Да се лепи стиропор со пурпена ама само е поскапо,
а мајсторите никој не ги прашува, туку газдата кој што треба да брои пари, едно чинеше над 300 денари.
Инаку каде фати нема одлепување, за оваа намена се користи неутрална пурпена која не се шири (добро можда малку кога ја шприцаш), ако сте виделе за џамови и врати користи од онаа што се шири да се потполнат дупките.
Ги разгледав и двете (оваа од вурт и таа од цересит, но ниту една од нив немам испробано. Вуртовата ја најдов 320-325ден боца/750ml додека од Цересит 410ден.
Проблемот е што немам користено ниту една од нив за да лепам панели и врз нив потоа да одам со лепак, мрежа, абриб (како што е ред) па не знам под тестот на времето како ќе издржат. Во видеата на youtube стои дека се' ќе биде океј, но немам искуство од „терен“.
Инаку, имав земено една нискоекспандирачка (турска, не се ни сеќавам на името) чисто колку да пополнам дупки на полукружни делови кои се прават со сечење на стиропорот (за таму пополна океј дупките) и ја испробав за лепење на 20x50 делче од стирпор директно на објектот (куќата). Следниот ден не бев воопшто задоволен бидејќи ниту држеше како треба (не залепи добро) ниту пак залепи цврсто - сепак имаше оддалеченост од ѕидот мала работа.
Затоа и ме интересираше дали некој ги има пробано овие две од погоре (кои се баш за таа намена) и која од нив е подобра.
Крај краева изгледа ќе земам пиштол, по една боца од двете и ќе се тестира на тој начин.
Вуртовата стои дека покрива 15м2, додека на цересит 10m2 од боца, што и за едниот и другиот случај мислам дека е премногу (најверојатно реалната потрошња би била 5-7m2 - впрочем како и кај вреќа лепак).
Јас внатрешни ѕидови обложив со стиропор. Ги лепев со пурпена на Бекатон. Мислам дека подобро ќе залепев со лепак
Има луфта помеѓу ѕидот и стиропорот или?
Кај мене се работи за надворешни ѕидови и затоа имам дилема што да правам.