(*Излагање на претседателот на Левица, проф. д-р Димитар Апасиев пред Уставниот суд на РМ, на 8 јули 2021 година, за разјаснување на правните прашања околу контроверзниот Закон за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Мaкедонија, кој Левица го оспори пред Уставниот суд).
Најбитни се меѓународните препораки на Конференцијата на Европските статистичари за пописите околу 2020 година. Клучното прашање е дека оваа Конференција никаде во своите регулативи не предвидува ПОПИС НА ДИЈАСПОРА, односно предвидува попис само за жители иселени до една година, а тоа е со цел да се избегне двојното или повеќекратното попишување. Значи пописот се однесува само на резиденти!
Следно, што е прекршено со овој Закон (согласно Регулативата бр. 763/08), се препорачува Законот за попис да се донесе една и пол година пред реализацијата на пописот, а кај нас законот е донесен два месеца пред спроведување на пописот.
Следно, компаративно, секаде Методологијата и дефинициите се materia legis, а не подзаконска материја! Кај нас, за прв пат Метологијата отиде во позаконски правен акт, со што флагрантно се заобиколи Парламентот, како единствен законодавен дом каде што е можна дебата.
Потоа, никаде во светот не се спроведува попишување само со единствен матичен број, односно секаде се бара документ издаден од јавен орган.
Дополнително, секаде има предвидено инструменти за контрола и постпописна еваулација. Тоа значи дали хартиени или дигитални формати, кои ќе бидат подложни на контрола, имајќи ги во предвид хакерските напади кои ни се случуваат во секоја институција и степенот на сајбер безбедност.
Никаде во препораките немате врзан потпис на заменик-директор, односно de facto право на вето.
И конечно, согласно членот од Европската конвенција за заштита на правото на приватност, никаде друго лице не може да даде податоци за вашата припадност! Тоа е Регулатива 763, која вели „земјите-членки ги преземаат сите неопходни мерки за исполнување на барањата за заштита на личните податоци“. Нашиот закон дозволува сензитивни лични информации, како етничка и религиозна припадност, да ги дава друг во отсуство”