Филмот го имам гледано пред некои 20-тина години, мажот полицаец-инспектор се развел од жената поради нејзината опседнатост и халуцинации по изгубено бебе при породување, жената цело време има халуцинации, слуша детски плач, гледа некои сцени на кои не е присутна, особено е доминантна сцена каде мафијашки типови(меѓу кои има и од полицијата), фрлаат од мост на плажа човечки труп во водата. Таа некако го убедува ех сопругот-полицаец (со кој иако разведени сеуште се во коректни односи) да го пребараат местото кое таа го посочува...на крај се испостави дека детето не и починало и дека таа сите сцени кои ги гледаше ги гледала всушност преку тоа што го гледало детето кое во меѓувреме израснало во некоја фамилија...