Јасно. Фала ти на советот!Можеш и сам да си ја смениш секако доколку имаш малку познавање од електроника и доколку имаш нова тастатура. Прво од задната страна на компјутерот има некое штрафче (1-2) означено со лого тастатура кои треба да ги отшрафиш, после од горниот дел на тастатурата каде што се наоѓаат Ф копчињата има 5-6 жлебови (во должина на целата горна страна на тастатурата) кои треба внимателно да ги ослободиш (со мало тенко право штрафцигерче или тенка тврда пластика) и да ја извлечеш тастатурата. Од долната страна тастатурата е прикачена на еден флет кабел кој внимателно треба да го ослободиш од плоча и на истиот начин во обратна постапка да ја наместиш новата. Има многу клипови на јутуб кои би можеле да ти помогнат (секако доколку имаш барем мало познавање на електроника). Целата работа трае некоја минута. Доколку мислиш дека не би можел сам, било кој сервисер или пријател што има некое познавање ќе ти ја промени за 5 минути, така да за оваа работа не се оптеретувај да мора да биде "добар сервисер".
Автоматски споено мислење:
Каде би можел да најдам квалитетна тастатура ? Може и половно и ново.Најбитно да си најдеш квалитетна тастатура за твојот модел, јас на Dell лаптоп сменив кинеска која ја купив од тука 1800 денари и нерви искинав додека го користев следните месеци, space копчето и уште неколку други од буквите и бројките беа апла несензитивни и требаше да лупаш по нив за да има ефект, наспроти тоа претходната фабричната беше најпогодената тастатура што сум ја имал.
За промена напиши го моделот на лаптопот на јутјуб и допиши keyboard replacement или how to replace keyboard on МОДЕЛ НА ЛАПТОП, пример на тој модел од Dell што го имав немаше екстра штрафчиња туку само 8 жлебчиња по рабовите на тастатурата кои со било што остро и тенко можеше да ги отвориш за пола минута и требаше само да се откачи флет кабелот позади, 1-2 минути промена на цела тастатура.