сѐ, јас би дал 4+ од 5 за Клиниката за гинекологија, и веројатно и за следното бебче ќе одиме таму.
P.S. Реков дека немавме којзнае-какви врски. Е па единствената „врска“ ни беше акушерка што ја познававме, а работеше во друг оддел и немаше врска со породилното одделение на првиот кат. На крај испадна дека таа и најмалку од сите се замараше за сопругата и малиот, едвај 2 пати ја посети за целиот нејзин престој таму, и тоа по триста јавувања на телефон за да појде да ги ѕирне. Врска и пол! :confused:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom