Помош, проблеми, прашања, совети...

Cannon

Doctor
Член од
22 март 2009
Мислења
5.101
Поени од реакции
5.839
Ме интересира кој знае да ми каже дали може телевизор LG 42LMS640S да се направи да биде андроид (сакам да инсталирам мобдро апликацијата), колку е тоа изводливо, комлицирано исплатливо и сл ?
 
Член од
4 јули 2008
Мислења
6.134
Поени од реакции
1.896
Ме интересира кој знае да ми каже дали може телевизор LG 42LMS640S да се направи да биде андроид (сакам да инсталирам мобдро апликацијата), колку е тоа изводливо, комлицирано исплатливо и сл ?
Ти треба некој ваков уред:
http://www.anhoch.com/product/35399/android-smart-tv-hdmi-stick-gembird-dual-core-16ghz1gb4gb-ssdfull-hdwifia42
http://www.anhoch.com/product/39732/android-smart-ott-tv-box-mxq-pro-64bit-quad-s905x-20ghz1gb-ddr38gb2k4kwifiremotea601
 
Cannon

Doctor
Член од
22 март 2009
Мислења
5.101
Поени од реакции
5.839
Нема ли да има некој проблем тв ако го ставам ова (во смисол да не се зезне нешто оригиналниот софтвер на телевизорот?)

Sent from my SM-J510FN using Tapatalk
 
Член од
4 јули 2008
Мислења
6.134
Поени од реакции
1.896
Нема ли да има некој проблем тв ако го ставам ова (во смисол да не се зезне нешто оригиналниот софтвер на телевизорот?)

Sent from my SM-J510FN using Tapatalk
Уредите ти се всушност мини компјутери ( не ми текнува подобар израз моментално ) со инсталиран Android софтвер. Се приклучуваат во HDMI портот на телевизорот и се контролираат со безжични тастатура и глувче. Во никој случај не доаѓаат во конфликт со софтверот на телевизорот и може да се користат на било каков уред со HDMI порт ( телевизор, монитор... ).
 
Cannon

Doctor
Член од
22 март 2009
Мислења
5.101
Поени од реакции
5.839
Уредите ти се всушност мини компјутери ( не ми текнува подобар израз моментално ) со инсталиран Android софтвер. Се приклучуваат во HDMI портот на телевизорот и се контролираат со безжични тастатура и глувче. Во никој случај не доаѓаат во конфликт со софтверот на телевизорот и може да се користат на било каков уред со HDMI порт ( телевизор, монитор... ).
a кој би ми го препорачал ти, затоа што разликата во цените не е голема 100-200 ден
на што да обрнам внимание при купување?
и уште еден најдов на страната на анхоч http://www.anhoch.com/product/41007/android-smart-ott-tv-box-mxq-4k-quad-core-15ghz1gb-ddr38gb2k4kwifiremotea51

Кој би бил подобар од овие три, или пак би ми препорачал некој друг???
Фала ти на помошта другарв:)
 
Член од
4 јули 2008
Мислења
6.134
Поени од реакции
1.896
a кој би ми го препорачал ти, затоа што разликата во цените не е голема 100-200 ден
на што да обрнам внимание при купување?
и уште еден најдов на страната на анхоч http://www.anhoch.com/product/41007/android-smart-ott-tv-box-mxq-4k-quad-core-15ghz1gb-ddr38gb2k4kwifiremotea51

Кој би бил подобар од овие три, или пак би ми препорачал некој друг???
Фала ти на помошта другарв:)
Тој го нема на лагер. Би ти го препорачал TV Box-от поради тоа што е поголем и има повеќе влезови ( 4xUSB, LAN ), а исто така е и понов модел со понова верзија на Android. Може да разгледаш и други слични уреди по продавниците ( АМЦ, Сетек, Нептун... ).
 
Член од
10 февруари 2011
Мислења
894
Поени од реакции
398
PC Конфигурација до 35-40К ?? За гејминг ми е , би ги играл ФИФА , ПЕС , battlefield 1 . Некоја од овие (фифа, баттлефиелд 1 би ја пробал и онлине). Исто така и би земал Монитор до 6к. Значи се на се би фрлил до 45К најмногу за двете.
 
ob1

Член од
7 март 2010
Мислења
8.842
Поени од реакции
24.275
Имам маус Razer Naga Hex си го купив од Америка 2013та година некаде. Од нигде никаде престана да работи, ми се расипа, поконкретно копчињата за кликање му работат, само движењето на маусот не работи. Мала помош што би можело да биде, или па ако знаете сервис каде што би можел да го однесам да ми го направат? Не сакам да верувам дека скроз е расипан маусот и дека не може веќе да се поправи.
 
Член од
19 март 2007
Мислења
6.574
Поени од реакции
163
Здраво дечки.

Моментално имам едно десктоп компјутерче и сакам да му сменам графичка. Подоле се деталите на компјутерот.

CPU
Intel Core i3 6100 @ 3.70GHz
Skylake 14nm Technology
RAM
8.00GB
Motherboard
ASUSTeK COMPUTER INC. H110M-R (LGA1151)
Graphics
2280W (1920x1080@60Hz)
2047MB NVIDIA GeForce GT 730 (ASUStek Computer Inc)

Графичката што сакам да ја користам е GeForce GTX 1050 G1 Gaming 2GB GDDR5.

Па ме интересира дали смената е изводлива со моменталните делови односно дали графичката е компатибилна со матичнава пред се, и дали би имало некакви проблеми со напојувањето?

Фала и поздрав.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.506
Поени од реакции
11.570

За нова графичка картица кај било кој компјутер важна е само матичната плоча.

Секој компјутер купен од 2005/2006 година па наваму, доаѓа со матична плоча со PCI Express приклучок за графичка картица.

Иако PCI Express стандардот постојано напредува и еволуира со нови верзии кај најновите матични плочи, сепак и најновите графички картици одлично работат кај било која матична плоча со PCI Express приклучок.

Твојата матична плоча доаѓа со Intel H110 чипсет - кои излегоа во продажба во 2015 година, што ја прави една од поновите матични плочи на денешницата, и секако дека доаѓа со PCI Express приклучок, и секако дека одлично ќе работи со графичка картица GeForce GTX 1050. Единствено ќе треба откако ќе ја наместиш графичката картица да инсталираш нови драјвери за истата да функционира исправно.
 
Член од
19 март 2007
Мислења
6.574
Поени од реакции
163
Фала ти на одговорот Декстер.

А со напојувањето може да има некоја фрка? Не сум сигурен што напојување имам ама моменталнава графичка си ја тера без проблем. И глеам некое џекче со 6 пинови има графичкава, ќе може ли да тера ако тоа не е приклучено, или тоа џекче е за нешто сасвим друго?

Фала однапред. Поздрав
 
Тој 6 пински приклучок е за струја за графичката картица, а и новата графичка картица која планираш да ја купиш доаѓа со таков приклучок.

За напојувањето ќе треба да провериш дали е од некој докажан бренд - Cooler Master, DeepCool, Spire, Thermaltake или сличен бренд, бидејќи ако е Delux или некој друг евтин фалсификат бренд, прашање на време е кога ќе ти ја изгори матичната плоча.

За конфигурација како твојата - со нова графичка картица каква што сакаш да ставиш, напојување од 400 вати би требало да заврши работа, иако и напојување од 300 или 350 вати е во ред, но сепак јас лично би одел со напојување од 400 вати.

Вакво напојување би требало одлично да ти заврши работа.

http://www.anhoch.com/product/39715/psu-480w-gigabyte-hercules-pro-480-silent-12cm-fan-real-power-black
 
Последно уредено:
Член од
25 јули 2016
Мислења
1.084
Поени од реакции
950
GTX 1050 ќе тера и без 6 пински конектор. тоа е за ако планираш да оверклокуваш или ако ти е ептен тапа матичната па не дава доволно струја.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.506
Поени од реакции
11.570
GTX 1050 ќе тера и без 6 пински конектор. тоа е за ако планираш да оверклокуваш или ако ти е ептен тапа матичната па не дава доволно струја.
Во упатството за графичката картица пишува дека нема да дава слика ако не е поврзана со 6 пинскиот приклучок.

Најдобро е да не ризикува и да ја поврзи графичката картица со напојувањето преку 6 пинскиот приклучок.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom