Помош - сакам да градам!

Член од
25 ноември 2013
Мислења
1.634
Поени од реакции
1.489
Ne, se raboti za covek sto go znam i koj megu vreme kupi drug plac i gradese nesto pogolemo. Sega sakam da znam dali postoi opcija da se spasat tie pari.
Okej e togas, posho znam i za tie sho gi prodavaa od opstini imaat 2 god rok da izgradat, za toa mislev da ne saka da te zezne nekoj.
 
Член од
7 декември 2019
Мислења
4.633
Поени од реакции
8.205
Okej e togas, posho znam i za tie sho gi prodavaa od opstini imaat 2 god rok da izgradat, za toa mislev da ne saka da te zezne nekoj.
Сите дозволи се со толку рок!
Ne, se raboti za covek sto go znam i koj megu vreme kupi drug plac i gradese nesto pogolemo. Sega sakam da znam dali postoi opcija da se spasat tie pari.
Во која општина е плацот? Средствата нема да пропаднат, како што кажа @Almeida единствено разликата е битна. Или ќе доплатиш, ако поднесеш нов проект со плус квадратура или ќе чиниш алал на вишокот платени средства, ако поднесеш проект со помалку м2.
Убаво ти советуваат, оди во општината во секторот за урбанизам и ќе се разберете.
 
Член од
28 мај 2021
Мислења
3
Поени од реакции
0
...Кога ќе дојде моментот за калкулација на комуналии или ќе треба да доплатиш или ќе ја почастиш општината (ако градиш помала квадратура), пошо мислам дека не враќаат назад такви пари.
Зошто не отидеш во сектор за урбанизам и не си се распрашаш?
Istiot plan mi odgovara i mene, sto znaci deka mozno e da ne plakam pak. Super e toa!

Sepak, ponedelnik ke odam vo opstinata za da sum 100% siguren.

Fala vi mnogu!
 
Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.061
Поени од реакции
3.202
Лошо време за градење, се скокна за 50%, железо, дрво...
а да цементот уште е по старо, до кога ли само...
 
Член од
11 октомври 2014
Мислења
1.861
Поени од реакции
1.681
Лошо време за градење, се скокна за 50%, железо, дрво...
а да цементот уште е по старо, до кога ли само...
Ако не се лажам цената на железото е светска,последниве год кинезите изнакупија и складираја,опасни се за пари праење.
Како велат нашите соседи....Пара да те јури а не ти да јуриш паре.
 
Член од
25 ноември 2013
Мислења
1.634
Поени од реакции
1.489
Ако не се лажам цената на железото е светска,последниве год кинезите изнакупија и складираја,опасни се за пари праење.
Како велат нашите соседи....Пара да те јури а не ти да јуриш паре.
Zelezoto sekade e skapo. Nie koristime toni i toni zelezo dnevno i momentalno e epten skapo.
 
Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.061
Поени од реакции
3.202
Ако не се лажам цената на железото е светска,последниве год кинезите изнакупија и складираја,опасни се за пари праење.
Како велат нашите соседи....Пара да те јури а не ти да јуриш паре.
Скапо е (нели за кого како) ама лани да си купил ќе си купил за 50% поефтино, исто и дрвото до пред еден месец беше 50% поефтино, овие профилите за гипс картон од 80 и нешто на 130 отидоа за повеќе од месец,
се живо поскапува ама во градежниот сектор оди за 50% скок што е неверојатно многу, цементот држе уште старата цена, ама до кога ли ќе биде.
 
Член од
26 јуни 2010
Мислења
36
Поени од реакции
4
Здраво на сите.

Дали некој би можел да наброи како изгледа АДМИНИСТРАТИВНИОТ процес на отпочнување на градба на куќа?

Пример, имам плац кој се наоѓа во градежен регион ете нека биде Сопиште во Скопје, и сакам да изградам 100м2 куќа.

Кои се следните чекори што треба да ги преземам? Од каде да се почне?

Фала ви многу за одвоеното време :) Поздрав
Автоматски споено мислење:

30 јуни 2020
Мислења
2.381
Поени од реакции
8.912
Ми треба корисничко искуство од некого.

Дали имате лепено стиропор за фасада со пурпена наменета за тоа?

Се двоумам помеѓу wurth и ceresit.

Сопствено искуство која е подобра? Искуство од мајстори што користат?
 
Член од
16 декември 2012
Мислења
2.702
Поени од реакции
6.755

Колку што знам, мајстори повеќе сакаат да работат со лепак за стиропор
 
Знам, така за нијанса поевтино им доаѓа. Во странство користат пурпена но немам некој од кој можам да се информирам па затоа си реков тука да прашам (да не биди само инфо од youtube).
 
Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.061
Поени од реакции
3.202
Ми треба корисничко искуство од некого.

Дали имате лепено стиропор за фасада со пурпена наменета за тоа?

Се двоумам помеѓу wurth и ceresit.

Сопствено искуство која е подобра? Искуство од мајстори што користат?
Да се лепи стиропор со пурпена ама само е поскапо,
а мајсторите никој не ги прашува, туку газдата кој што треба да брои пари, едно чинеше над 300 денари.

Инаку каде фати нема одлепување, за оваа намена се користи неутрална пурпена која не се шири (добро можда малку кога ја шприцаш), ако сте виделе за џамови и врати користи од онаа што се шири да се потполнат дупките.
 
Член од
16 декември 2012
Мислења
2.702
Поени од реакции
6.755
Знам, така за нијанса поевтино им доаѓа. Во странство користат пурпена но немам некој од кој можам да се информирам па затоа си реков тука да прашам (да не биди само инфо од youtube).
Јас внатрешни ѕидови обложив со стиропор. Ги лепев со пурпена на Бекатон. Мислам дека подобро ќе залепев со лепак
 
Член од
30 јуни 2020
Мислења
2.381
Поени од реакции
8.912
Да се лепи стиропор со пурпена ама само е поскапо,
а мајсторите никој не ги прашува, туку газдата кој што треба да брои пари, едно чинеше над 300 денари.

Инаку каде фати нема одлепување, за оваа намена се користи неутрална пурпена која не се шири (добро можда малку кога ја шприцаш), ако сте виделе за џамови и врати користи од онаа што се шири да се потполнат дупките.
Ги разгледав и двете (оваа од вурт и таа од цересит, но ниту една од нив немам испробано. Вуртовата ја најдов 320-325ден боца/750ml додека од Цересит 410ден.
Проблемот е што немам користено ниту една од нив за да лепам панели и врз нив потоа да одам со лепак, мрежа, абриб (како што е ред) па не знам под тестот на времето како ќе издржат. Во видеата на youtube стои дека се' ќе биде океј, но немам искуство од „терен“.

Инаку, имав земено една нискоекспандирачка (турска, не се ни сеќавам на името) чисто колку да пополнам дупки на полукружни делови кои се прават со сечење на стиропорот (за таму пополна океј дупките) и ја испробав за лепење на 20x50 делче од стирпор директно на објектот (куќата). Следниот ден не бев воопшто задоволен бидејќи ниту држеше како треба (не залепи добро) ниту пак залепи цврсто - сепак имаше оддалеченост од ѕидот мала работа.

Затоа и ме интересираше дали некој ги има пробано овие две од погоре (кои се баш за таа намена) и која од нив е подобра.
Крај краева изгледа ќе земам пиштол, по една боца од двете и ќе се тестира на тој начин.

Вуртовата стои дека покрива 15м2, додека на цересит 10m2 од боца, што и за едниот и другиот случај мислам дека е премногу (најверојатно реалната потрошња би била 5-7m2 - впрочем како и кај вреќа лепак).

Јас внатрешни ѕидови обложив со стиропор. Ги лепев со пурпена на Бекатон. Мислам дека подобро ќе залепев со лепак
Има луфта помеѓу ѕидот и стиропорот или?

Кај мене се работи за надворешни ѕидови и затоа имам дилема што да правам.
 
Член од
16 декември 2012
Мислења
2.702
Поени од реакции
6.755
Јас внатрешни ѕидови обложив со стиропор. Ги лепев со пурпена на Бекатон. Мислам дека подобро ќе залепев со лепак
Уште нешто: ти препорачувам да купиш мрежа на Бекатон. Има наранџаста боја, ролна од 50 м ме чинеше 1200 денари. Ја земав по препорака на мајстори. Покрута е, полесно и поубаво се мести и сече и, нема влакна од стаклена волна
Автоматски споено мислење:

Ги разгледав и двете (оваа од вурт и таа од цересит, но ниту една од нив немам испробано. Вуртовата ја најдов 320-325ден боца/750ml додека од Цересит 410ден.
Проблемот е што немам користено ниту една од нив за да лепам панели и врз нив потоа да одам со лепак, мрежа, абриб (како што е ред) па не знам под тестот на времето како ќе издржат. Во видеата на youtube стои дека се' ќе биде океј, но немам искуство од „терен“.

Инаку, имав земено една нискоекспандирачка (турска, не се ни сеќавам на името) чисто колку да пополнам дупки на полукружни делови кои се прават со сечење на стиропорот (за таму пополна океј дупките) и ја испробав за лепење на 20x50 делче од стирпор директно на објектот (куќата). Следниот ден не бев воопшто задоволен бидејќи ниту држеше како треба (не залепи добро) ниту пак залепи цврсто - сепак имаше оддалеченост од ѕидот мала работа.

Затоа и ме интересираше дали некој ги има пробано овие две од погоре (кои се баш за таа намена) и која од нив е подобра.
Крај краева изгледа ќе земам пиштол, по една боца од двете и ќе се тестира на тој начин.

Вуртовата стои дека покрива 15м2, додека на цересит 10m2 од боца, што и за едниот и другиот случај мислам дека е премногу (најверојатно реалната потрошња би била 5-7m2 - впрочем како и кај вреќа лепак).

Има луфта помеѓу ѕидот и стиропорот или?

Кај мене се работи за надворешни ѕидови и затоа имам дилема што да правам.
Има, малку. Се слагам, кога ќе се залепи со мрежа и лепаци, не се приметува. Не знам за надворешни ѕидови, ама за внатрешните можев цели табли да ги премачкам со назабена глетарка, сигурно ќе имаше помалку луфта. И, сите лепаци не се исти. Некои од нив имаат сертификат за стиропор од 10см за надворешни ѕидови
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom