Поздрав дечки, имам еден многу и под многу мислам еден огромен проблем со мојот десктоп писи. Значи вчера го ујачив малце, земав +2 гига рам и све идеше добро. Го форматирав со чиста копија од Виндоус седмицата. Пуштив да се даунлоадираат некој игри, и се враќам по 20 минути гледам фејл пишува проверувам и на лаптопот и на компјутерот немам интернет е све е во ред со модемот. Се јавувам во кабелнет, им објаснувам се што како велат не е до нас. Ја изигравам паметњакович едно 10 минути подоцна и чачкам нешто во регистрито, гледам ИП адресата треба да ми е таа што е а не 192, и тој рече ако имам 192.иксикс.иксикс.иксикс тогаш бил проблемот кај мене. Можеби некој од вас се разбира да работи во регедитот, али овдека ги избришав сите интерфејси:
COMPUTER\HKEY_LOCAL_MACHINE\SYSTEM\CurrentControlSet\services\Tcpip\Parameters\Interfaces
Пошо мислев дека ќе се врати нешо во нормала. Сеа го реконектирав модемот со компјутерот и се е како што треба, само што имам над 500 лаг на кантерот а да не правам муабет за варкрафтот. Имам едно 5 до 10 секунди дилеј.
Можи некој да помогне?