Проверено до сега неколку пати, лично од моја страна и од мои пријатели.
http://www.k2laptop.com
Од други (да не ги именувам) не сум бил задоволен во однос на дијагностика, цени и време за поправка. Во К2 работат домаќински со разумни цени, прецизна дијагностика и брза квалитетна услуга. Искрено задоволен сум до сега и ти ги препорачувам. Се наоѓаат карши Палма, кај Тобако 2 во Аеродром.
Јас имам баш спротивно искуство со К2 Лаптоп, ми собраа 3.000 денари за поправка на графичка картица, која месец дена подоцна повторно се расипа, а од нивното домаќинско работење ми го вратија куќиштето оштетено - скршено на предната страна.
Единствено Купи Лаптоп беа одлични за сервисирање на компјутери, но тие пропаднаа - наводно поради долгови, но како и да е`, беа незаменливи, а К2 Лаптоп се далеку од домаќински сервис со разумни цени.
Добар сервис за лаптопи во Скопјево е сервисот на Аитоникс, односно поранешни ТДК Компјутери во Капиштец, а и цените не им се лоши, дури и пониски од цените на К2 Лаптоп кога станува збор за менување на одредени компоненти.
За волја на вистината, морам да потенцирам дека ТДК Компјутери/Аитоникс ми имаат завршено добра работа при поправање на лаптопи од Lenovo и од MSI, не знам дали и колку добро стојат со резервни делови за лаптопи од други производители.
За Dell секако дека ќе ги препорачам Макпетрол - овластен дистрибутер се на Dell за Македонија, или ИТД Дистрибуција во Визбегово - овие вториве исто така сервисираат производи и од Lenovo, како и од Apacer, Gygabyte, Cooler Master, Hewlett Packard и други брендови.