Помош, проблеми, прашања, совети...

Член од
25 февруари 2009
Мислења
1.565
Поени од реакции
417
Здраво. Не знам дали на правилно место го поставувам прашањето, ако е на погрешно преместете.
Сакам да прсшам на кој начин можам симнат филм на пц да го гледам на ТВ.
1. Да го префрлиш на усб (зависи кој формат и дали тв чита таков формат од усб)
2. DLNA Sharing ако ТВ има таква опција (ако е од последниве 5 години). Инсталираш PS3/Plex или друг медиа сервер на PC, подесуваш кои папки со филмови да ги гледа/чита, после на ТВ го препознава во Inputs (влезни уреди) кај LG/Samsung телевизори. Преводи симнуваш од www.titlovi.com, го ставаш во истата папка со филмот и го преименуваш фајлот комплет како фајлот на филмот (пример филмот е Logan.2017.1080p.WEB-DL.DD5.1.H264-FGT и праиш копи-пејст на тоа врз преводот)
3. Или ако имаш Win8/10, десен клик врз филмот и Cast to.... модел на TV. (исто и ова ако ТВ поддржува таква опција и ти се врзани на ист рутер со компјутерот). Вака на работат преводи.
4. Го поврзуваш PC со ТВ со HDMI кабел и телевизорот уствари ти е монитор.

Другчије ако ми текне ќе допишам утре.
 
McLovin

Politically Incorrect
Член од
11 август 2016
Мислења
2.773
Поени од реакции
10.526
Сум пробал со УСБ ама мн. загрева, мислам да не изгори..
Со кабел е далеку од другата соба.
 
Член од
29 октомври 2014
Мислења
12
Поени од реакции
0
Здраво,

Имам лап топ компјутер ASUS 551vw I7 2016 од кој излегува многу чуден мирис , не мириса на изгорено туку како на кисело и тоа најмногу мириса од страната кај кулерот. Не загева многу температурата му е нормална. Според вас што може да е проблемот , прилично е нов компјутерот.
Се надевам на помош
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.503
Поени од реакции
11.570

Е па ако е прилично нов лаптопот однеси го на сервис, за тоа постои гаранцијата.

Според ова што го велиш, можно е термалната паста на процесорот да е со слаб квалитет или во многу мала количина, поради што постои ризик да ти изгори процесорот - не го сфаќај ова сериозно, секој компјутер се исклучува автоматски при прегревање, така да нема да ти изгори процесорот, но можеш да имаш проблеми во иднина.

Однеси го лаптопот на сервис и таму нека откријат во што е проблемот и нека го решат, за тоа постои гаранцијата.
 
Член од
25 јули 2016
Мислења
1.084
Поени од реакции
950
Здраво,

Имам лап топ компјутер ASUS 551vw I7 2016 од кој излегува многу чуден мирис , не мириса на изгорено туку како на кисело и тоа најмногу мириса од страната кај кулерот. Не загева многу температурата му е нормална. Според вас што може да е проблемот , прилично е нов компјутерот.
Се надевам на помош
ако е под гаранција, носи го нека го чистат, нека му сменат паста. нема што многу да мислиш, да се замараш. штом е под гаранциај не треба ти ништо да чепкаш.
 
Член од
29 октомври 2014
Мислења
12
Поени од реакции
0
Еднаш го имам избрисашо со влажна марамица од одозгора на тастатурата , можеби и од тоа да е ??
Интересно е што гранцијата му е помината , ќе треба да најдам некого што се разбира во ова :(. Уште ова да ве прашам . Пред два месеци ми се беше скршил држачот за мониторот т.е веднаш под звучникот , и го дадов на еден дечко да ми го направи . Тој го направи, ама тоа мало делче го залепил со секундарен лепак и сода бикарбона:eek:.Случајно од тоа да не мириса, ама пак не на таа страна кај кулерот.

Мора вака да објаснам, пошто сум женско и не ги баш разбирам работите.
 
За да биде истечена гаранцијата треба да поминале 2 години, а тоа веќе не е баш прилично нов компјутер.

Лап топ никогаш не се дава на некој дечко за да го направи, туку се носи во сервис за компјутери, по можност сервис кој специјализира со одреден бренд. Исклучок е само ако го оставаш лаптопот кај некој кого лично го познаваш или за кого имаш препораки дека си ја знае работата и дека одлично ја извршува. Можно е миризбата да доаѓа од секундарниот лепак, но тој веднаш се суши, а за сода бикарбона, Бог знае за што му била потребна.

За производи од Lenovo препорачливо е производот да се однесе на сервис во ТДК Компјутери кои се нивни увозници, за Dell овластени дистрибутери и сервисери се Макпетрол, за ASUS препорачливо е производот да се однесе во Сет Компјутери - но нивниот сервис има неубава репутација на долги влечкања, понекогаш и повеќе од месец дена додека да завршат со поправката, а за HP (Hewlett-Packard) треба да прашаш во Промедиа, односно HP Store.

Секако, тука се и професионалните сервиси за електроника како Видео Дата кои се во Драчево, но имаат свои канцеларии и наспроти Зоолошка градина и во Ново Лисиче на улица Февруарски Поход, како и Логинг Електроникс, кои се на прв кат во трговски центар Беверли Хилс.

Продавницата на Макпетрол исто така е на прв кат во трговски центар Беверли Хилс, веднаш спроти Логинг Електроникс, сигурно таму можат да ти кажат каде е нивниот сервис за производи од Dell, или можеби ќе можеш таму да го оставиш, па тие да го однесат на сервис.

Продавницата на Промедиа, односно HP Store, е на булевар Митрополит Теодосиј Гологанов кај студентскиот дом Кузман Јосифовски - Питу.

Сервисот на ТДК Компјутери е на приземјето од високата зграда наспроти трговски центар Беверли Хилс, а Сет Компјутери и нивниот сервис се на улица Рузвелтова.

Кога сме кај сервисите кои не ги бива за поправка, можам да ги издвојам К2 Лаптоп кои се, или беа - не сум поминал таму со години - во Аеродром каде што застануваат автобусите на булевар Јане Сандански кај Зегин/Стопанска Банка, производите кои им ги имам носено на поправка се имаат расипувано кратко време после поправките, за кои не наплаќаат баш малку.

Како и да е, во иднина кога ќе имаш посериозен дефект, златно правило ако ти кажат во еден сервис дека производот не може да се поправи, односно дека му нема спас - задолжително однеси го производот во друг сервис за таму да го проверат, и на мене ми се има случено во Видео Дата да ми кажат дека му нема спас на монитор кој се расипа, за потоа да го поправи човек кој работи по дома, но тој човек не е некој дечко, туку ми го препорачаа луѓе на кои им ги поправал телевизорите и еве, веќе втора година по ред после поправката, мониторот работи одлично и без никакви проблеми.
 
Последно уредено:
Член од
29 октомври 2014
Мислења
12
Поени од реакции
0
Според тебе дали ако во скоро време не го однесам на сервис (пошто не сум од Скопје) може нешто во меѓувреме да се оштети .
Фала многу за инфо, комјутерот лани го купив , но во Сетек тој модел имаше 1 година гаранција .
 
Последно уредено:
Член од
25 јули 2016
Мислења
1.084
Поени од реакции
950
една година гаранција е премалку, ама сите сакаат да избегаат од одговорност.

тоа што мириса може кај кулерот да влегла некоја течност, некоја крема, бубачка или било што и сега од топлината мириса. најдобро да се исчисти лаптопот, а и штом се отвори да се промени термална паста.
во некој сервис или тој дечкото ако е слободен. :)
 
Член од
29 декември 2011
Мислења
2.988
Поени од реакции
2.438
За производи од Lenovo препорачливо е производот да се однесе на сервис во ТДК Компјутери кои се нивни увозници, за Dell овластени дистрибутери и сервисери се Макпетрол, за ASUS препорачливо е производот да се однесе во Сет Компјутери - но нивниот сервис има неубава репутација на долги влечкања, понекогаш и повеќе од месец дена додека да завршат со поправката, а за HP (Hewlett-Packard) треба да прашаш во Промедиа, односно HP Store.
Да те надополнам, и малку корегирам.

Lenovo - Инет
Dell - ITD, Makpetrol
Acer - TDK
MSI - TDK
HP - Neocom
Apple - iStyle
 
Член од
25 јули 2016
Мислења
1.084
Поени од реакции
950

Kajgana Shop

На врв Bottom