Попустливост

POWER-MKD

Per aspera ad astra
Член од
1 март 2008
Мислења
4.763
Поени од реакции
644
До каде оди границата на вашата толеранција во врската? Колку попуштате, замижувате очи на работи кои не ви се по ќеиф? Дали е потребно некогаш да се помине преку некои работи или секогаш остро треба да се реагира?

Дали ако еднаш попуштиш, тоа значи дека постојано ќе треба да попуштaш?
Па зависи колку често се случува да се изнервирам, ама во главно се толерира во границите на нормалното.

Да, дефинитивно некогаш треба да се прогледа низ прсти.

Хехехе, нашла црква да се крсти:tv:. Еднаш и после ич, нема попуштање, само строго.:wink:
 
С

Сатори

Гостин
До каде оди границата на вашата толеранција во врската? Колку попуштате, замижувате очи на работи кои не ви се по ќеиф? Дали е потребно некогаш да се помине преку некои работи или секогаш остро треба да се реагира?
Верувам во теоријата за вложување, колку ќе се дадеш во врската и колку ќе и се посветиш, таков тип на врска ќе добиеш за возврат.Затоа се учи на толерантност ако веќе се нема, но не се замижува во ниту еден случај, барем според мене.
Јас реагирам скоро на се што ме иритира, понекогаш благо за само да дадам до знаење, понекогаш сум остра затоа што нешто навистина не ми се допаднало и сум си дозволила бурна реакција.
Сепак, се додека партнерот е свесен дека јас сум свесна и дека при здрав разум ( :) ) дозволувам да се оди до некоја одредена граница, се може да се реши и компензира.
Кога ќе приметите некоја работа што не ви чини одма кажувате или си свиркате?
Веднаш реагирам и потенцирам, не знам како е да се молчи за она што не ми одговара, тоа го сметам повеќе за предавство кон себеси и кон начинот на кој што треба да се третирам и треба да ме третираат.
Дали според вас е точна изреката: Дај му на човек прст, ќе ти ја зеде цела рака? Или : Попуштај му на човек ќе ти се качи на глава? Што мислите?
Не верувам дека тоа важи за сите или барем за сите големи работи.
Ако не знаеме да повлечеме линија нормално дека фидбекот кој што ќе се добие ќе бара рака за вечера, но, секогаш зависи од тоа што нудиме и што сме дале, за некој да ни побара прст или рака.
Јас го одредувам односот исто како што тој го одредува мојот кон него.
Дали ако еднаш попуштиш, тоа значи дека постојано ќе треба да попуштaш?
Уффф, никако.
Еднаш е и повеќе од доволно ако работата е доволно сериозна.
 
Член од
23 мај 2009
Мислења
788
Поени од реакции
23
во врска одма кажувам што ми смета не сум многу толерантна ако е поголема работата можам да премижам некоја ситница многу сум избувлива за некои работи судам однапред кој подоцна ми е криво кога ќе ми се каже дека не е така како јас што сум се уфилмала..
 
devojka111

i'm real
Член од
28 декември 2008
Мислења
1.937
Поени од реакции
148
Тешко да попуштам ако нешто не ми чини во врската, воопшто не можам да кријам и да се правам како ништо да не било. И за најмала ситница што ми смета кај него сакам да разговараме. Некогаш можеби ќе се покајам што не сум преќутила некоја работа иако сум знаела дека ќе се навреди, но сепак не можам да му правам лице и да се смешкам како сите коцки да ми се склопени. Дури и разумот да ми вели да премолчам, чувствата ме издаваат и кажувам се' што ми лежи, а подоцна ќе мислам на последиците.
Значи не попуштам додека го докажам своето, освен ако ме убеди дека тој е во право.
 
Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.687
Секогаш сум јас побудалиот и попуштам, но тоа незначи и дека нема да седнеме и да направиме муабет за одредената ситуација. За попуштање ке попуштам, ама затоа потоа имам право да застанам и да одржам неколкуминутна лекција во која дотичната особа има право да ќути и слуша што имам да образложам. Па навремено да си ја поправи грешката и да не ја повторува нареден пат.

п.с. ова се однесува на ситни работи кои не се толку важни во целата приказна.
 
Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Se soglasuvam so nekoj pogore, kompromis. Dodeka dvajcata popustaat (do odredeni granici), se e dobro. No, ako na primer samo edniot popusta, drugiot e tvrdoglav, inaet, ne cini rabotata. Pa ne e toa fintata, ne e ni interesno da znaes deka se e po tvoe.
Mislam deka obicno nedozreani licnosti imaat takva vrska vo koja edniot nonstop popusta, a drugiot tera po svoe.
 
Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Љубов и толеранција

Што мислите....колку љубовта е поврзана со толеранцијата,односно со простување на она што ви пречи кај партнерот?Колку сте спремни да простите за добра врска?Доколку би ви пречеле многу работи,дали тоа значи дека не го сакате партнерот?
п.с.Ако веќе има ваква тема,извинете:smir:
 
Член од
18 декември 2008
Мислења
310
Поени од реакции
108
Љубовта и толеранцијата се дури и премногу поврзани. Џабе е преголема љубов, ако и двата партнери немаат толеранција еден спрема друг и се караат за секаква ситница.
Потребно е попуштање и од двете страни за да се добие цврста и здрава врска.
 
Annabel

Неутрална*
Член од
18 декември 2008
Мислења
1.298
Поени од реакции
183
Толеранцијата во љубовта е еден вид на компромис каде што прифаќаме одреден негативен аспект со цел да истакнеме нешто што е со поголема вредност.

Многу често ги жртвуваме нашите вредности спрема оние кон кои сме изградиле длабока емоционална врска.За тие што ни се блиски и драги толеранцијата не е нешто што се бара од нас,тоа е однесување кое ние сакаме да го применуваме и во чија вредност сме длабоко убедени.
Сепак толеранцијата не се согледува во:одење на места каде што сака партнерот или слушање на неговата омилена музика...тоа не се негативни работи и не станува збор тука за никаков компромис.

Според мене во сериозна врска не треба да има премногу толеранција од аспект дека љубовта не е постојано толерирање на негативните работи и неможе постојано од едната страна да се има компромис и да се простува.За мене толеранцијата е неутралност и со самото тоа ми се губи значењето на љубовта,така да никогаш не би можела да направам компромис за работи преку кои знам дека нема да можам да поминам.

“Darling, if you are not merely sexually attracted to me, but are profoundly in love with me, please do not tolerate me, as tolerance is often associated with being neutral. Just love me the way I am“
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Што мислите....колку љубовта е поврзана со толеранцијата,односно со простување на она што ви пречи кај партнерот?Колку сте спремни да простите за добра врска?Доколку би ви пречеле многу работи,дали тоа значи дека не го сакате партнерот?
Врските кои се базираат на љубов воопшто и не го поставуваат прашањето толеранција, простување, разбирање. Тоа се нешта кои не постојат во љубовна врска (во своето вистинско значење).

Врските кои се базираат на толеранција, односно некоја заемна потреба, какви што се во принцип модерните врски бараат попуштање и откажување за доброто на партнерот. Но знаејќи го растеќкото его на секој од нас, сигурен сум дека порано или подоцна таа врска ќе пропадне.
Оние врски кои подолго траат а дури отпосле го добиваат чувството дека нешто навистина им пречи се осудени на спор пропаст.
Оние во кои уште на самиот почеток се доаѓа до ваква ситуација се осудени на фарса, или се осудени да прекинат веднаш.
Оној кој ќе остане во врска каде свесно ќе толерира нешто кое навистина му пречи, е осуден на страдање за кое не смее да се жали, бидејќи го одбира сам.

Не можат сите луѓе да ни одговараат, и тоа е нормално. Вреди да се погазиме себе и своите желби и потреби за оној кој навистина ни се допаѓа, но да одиме против себе, е непотребно. :nenene:
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.031

Ако нешто е врзано со откажување, има проблем... Можеби најдобрата дефиниција за љубов и заедничко живеење е зборчето „баланс“.
Ниту можеш да бараш ниту да дозволиш некој експлицитно да побара од тебе какво и да е откажување. Љубовта си ги поставува работите на свое место како што реката си го длаби своето корито... Тешко е на почеток да се ускладат навиките но љубовта знае да си најде начин и да спојот да го направи „функционален“.

Се е лесно кога љубовта ја имаш за поткрепа... :smir:
 
Drama Queen

Sky Catcher
Член од
2 септември 2007
Мислења
1.739
Поени од реакции
64
До каде оди границата на вашата толеранција во врската? Колку попуштате, замижувате очи на работи кои не ви се по ќеиф? Дали е потребно некогаш да се помине преку некои работи или секогаш остро треба да се реагира?

Кога ќе приметите некоја работа што не ви чини одма кажувате или си свиркате?

Дали според вас е точна изреката: Дај му на човек прст, ќе ти ја зеде цела рака? Или : Попуштај му на човек ќе ти се качи на глава? Што мислите?

Дали ако еднаш попуштиш, тоа значи дека постојано ќе треба да попуштaш?

Toлеранција постои,ама во пристојна количина можеби и помала од пристојната.Не сум попуслива и не замижувам никогаш.Кога нешто ми смета кажувам и не преќутувам бидејќи така самата себеси се повредувам.Потребно е некогаш да се премине преку некои работи и преминувам за цена на среќата.

И двете изреки се точни и затоа толеранцијата е на едно пристојно ниво кај мене.

Незначи дека ако еднаш попуштиш треба постојано да попушташ,во зависност од ситуацијата,времето и луѓето оди и толеранцијата.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom