Не знаев каде, па реков ајде овде ќе прашам.
Јас сум страствен играч на League of Legends, и досега ја играв на обичен компјутер без никаков проблем.
Но сега обичниот компјутер го дадов на сестра ми, а мене ми купија лаптоп, на посебна понуда од АМЦ бил, АСУС марка, еве му ја јачината:
6гб Рам знам дека има, 320ГБ меморија, интел и3 2.3 процесор, и графичка не знам, тие од АМЦ ми рекоа дека била интегрирана, ама не разбрав која, мислам дека е ИНТЕЛ3000.
Дали на овој лаптоп ќе имам проблеми со играње на ЛоЛ, и дали е лошо да се играат игри на лаптоп, затоа што сите ми велат дека лаптоп не бил за игри, и дека ќе загревал многу и брзо ќе се покварил поради играње игри и тоа загревање. Навистина ли е такаа?