Ве молам да ми помогнете доколку можете, имам монитор Samsung Syncmaster T240 без ТВ-тјунер. Го купив пред 3 години во СЕТ со custom конфигурација и пред три-четири месеци почна чудно да се однесува. Го пуштав и ќе ми трепне сликата и станува црн. Пали го гаси го ќе стане се ОК. Ама почна се почесто и се подолго да му треба да се запали и едно време престана. Што забележав е дека сијаличката кажуваше дека е пуштен и ми текна да проверам со светилка вперена во дисплејот дали има слика. Си велам најверојатно позадинското осветлување прегорело.
Го однесов на сервис во СЕТ и ми рекоа дека не биле овластен сервисер ама ќе пробале. Ги немаше месец дена, не можеле неонки да најдат па пак им се гасел, пред да ми пуштат порака да си го земам, го направиле изгорено било се внатре, напојувањето го смениле.
Го земав од сервис, го наместив дома и не ми се пали пак истиот проблем. Им се јавив на телефон - донеси го друже кај нас, работеше кога го пробувавме. Им го однесов стварно работи, ама на VGA port, викам на DVI да го пробате - е немаме таков приклучок... нема врска си викам... купив DVI - HDMI кабел и така го поврзав и РАБОТЕШЕ - толку од моите маки.
По два дена истиот проблем. Пробав со различни кабли, напонски, за слика - ништо.
Се сомневам да не е повторно изгорен и ако е што го предизвикува тоа?
Дали графичката, дали продолжниот?
Имам моментално еден стар 15" екран се ОК си работи поврзан со исти кабли, а продолжниот има и заштита од струен удар.
Не знам дали цел PC со се монитор да им го однесам во сервис и дали воопшто вреди да се поправа мониторот.
--- надополнето: 4 март 2013 во 00:55 ---