Готово пратката е пратена .
имаш 6 кила Becherovka, 3 kila Absinthe, и пола кило трева , сетотоа чешко произвотство
E сега имам уште едно питање како до тебе така и то сите членови , дали некој до сега имал или планира или како и да е да направи изложба на негови фотки , и како оди сета таа процедура и така натак , оти не сега одма јас да планирам изложба али планирам да се посветам онака добро на фотографијата па да знам отприлика работите за ко че се вратам во МКД . а така ајде чао
Ja имам учествувано на групни изложби и овде и во сранство, а имам и моја изложба која гостуваше и овде и во сранство и се уште се “движи“ низ регионот
За групна изложба мојш да учествуваш на разноразни конкурски овде или надвор а кои можеш да ги најдеш на страните на фотосојуз на македонија, фото кино клубовите овде или надвор. Пушташ свои фотки на дадена тема таму жирито ги оценува, одбира, наградува или отфрла. Тие изложби се ценат пошто имаат покровителства на домашни или меѓународни фото сојузи и здруѓениа (ФСМ, ИАП, ФСП...) и примена или наградена фотка - носи поени кои после ти даваат и титули како фотограф, изложбите си имаат свои каталози во кои ќе се најде и твое име
Можеш и да се здружиш со некои колеги фотографи и да си отпечатоите своја изложба на одредена или слободна тема, фотките можете да ги залепите на картон (најефтина варијанта) па се до урамување со рамки и антирефлексни стакла (најскапа варијанта) па да ја нудите по разни галерии, музеи, здруженија... Овие изложби тешко носат поени и тро потешко поминуваат кај публика
Можеш и сам да си испечатиш изложба во некој формат (препорачливо е од 30х40 см па нагоре да се димензиите) па сам да ја нудиш за излагање.
Мои фотографии до сега групно беа по разни изложби во Куманово, Битола, Охрид, Скопје, Париз, Инстамбул, Љубљана, Пазин и некои градови низ Русија, Чешка, Полска, Србија, Бугарија, Босна (мислам и Белорусија и Словачка дека имаше)
Самостојно имав изложба во Подгорица, Русе, Стара загора, Благоевград, Битола, Куманово, Крива паланка а наскоро можно е уште во 2-3 града во Македонија и толку доста е пошто секое излагање по малце се оштетуваат сликите а и голем успех е една изложба да има десетина гостувања
Самостојната, освен во Подгорица сегде сам си организирав изложби и то доста успшешно, ја имаа отварано членови на амбасади, беше во склоп на научни конференции, културни настани.... таа си доби и покровителство од уметничкиот совет на Фото сојуз на Македонија (исто многу значајна работа и тешка за достигнување и тоа сам го истуркав со дописи и аплицирање во фото сојузот)
Ти почни си пополека, не се брзај, изгради си полека стил, име, види што најмногу ти лежи за фотографирање направи поголема колекција на некоја или некои теми, одбери најдобри, обавезно советувај се со поискусни фотографи со титули, зачлени се во некој фото клуб (полесно се пробиваш така) учествувај на конкурси собирај поени за примени фотки.....