До каде оди границата на вашата толеранција во врската? Колку попуштате, замижувате очи на работи кои не ви се по ќеиф? Дали е потребно некогаш да се помине преку некои работи или секогаш остро треба да се реагира?
Верувам во теоријата за вложување, колку ќе се дадеш во врската и колку ќе и се посветиш, таков тип на врска ќе добиеш за возврат.Затоа се учи на толерантност ако веќе се нема, но не се замижува во ниту еден случај, барем според мене.
Јас реагирам скоро на се што ме иритира, понекогаш благо за само да дадам до знаење, понекогаш сум остра затоа што нешто навистина не ми се допаднало и сум си дозволила бурна реакција.
Сепак, се додека партнерот е свесен дека јас сум свесна и дека при здрав разум (
) дозволувам да се оди до некоја одредена граница, се може да се реши и компензира.
Кога ќе приметите некоја работа што не ви чини одма кажувате или си свиркате?
Веднаш реагирам и потенцирам, не знам како е да се молчи за она што не ми одговара, тоа го сметам повеќе за предавство кон себеси и кон начинот на кој што треба да се третирам и треба да ме третираат.
Дали според вас е точна изреката: Дај му на човек прст, ќе ти ја зеде цела рака? Или : Попуштај му на човек ќе ти се качи на глава? Што мислите?
Не верувам дека тоа важи за сите или барем за сите големи работи.
Ако не знаеме да повлечеме линија нормално дека фидбекот кој што ќе се добие ќе бара рака за вечера, но, секогаш зависи од тоа што нудиме и што сме дале, за некој да ни побара прст или рака.
Јас го одредувам односот исто како што тој го одредува мојот кон него.
Дали ако еднаш попуштиш, тоа значи дека постојано ќе треба да попуштaш?
Уффф, никако.
Еднаш е и повеќе од доволно ако работата е доволно сериозна.