Вака сега како што знаеш има повеќе AGP стандарди, AGPx1, AGPx2, AGPx4 и AGPx8. Сите се 32 битни, но AGPx1 работи на 66MHz и 3,3v; АGPx2 работи на 66х2=133Мhz и на 3,3v, AGPx4 работи на 266МHz и 1,5v и АGPx8 на 533MHz и 0,8v. E сега и графичката и AGP портот на матичната мораат да работат (сигнализираат) на иста волтажа. AGPx2 може да сигнализира на 3,3v и 1,5v, a AGPx4 на 1,5v и 0,8v затоа и AGPx4 картичка работи на сите портови, а AGPx8 само на AGPx4/x8 портови. Постојат и универзални портови кои иако на пример се х2 можат да сигнализираат на сите волтажи и автоматски на нив да работат сите картички, но на интернет за твојата плоча пишува дека само дека е AGPx2, а не ја пишува волтажата на која може да сигнализира портот. Исто така како што ти кажав портовите и физички се разликуваат па така ако типот ти дава гаранција земи ја и пробај дали ќе работи. А за оштетување на матичната не сум сигурен ама ќе ти кажам дека во упатсвото на мојата плоча пишува да се користат само 1,5 и 0,8 волтни картички иначе плочата ке се оштети. Провери во твоето упатсво од плочата дали пишува нешто за тоа. Иначе не дека fx5200 е некоја многу добра картичка, ама за оваа конфигуразија ништо не добиваш, боље земи си ја за 20е GF3 Ti-200 и уживај си.
Го симнав упатството од интернет за твојата плоча и пак не најдов ништо за АГП портот